кој (зам.) - има (гл.)

— Каде можат да бидат на друго место ако не во Мариово? — го изнесе своето мислење Џавид кој имаше долго искуство во бркањето на арнаутските качаци по Албанија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исто така е под влијание на своите веќе направени дизајни, како на пр. „прогресивниот“ Nitrogen, целиот базиран врз фонтот што Ben Shahn го дизајнирал за книгата Once Thrice Dice, која имаше нескриен кинетички карактер; малопродажниот фонт Reiner Script, базиран врз фонтот на Imre Reiner од 1951 г. е комбинација на примитивен дрворез и виорна калиграфија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Некои од оние кои имале куќи, имале тоалети во дворовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој очигледно е од оние луѓе кои имаат смисла да ја проценат својата повластена позиција и, за да ја задржат, не престануваат да се жалат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека имаше синдикат, Костадиновска членуваше во него, но никогаш не беше вклучена во синдикалните активности.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се фалевме: кој подалеку фрлил камен, кој има побрз коњ, чија крава прва се отелила, чие теленце е поубаво, кој може најдалеку да скокне, чиј петел најрано пее и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имено, со изговор дека наводно, заедно со останатите работници на смена, сакајќи да прибават противправна имотна корист од 5.250 МКД, при утовар на поголема количина сепариран влажен песок од декларираната, го оштетиле претпријатието2  – им е врачена одлука за престанок на работен однос поради кршење на дисциплината, донесена од страна на директорот, а без никаква внатрешна дисциплинска постапка и без никакво предупредување пред исклучување или, пак, било каков друг вид на опомена или санкција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2. Колективни договори а) се прецизираа страните-учесници во склучувањето на колективниот договор, во случај кога е поднесено барање за утврдување 44 на репрезентативност, а не се исполнети условите за репрезентативност, се до нејзиното утврдување, колективен договор склучуваат работодавачот или здружението на работодавачи и синдикатот кој има најголем број членови, врз основа на списокот доставен со барањето за утврдување на репрезентативност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Самите работници беа застрашени дури и од помислата да ги бараат своите права пред суд!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој стана од масата и неколку минути вознемирено чекореше горе-долу во малиот простор, меѓу врати и прозорецот на кој имаше мрежа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Татко ѝ приоѓаше со отворени очи, во кои имаше матна неподвижност и мртвило.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бев задоцнил. Имаше двајца луѓе на подиумот што седеа и разговараа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но тој не знаеше дека додека младите газеа лепешки, бабите, во пондилите, топлеа полни котли вода, во која имаа ставено и боливач и босилек, за приквечер, кога снаите и чупите ќе ги изналепеа лепешките, да се измијат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Интуитивно насетуваме дека математиката мора да ги има замешано прстите таму, и, навистина, во овој век беше откриен математички еквивалент на овие јамки, еквивалент кој имаше огромни реперкусии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оние зборови на тој таму од темницата во кој имаше болка од средбата со Македонијата и жал за оставената плодна земја, за швапските куќи, за дебелите свињи кои во ова време се претвораат во леано месо и колбаси што потоа се залеваат, се сврнгисуваат со топена сланина, буричкаат во сите незаспани и го падат сонот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Странските организации можат да дејствуваат во РМ преку подружница, канцеларија или друг организационен облик на странските организации кои имаат седиште на територијата на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така враќањето од Лесново им почнало со нов гроб: ќе го закопаат, кој има солзи ќе поплаче, ќе ги наредат двоколките и ќе појдат со темни грижи на челата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И еве по многу години, кога ја снема нашата куќа крај реката, кога таму се пресели едно друго време, на бетон и врева, често во тивките ноќи на истиот простор, кајшто останал само дел од тврдината Кале на другиот брег од реката, само во небото го откривам непроменет некогашниот поредок на ѕвездите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Значи, реалното движење на интерфејсот предизвикува вистинска сликовна приказна, да речеме, скоро филм во виртуел­ ниот простор, а со тоа го демонстрира начелото на виртуелната реалност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ракија, од пагури, мажите пиеја и пред и по вечера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првобитната едноминутна демолента на таа нумера може да се слушне на луксузното реиздание на Гу од 2005 година.400 Природата на врската меѓу оралниот секс и кинематографското алтерего на Џоан Крафорд можеби не е видлива веднаш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тешко ќе може да се најде замена за тие зборови кои имаат свој век и своја судбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако го цените својот приватен живот не дозволувајте си го себеси тој луксуз да бидете ранети, бидејќи тогаш, многу брзо, сиот ваш приватен живот ќе се претвори во јавно ВЦ. (...) Кога ми беше доволно добро, почнав да ги читам сите весници и списанија во кои имаше статии за случката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
