кој (зам.) - навлезе (гл.)

Тој ќе ги издвои следните најраспространети заемки: ќересте, градежен материјал (од персиски kereste); зајре, се употребува за означување градежен материјал, но и за храна, јадење, прехранбени артикли (од арапски zahire); тула, тугла, печена, фабричка цигла (преку грчки, односно латински tula); ќерпич, непечена, туку сушена цигла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше посебно импресиониран од бројот на турските заемки од областа на градежните материјали кои навлегле во балканските јазици од кои некои се употребуваат и денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Безуспешно војувал против Босна поради Хум, против Унгарците кои навлегле во Србија и против Османлиите како сојузници на Византија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во исто време навлегувањето на крстоносците го искористил и рашкиот жупан Немања кој навлегол во Македонија и ги освоил македонските средновековни градови: Градец во Горни Полог, Лешок во Долни Полог и Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)