Бездомник кој мечтае по топол дом или домаќин кој не мрда од дома.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Постојано ме гледаа во идеалниот лик во „мојата ќерка“ по која мечтаеја, кога одеднаш, таа, како дрогирана, замачкува некои платна или со денови избива од дома во најсомнителни друштва на дегенерици.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го переше, го пеглаше и Богдан се чувствуваше среќен во ваква домашна атмосфера која со години ја немаше почувствувано и за која мечтаеше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Навалува глава врз кундакот и, нишајќи се, полека затвора очи и во неа се раѓа желба не да дремне, ами да заспие со вечен сон, да се изнаспие не само за оваа ноќ, ами за сите ноќи поминати во долгите војнички маршеви под снег и дожд, во магла и во жега и во долгите бдеења на исчекување да почне бојот и за сите долги неспиени ноќи по бојовите; да се изнаспие и за себе и за сите кои мечтаат да спијат, заборавајќи го лебот и не мислејќи на вода...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)