236 Во текот на припремите за операцијата Хелиум поради недостаток од оружје и воена опрема, а како резултат на големиот прилив на нови борци, било одлучено од страна на мисијата Spike “сите пратки од оружје и муниција за Македонија ќе одат за Brasenose кој има три илјади невооружени повторувам невооружени луѓе.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Уште неколкупати притисна надолу, дури како што видов, не го имаше растурено падобранот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По барање на работникот не го објавуваме името на тужената Агенција за обезбедување. 2.  Оваа дејност од јавен интерес кај нас е регулирана со ЗОЛИ (1999).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од дамнини се рекло: кој има удобни чевли, ќе си направи куќа од ѕвезди.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Паркот беше послан со мека трева, испресечен со патеки, покрај кои имаше клупи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
2 Тој имаше девет месеци работен стаж во таа институција пред да го покрене конкретниот спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Синдикатите кои имаат членови вработени кај одреден работодавач можат да именуваат или изберат еден или повеќе синдикални претставници кои ќе ги застапуваат кај тој работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- На онаа во која има најмногу наши? - Аха! - потврди Нумо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во стара Чешка приказна, се зборува за љубомората на ѓаволот кон Бог кој имал овци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пред заминување, кога двајцата веќе беа простум, Деница покажа на книгата што стоеше најгоре, во платнената торба, во која имаше неколку тетра сокови, парче кашкавал, маслинки и овошје, подвлекувајќи го насловот со бавно лизгање на показалецот по изветвената корица.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога гризеше и џвакаше, ги виеше усните над кои имаше тенок слој влакненца, ги превиткуваше и ги облизнуваше со мазниот јазик насипан со трошки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Комуникациони стилови и типови во бизнисот Каков си бе ти тип?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Воведена е и норма која предвидува задолжително полагање испит, на крајот на приправничкиот стаж, кој има третман на составен дел на стажот и се полага пред неговото истекување (чл. 50, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Французите се меѓу ретките луѓе во светот кои имаат култ кон с.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Иако “египетскиот Мојсеј никогаш не бил во Кадис ниту пак го слушнал името Јахве, а мадијамскиот Мојсеј никогаш не бил во Египет ниту пак знаел нешто за Атон”, тие останале запомнети како еден човек, затоа што “Мојсеевата религија ја познаваме во нејзиниот конечен облик, во каков што, да речеме осумстотини години по Ишодот, ја фиксирало еврејското свештенство”, а во тоа време двата Мојсеја веќе биле соединети во еден единствен лик, и Атон и Јахве во еден единствен Бог, во самиот себе различен онака како што се различни денот и ноќта, токму затоа што се два бога во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повлече длабоко од цигарата во која имаше ставено од своите тревки, седна полека и се загуби.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Реков дека војската нема никаква врска со патриотизмот; се повикав на Ајнштајн, кој има речено дека човек кој може да маршира на воена музика, во строј, очигледно добил голем мозок по грешка, и дека за тоа му е сосема доволен малиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, другите родови кодови се посуптилни и понедофатливи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ах, проклет Наќо... - се возбуди и калуѓерот и почнаа обајцата да трчаат кон Наќо кој веќе влезе во просторијата која имаше излез и кон другиот двор накај шталите, но вратата беше заклучена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бидејќи сите нивни дела биле докажани и било потврдено дека сите четворица биле членови на „револуционерниот комитет“, кој имал за цел „да убива луѓе и да го урива градот“, именуваните едногласно биле прогласени за виновни за цитираните дела.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На една од паузите појдов на нивната маса да се напијам нешто (може ракија?) па тогаш ги продаваа ливчињата со броеви зад кои имаше секакви награди, ама главната премија беше три метра штоф за костум.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со АСНОМ, Народноослободителната војска на Македонија стана регуларна македонска војска со свој Главен штаб под контрола на македонската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во таквите дејности спаѓаат историското конзерваторство, старинарството, реставрацијата на архитектурата, внатрешното уредување, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, парите кои беа предвидени да бидат наменети за ублажување на нега- тивните последици од отпуштањето на толкав број работници во овој некогашен индустриски град – никогаш не стигнаа до нив!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој ги знае напамет телефонските броеви на кои одговараат луѓето, кои имаат булдожери, талпи, валјаци, дробилки, камиони, и работат со нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во публиката се сместуваа видни луѓе од државата, но и важни луѓе од светот на текстилната индустрија која имаше неколку децениска традиција во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во однос на санитарниот кордон, Салвемини сметал дека тој е насочен против Русија и дека треба да се напушти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Лиценца за вршење работа на стечаен управник може да добие физичко лице – трговец поединец, ако ги исполнува следниве услови: 1) да располага со потребна стручност и деловно искуство; 2) да има висока стручна подготовка и најмалку пет години работно искуство од областа на трговската дејност; 3) да положил испит за овластен стечаен управник со кој стекнува уверение за овластен стечаен управник; 4) да не е осудуван за кривични дела што го прават неподобен за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Игор Мишевски, на 31.III.2011, во Битола. Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Битола е: РО.бр. 200/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Слушај сега, му вели на Соколета, - „И застанав на песокот морски и видов ѕверка кај излегува од морето, која имаше седум глави, и рогови десет, и на роговите нејзини десет круни, а на главите нејзини имиња хулни...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Макар што не е баш јасно дали очајниците се на морската шир или во некој од романите за почетокот на дваесет и првиот век, Габриел Гарсија Маркес, кога би бил во дворот на куќата во Картагена секако ќе им викнеше дека кој има многу ѕвезди и губи многу ѕвезди, Гбриел Гарсија Маркес, малку омлитавен и многу задишан, бездруго ќе си спомнеше и на неговите тажни курви, ќе го отклучеше чекмеџето и со други сеќавања, задолжително ќе излупеше една банана од плантажите кај Аракатака, ех, од Аракатака, вака така до врвот на сопствената мака - нема белки овој свет да стане мал крематориум на големи соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Оние кои од поодамна се овде, дотрчуваат и ги разделуваат степаните ако дојде до тепачка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во запис од Македонија се говори за скачки кои имале по четири рала крилја па врз ено крилце на латински и елински пишувало: ништо не е лага туку вистина е...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
4. Исплата на надоместоци од плата ЗИПДНД во 1992 година вклучи одредби со кои се регулираше висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на заедничка потрошувачка и висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на материјални расходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Томаица се облече целата во бело, со еден бежов жакет одозгора, на кој имаше закачено брош со охридски бисер, бежови ракавици, мала чантичка и чевлички на малку повисока потпетица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Камилски во толкувањето на оваа заемка од турскиот јазик (на турски filnfilan), се послужи со толкувањето на францускиот славист Андре Мазон, според кого непроменливата придавка filan (filan), извесен, извесна е вистинска граматичка заемка од турски (filan), која има двојна употреба во однос на значењето со зборот etokoj.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иста е работата и со оние кои имаат манија често да се лутат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некој заработува добро, постои и некој кој има вистински усет за инвестирање и тогаш тој го советува својот инвеститор што да купи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татко со восхит го слушаше својот вујко Али Фети, човекот кој имаше кариера на воен заповедник, дипломат (воен пратеник во Париз и амбасадор во Софија, каде што на служба како воен пратеник беше и Мустафа Кемал, во десеттите години на XX век), министер за внатрешни работи на Османската Империја, но и министер за внатрешни работи на нова Турција, (подоцна и премиер откако во 1923 година ќе биде прогласена за Република Турција).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Она што го дефинира машкиот геј-субјективитет е неговото обратување на сексуалните улоги, неговото меѓуобродување, неговата превртена, трансродова психологија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од посетата на една ваква установа, која има високо реноме со своите научни постигања во областа на астрофизиката, се очекува многу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Текот на многу таткови мисли, можеше верно да се открива врз страниците на неговите отворени книги врз кои имаше истресено најмногу пепел – најмногу врз светите книги, нападната и разлеана врз редовите за време на неговите занесни читања кога забораваше да ја истресе во пепелникот што Мајка постојано го ставаше пред него.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Значаен пример за таков тип уметничко дело е и компјутерската интерактивна инсталација на австралискиот (а работи во Германија и Холандија) уметник, Jeffrey Shaw: Виртуелен музеј.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На сликата се гледа зградата на Кучешкиот пансион, слична на хотел, пред која е застанат Богдан; за ремник држи куче; крај него е неговиот другар Којо Пипиле кој му помогна да се вработи во Пансионот по доаѓањето од Чехословачка; и тој држи куче за ремник; над влезната врата, зад нив, е фирмата „Кучешки пансион” на која има нацртано глава од куче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имав среќа да видам и еден документарен филм од Првата светска војна во кој имаше инсерти и за некогашно Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На сцената се прикажуваше училиштен совет кој имаше да решава важни селски прашања.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зашто во геј-женственоста, иако таа нужно упатува на жени, не се работи нужно за жените, како што и видовме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Студен човек кој има само презир за неговиот мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се надеваме дека оваа јуристичка анализа изразена преку критичкиот осврт на трудово-правната легислатива на Република Македонија ќе претставува релевантна референца не само за работниците, кон кои е главно наменета, како подобро и поподробно би се запознале со своите права, туку и на синдикатите, катедрите по трудово право на универзитетите, невладините актери, пошироката јавност и сите оние кои имаат интерес за оваа проблематика.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
2. Во серијата репресивни мерки, кои имаат тенденција да го обесхрабрат штрајкувањето, се и следниве: 55 а) наместо одредбата која предвидуваше дека штрајкувачкиот одбор е должен штрајкот да го најави најдоцна пет дена пред денот определен за негов почеток (чл. 3, ЗШ/91), сега се воведе една одолговлекувачка обврска која предвидува дека штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување, согласно со овој закон и „акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот“ (чл. 236, ЗРО/05); 38 б) работодавачот, односно здружението на работодавачите, може да бара од надлежниот суд овој да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на Законот, како и да бара надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО/05); в) воведени се посебни правила за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк:
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во вториот дел пишува за животот до објавувањето на Сто години самотија, а во третиот за пријателствата со некои од најпознатите светски водачи, како Кастро или поранешниот американски претседател Бил Клинтон, за кој има напишано многу интересен новинарски профил за скандалот со Моника Левински.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Соочен во моите дипломатски години со палестинското прашање, во еден значен период од неговото постоење, кога се одвиваа крвавите чекори на судирот, кога се најдов во Тунис, непосредно по бомбардирањето на позициите на Арафат, потпирајќи се врз инструкциите кои ги добивав од Централата во Белград, како застапник на земјата при ПЛО, подоцна и како амбасадор во државата Палестина, по прогласот на Арафат во 1988 година, напишан од Махмуд Дарвиш, размислувајќи и чувствувајќи ја драмата во Картагина, јас често барав одговори во татковата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, во која имаше едно незавршено поглавје - за историјата-лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Анот имаше многубројни четвртести камени стролбови, а доби двор со шадрван, и покрај магазите и работилниците во приземјето кое беше наменето и за стоката, на катот доби соби за спиење во кои имаше и огништа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Претходно, сите странци кои имаа дозвола за привремен престој имаа право да засноваат работен однос, под услов да добијат одобрение за засновање на работен однос (чл. 2, ЗУЗРОСД).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По ова, 134 заедно со други тројца негови колеги од Скопје, се договараат да покренат судска постапка против МЦ како работодавач, со цел поништување на овие апсурдни и противзаконити одлуки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И веднаш те плени помислата за историјата во чудесната екстаза: зарем таа не постои да го вознемирува човека!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Погледи на разделба (Parting Glances) за тогашниот геј-живот во Њујорк – еден од оние нискобуџетни, независни квир-филмови кои на новинарите од ТОНИ веројатно би им биле „невпечатливи“, а за кои јас, ете, имам високо мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во истиот број била пренесена и информацијата за демонстрациите што биле изведени од „Македонците кои имаат врска со Бугарија“ и кои се надевале дека „нивниот дел од Југославија (се мисли на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија, б. м.) ќе ѝ биде даден на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ќе споменеме еден закон на Ом кој има и естетски импликации, имено, тнр.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но Божило им даваше слики од војници што ги сликал кога доаѓале на отсуство во текот на многу години и од кои имаше повеќе примероци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
АНТИЦА: (влегува со послужавникот на кој има тањирче со слатко, лажиче и чаша со вода).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А тие што имале искуства со пријавите во полиција или во институциите на системиштево што функционира исто како да не постои можат да ви раскажат колку е поголема фрактурата на ребрата која не е видлива и поради која само не можеш да дишеш, тие, одговорните за заштита од насилство во врски, кои имаат положено и посебен испит за одржување на семејството по секоја цена, толку поспремно ќе те дочекаат со зборовите: „Ајде невесто, оди си дома, не си ти ни прва, ни последна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Медијатори можат да бидат адвокати, дипломирани правници или лица од друга професија, во зависност од видот на спорот, кои завршиле обука за медијатори и ги исполнуваат условите од овој закон (чл. 10, ст.2 од ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да го докажеме тоа, да ги подвргнеме Фактите пред судот на генерациите што доаѓаат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За таа цел ти праќаме песнарка во која има и многу песни од репертоарот на славната Црвена армија“.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој добро знаеше дека покрај научените јазици на Балканот, како штитови со кои и мајка со нивното знаење го одбрануваа семејството во времиња на војни и дека најтежок да се совлада беше јазикот на тишината, кој има своја посложена синтакса од јазиците на зборовите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тој миг немаше ни најмала болка, или никакво пулсирање од болката, туку само чувство на благосостојба, која имаше корени во длабочината на нејзиното тело, каде што се развиваше новиот живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
XVIII И.И., задолжен за муслиманскиот павилјон, нѐ очекуваше свеж и орен да ја дополни лекцијата на Атеистичкиот музеј за муслиманската вера која имала најмногу верници меѓу Албанците, макар што католичката беше најстара, со своите дваесетина века постоење, потоа православната со десетте века постоење, а муслиманската неполни шест векови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука имаше и сач (вршник), неколку бакарни тепсии, тави, ѓумови...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Париските комунисти, макар што меѓу нив имаше и од ултралевото сталинистичко крило, веруваа дека со нив ќе се солидаризираат југословенските комунисти, меѓу кои имаше голем број шпански антифашистички борци на врвни позиции и тие ќе придонесат да биде ослободен нивниот соборец од шпанските боишта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа успеа да стане чувар на куќата во која тој беше роден и го чуваше стариот гуштер во бавчата, кој имаше обичај да си го влече огромното тело низ дворот и крај пчеларникот, или со часови да лежи на сонце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Едниот агол од устата на Френк, која имаше танки усни, се искриви и ѓаволесто се насмеа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Возам полека и веќе не барам порамни места од патот зашто секаде е дупка до дупка, локва до локва и не се знае која е подлабока и во која има повеќе или помалку кал.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Горјан носеше преку рамото обесена кожна торбичка, во која имаше бележник и неколку моливи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мене никогаш не ми се случило некој кој има петнаесет години да ми обрнува толкаво внимание, да разговара со мене на рамна нога и да покажува интерес за дружење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа суровица, човек кој имаше само тело, се подбиваше со мене: „Како го велиш ти тоа, во една песна – умножение, а?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Инаку, зошто да им наплатуваме на клиентите?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поточно овој противзаконит акт беше обично Известување бр. 04-777 испратено од секретарот на „Дервен“ до сметководството и благајната на претпријатието – кое се однесуваше на сите вработени кои имаат решение за инвалиди на трудот6 и кои работеа со скратено работно време, а со штуро образложение дека веќе „не им следува такво право“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сѐ зависи од отвореноста кон себеси, од искреноста со која ја прифаќаш или не - вистината која те опкружува и која има големи, крупни очи кои гледаат и отаде невидливото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
ж) договор за вработување за вршење работи во странство, но само за ограничен период (чл. 249, ЗРО/05) – каде што, паралелно, се применуваат и странските прописи согласно меѓународното приватно право; з) посебен договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на одредени ствари (пр. машини); потоа, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа (пр. културно-уметнички работи и сл.) – чл. 252, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се работи за дело составено од ротирачки платформи, врз кои има голем видеоекран, компјутерска опрема и стол, на кој седнува гледачот/набљудувачот, и со помош на занишувањето на столот (во различни насоки) се произведува движење на погледот во виртуелниот музеј како простор на слики.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
До последните денови од животот Климент Камилски ламентираше пред своите најверни пријатели, книгите, запрени по многу патувања во неговата волшебна, митска библиотека, во која имаше и многу негови значајни списи и записи, во еден рафт и сребрената табакера подарена од Ла Пасионарија од деновите на Шпанската граѓанска војна...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според Стиви Шик, „Насловот (на нумерата)... е преземен од една маица на Турстон (Мур, пејачот и гитарист на групата), на која имало илустрација од Рејмон Петибон на холивудската дива Џоан Крафорд во насловната улога на хероината од класичниот филм од црната серија, Милдред Пирс, под која било начкртано „Пушење?“.402
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тогаш, кога ја качиле бомбата на кола, Трајана ги набркала сите седуммина мажи, сина си Ѓорета намерно го испратила да оди двесте-триста чекори напред пред колата, божем за ако има камења да ги отстракнува и да ѝ кажува која има дупки, а сама, откако се прекрстила, ги повела воловите, и - нога за нога право прудолу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Работи на обезбедување на лица и имот можат да вршат лица кои имаат лиценца за работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Хитлер создаде таксономија на луѓето во која имаше Надлуѓе и Подлуѓе (Ubermeschen and Untermenschen), и како резултат на тоа мојата перцепција не е нешто ново.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во потрагата по животните одгатки поетот пронаоѓа изненадувачки одговори во кои имаме неколку низи на поими со сродно, приближно еднакво значење.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Оние кои имаа петнаесет или шеснаесет години ги оставија во селото и наредната година им нарамија пушки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имено, беше пропишано дека за осигурениците кои имаат високо образование основицата не може да изнесува помалку од една и пол просечна нето плата по работник, објавена во тековниот месец, додека за осигурениците со средно обра- зование дека таа не може да изнесува помалку од просечна нето плата по работник (чл. 14, ЗИДЗПИО/06).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не е грешно да се сака, макар да е тоа човек кој има друго име за Господ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Самиот во тој миг ја почувствува острината на својот глас во кој имаше неограничена строгост.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакаме да видиме кој има лесна нога, полазна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кој има денес во селото поголема пензија?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Прозорците во белата соба, во која имаше две столчиња и едно масиче, беа високи.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Очекуваа некој кој има најмалку 50 години - веројатно поради страотната анахроност на делата кои беа изведени во манирот на раниот и среден барок.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кој губи, ако не оној кој има што да изгуби?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Научниците се многу креативни луѓе кои имаат специјална дарба да ги импровизираат и комбинираат нештата на најдобар можен начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Кој има таму? - тивко и уплашено ме праша Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Значи, приказната е сосема јасна: некој кој има желба неговиот производ да се види во филм за кој претпоставува дека ќе биде хит или дека ѝ се обраќа на иста целна група, го бара режисерот и го убедува во некој кадар главниот актер или актерка, на некој начин, да го употребат производот за кој станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го направи така што куклата беше повеќе фетишистички објект отколку уметничко дело, тотално идеализирано девојче што можеше да се расклопи и повторно да се склопи на безброј начини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пол еднаш го праша Лу како тоа девојка им свири тапани, а овој му рече: „Многу едноставно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Значи, таа народна уметност, онака како што ја замислува Партијата на власт, не е ништо друго, туку еден вид специјална културна полиција, која треба да го заштити паланечкиот конзервативизам и духот на простиот, недограѓанет селанец, кој има желба да создава уметност!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше извршена и првата административно-територијална поделба на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
— Ти, Трајко, држи а пушката и пукај ако мрдне некој, a јас ќе вида кој има пусат — му рече на Трајка, а кон гостите еден по еден: — Ајде, вадете пишчолите ако сакате да и дочувате главите!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пораката од Џон не беше испратена до мене, туку до директорот за додипломски студии, кој имаше објавено соопштение за јавноста во кое го брани предметот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кој има кокошарник, знае што е петле. Во еден кокошарник само едно петле има, како што во еден харем сал еден е султан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И видех прекраснија кашти и домове многу, ама не секому, ами на тие кои имале чиста вера и кои поминале из иглени уши“ и на тие кои љубат Бога от чисто срдце.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Станува збор за работи кои имаат сериозни последици, и оттука одлуките за проектот не смеат да бидат засновани на интуиција, водени од езотерични определувања или препуштени на случајот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Истиот хипнотизер ме индуцираше така да верувам дека гледам само шест луѓе во една просторија во која имаше преку шеесет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко, по оваа епизода со знамињата, како да ги откриваше, дополнително, по многу години „грчката врска“ на Мајка од детството и од младоста и „италијанската“ во која имаа и една заедничка епизода, за Татко, заборавена, а за Мајка, жива...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено, приоритет за издавање на нови работни дозволи имаат: а) странците на кои веќе им е издадена работна дозвола, без оглед на состојбата и условите на пазарот на трудот; б) членовите на потесното семејство на македонските државјани и на странците кои поседуваат дозвола за престој во РМ и в) странците кои имаат стекнато стручно образование во областа на работни места за кои има недостиг на работници (чл. 6, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го имаме овој интересен конфликт - смислата на насоката, потребата да се стигне некаде, но во медиум кој има своја сопствена, веројатно различна, смисла на насока. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 143 ñКако се нарекуваш себеси деновиве, продуцент?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јаска кога слушна дека само вие останате, си реку: - ка не му е страмота на тие кои имаа задолжение да ви каже, а не ви казае.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
МАРА: (која има ставено на софрата леб, грне грав, лајци и празна земјена паница сега ја става и погачата од кумата и турива од грнето грав во паницата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во јазикот на алхемијата, удиралката за пченица („небеското“ - бидејќи алхемијата е „небеско земјоделство“), Вознесението на Богородица, соблекувањето на невестата - сето тоа се метафори кои имаат исто значење: чистење - уситнување на нештата и нивно претворање во сребро и злато, или подобро во „камен на мудреците“ кој се споредувал со кристалот. 196 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Брат ми, откако се ожени со Марта, имаше отворено ординација во својот дом, и таму работеше со пациенти кои имаа психички проблеми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ГРЕВОТ Е ВО ПОМИСЛАТА Што е слободна и убава девојка, која има дваесет години!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Методата на рекламното делување позната како “product placement” или “prod- uct tie-in” се состои во презентацијата на производот во еден филм или ТВ-серија, но така гледачите да немаат впечаток (да не знаат) дека станува збор за реклама, бидејќи појавувањето на производот е дел од самото дејствие на филмот!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А Маријанти, во својата откопчана англиска хаки блуза, војничките цокули над кои имаше превиткано бели чорапи и кусата здолница, стоеше на бината и занесено слушаше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Децата јадеа гумени бонбони со 8 миљарди емулгатори, како и амерички чипсови кои имаа поише холестерол отколку компир у чипсот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Голем пријател на Албер Ками, делејќи заедничка работна соба во еден период кај издавачот Галимар, ги споделува во неговата медитеранска поетика според која Медитеранот останува негова дефинитивна татковина, како суштински дел од татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога завидливецот го видел филмот „Старата мелница“ во кој имало многу птици, рекол: „Знам во што е работата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А колиба и трло се клава таму каде што има нивје за гноење, како што е случајот со Сукаловци, Чолаковци, Младен Чкулот и други, кои имаат по пет, шест, десет кила семе на едно место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш во нас се роди идејата да ги фрлиме во воздух претпријатијата во кои има ангаживан европски капитал21.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, дури во октомври 2009, со четвртата измена на ЗРО (2005), се поправи и дефицитноста на одредба којашто ќе регулира скратеното работно време во посебни услови, со тоа што се воведе нов посебен член за оваа ситуација (чл. 8, ЗИДЗРО/окт.09); в) со ЗРО (2005) се воведе должност за електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа, кај секој работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација (чл. 116, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Живееше како дух помеѓу малата темна продавница и уште помалата кујна, во која си подготвуваше јадење и во која имаше, меѓу другите работи, и еден неверојатно стар грамофон со огромна труба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но се потсетуваше на зборовите на дедо му Аврам кој имаше обичај да рече: ”Не брзај никогаш со одлуки; вода што брза, рони, луничави...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Овој споменик, кој има форма слична на една од Кеопсовите пирамиди, е подигнат во чест на победата над Наполеон во 1813 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И точка. ‌Дека геј-мажите имаат „својства и одлики што општо земено ги поседуваат девојките и жените“ е и заклучокот што го изведува Вил Фелоус од сопствената студија на културните практики на геј-мажите.331 Конкретно, согледува дека „геј-мажите се видливо и мошне надарено застапени“, дури и „изгледа несразмерно застапени“ во многу „полиња во кои преовладуваат жените, а кои имаат врска со создавањето, обновувањето и одржувањето на убавината, редот и континуитетот“ (x) – поконкретно, во оние дејности чија цел е да се конзервираат материјалните култури од минатото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепак, основната креативна постапка на Гринавеј е потполно филмска, и дури, според користењето на технологијата, по пост-продукциските услови во кои работи, Гринавеј е еден од режисерите (како Кјубрик, на пример) кој има особено чист филмски ракопис; точно дека кај Гринавеј има многу „литература“, многу „сликарство“ и многу „театар“, но сето тоа, фино сублими­рано, токму и ја создава величественоста на филмот како уметност! okno.mk | Margina #8-9 [1994] 55
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- И за смртта како и за животот треба да се има разбирање, посебно во моментите кога се наоѓаме во просторот во кој имаме можност да ја набљудуваме и да ја третираме смртта како неминовност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дискусииите водени околу проблемите при преведувањето се исто така водени на ниско ниво; студиите кои имаат „научен“ пристап кон оваа проблематика обично се индиосинкретични судови за сосема случајно одбрани преводи на делата на големите писатели како Хомер, Рилке, Бодлер или Шекспир.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Фонетскиот систем на писмо ги фиксира одделните фонетски единици на јазикот без оглед на нивниот статус во системот на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од педесетите години на овој век и со воведувањето на филтерот и полесните видови на цигари се намали и бројот на заболени кои имаат проблеми со респираторниот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сето тоа пропратено со мали, тесни шапки во косите кои имаат апстрактни скоро кубистични форми, мрежи над очите со ситни топченца од свила во стил на Каролин Ребу, како и долги тешки шалови кои паѓаат на подот влечејќи се со движењето на моделот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Рубата на која имаа по некоја закрпа ја фрлија далеку некаде во џенем.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа, всушност, е суштинска за уметностите – за книжевноста, за креативната и критичка мисла, за културното создавање воопшто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите беа воодушевени што најпосле еден андерграунд филм почна да се прикажува во комерцијалните кина и тоа среде Менхетн. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 121
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Славната продавничка која имаше највкусни кикиритки на цел Балкан.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Останати промени Покрај веќе анализираните измени и дополнувања кои ги претрпе ЗРО, во однос на останатата материја дојде до промени кај одредбите со кои се регулира примената на овој закон и дефинициите на основните поими. а) се утврди дека овој закон не се применува на поморскиот персонал на трговско - поморски претпријатија, на членови на екипаж 51 на авиони и на странци вработени во компаниите за патничкиот и железничкиот сообраќај кои имаат регистрирано седиште во странство (чл. 1 од ЗИДЗРО/септ.10); б) во однос на дефинирањето на употребените изрази во овој закон, кон чл. 5, се додадоа четири нови става кои нормираа дека: (1) претпријатие40 e „ јавно претпријатие, трговско друштво или трговец поединец што врши трговска дејност, без разлика дали работи за профит или не, кое се наоѓа на територијата на земјите членки“; (2) установата41 се дефинира како „деловна единица дефинирана во согласност со закон, која се наоѓа на територијата на една земја членка, каде што економската дејност се спроведува на тековна основа со човечки и материјални ресурси“; (3) под колективни договори или одлуки на арбитража што се прогласени за општо важечки „се подразбираат колективни договори или одлуки на арбитража што мораат да ги почитуваат сите претпријатија во таа географска област и од одделна струка или економската гранка“ и (4) претставници на работниците „се претставниците на работниците предвидени со закон и со законите на земјите членки на Европската унија“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/септ.10). 40 За употребата на овој поим в. погоре – исто како кај образложението во референца бр. 27.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кој има пари ќе си отвори приватна ординација, кој нема, како мене, ќе дреме таму за ич пари. Само за превоз до работа, сендвич, цигари и толку.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Всушност, тоа е суштината на неговото дело: “Колку што ми се допаѓа идејата да бидам новински стрип цртач кој има дневен стрип што се појавува и се развива и има широка публика, и оди понатаму и сите го сакаат - и многумина од моите омилени цртачи го прават токму тоа - јас не сум создаден за тоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Секој кој има правен интерес може да бара нивно поништување, со поднесување доказ на правосилна судска одлука со која е утврдено постоењето на корупција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зар можеше и зар смееше, пред победоносниот и исправен пат на Партијата, која имаше други императиви во брзото обезбедување на диктатурата на пролетаријатот, да се испречат неколку сандаци со стари турски и отомански хартии?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Покрај пасажите за потрагата по душата, фиксирана во татковите книги, во мајкиното огледало и врската клучеви на некогаш напуштените куќи, кои можеа да ги отвораат само сонуваните брави, мислам дека само во долговечната заеднички истрадана тишина можеше да се насети постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еден ден ја однесе на лекар, а ние жнеевме на една долга нива која имаше преку еден километар, кога дојде чичко ми Павле и му рече на брат ми Блажо: Полека, да не чуе Мила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден од нив го болеше ногата, му беше загноена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таму наиде на празнини и кога се дозна дека партизанските групи стигнаа во „Тесалија, а во кои имаше најмногу такви кои не зборуваа и не пееја грчки, ами македонски, тогаш на врат на нос, противникот се сврте на југ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најдобри се секогаш оние со кутиите замотани со украсна хартија, во која има сервис за ручање или кафепиење, или, ако е поблизок роднината, двете во едно, па ја спушта до нозете, точно пред старите чевли кои не ги сменил од едноставна причина што парите отишле за бакшишот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Здогледувајќи го, Наташа се замрзна; низ сите жили ѝ минаа студени иглички.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тетка Перса смета дека нема ништо во животот на Пелагија за што би требало да биде накажана со таква сурова казна низ која има поминато, Ќе се молиме, златна Пелагијо, ќе се молиме сите три од недела во недела, од ден во ден, да му ги отвориме очите не само на дедо Господ, туку и на мајката Богородица, за неправдата шти ти е направена!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој му се потсмеваше сега на оној поган голтар, кој имал преку своите коски да ја преметне само уште својата парталава кожа и повеќе ништо друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу режисери, за разлика од Флоренс, го третираат актерот како коавтор на претставата, дури некои кои имаат силна и интензивна врска со режисерот, се претвораат во центар на неговата естетика (на пример, Чеслак во „Беден театар“ на Гротовски).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Уметноста на љубовта е во слободата, а коренот во довербата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Татко додека го следеше патот на една голема количка која ги носи трите сандаци со книги, а Камилски чекори зад неа, слушајќи лево-десно коментари, дека си го потрошил времето за овие книги, кои ќе завршат на некој таван или подрум се сети на своето враќање од Цариград, многу години пред да се најде Камилски во Париз, кога во родниот Поградец крај Охридското Езеро, по студиите во Париз, стигна со една чеза во која имаше два големи куфери.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Комбинацијата од женствена гламурозност и абјектност што геј-мажите ја усвојуваат преку идентификација и присвојување – со други зборови, преку дрегот или преку култот кон Џоан Крафорд – на геј-мажите им овозможува положба што инаку би им било тешко да ја заземат со сопствениот лик, барем сѐ додека опстојуваат на мажествен родов идентитет: односно, тоа е положба што истовремено е и достоинствена и деградирана, и сериозна и несериозна, и трагична и смешна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А потоа се делеа на неколку фракции меѓу кои имаше благ и неагресивен презир.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но јас мислам дека не би било толку паметно од моја страна да продолжам да ви пишувам за секакви поединости за оваа ситуација за која моите коментари и немири не би промениле ништо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Перса, трогната од судбината на Роса, се искрадна на кај кујничето, додека Пелагија мораше да одговара на детските прашања во кои имаше и такви на кои не можеше да најде одговори.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И кога веќе бев сигурен дека ќе се слизнам во водата и дека со мене наскоро ќе се гости страшната ѕверка, забележав дека со голема брзина се приближува еден чамец во кој имаше четворица ловци на крокодили.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Арафат ме испрати до излезот на резиденцијата крај која имаше засилено обезбедување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со оглед на летните месеци во кои имаше повеќе работа, Едо слезе в град да прикупи делчиња и галантерија за коли.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко само се насмевна, Камилски се врати на своето место и продолжи: Вие со вашето откривање на битолските сиџили ја задолживте балканската историја во нејзините јужни земји.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Правните акти што се резултат на корупција се ништовни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Самите настрани новинари на ТОНИ нагласуваат дека околу прашањето што е денеска геј-култура може да се јави голема неизвесност поради она што го викаат „сеприсутниот генерациски јаз“, кој „може да изгледа особено длабок во нашава заедница“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но ако тој не е извор, зошто Дерида покажува кон него со овие епиграфи? Margina #32-33 [1996] | okno.mk 21 Дали Борхес и Дерида всушност ги вложуваат и самите своите напори во корист на јазикот кој има сопствена супстанцијалност, и во корист на еден романтичарски сон за зборови коишто не ги означуваат предметите туку самите се предмети?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еве ова се трошките од мислите кои ми минаа низ глава и за кои имав толку многу тешкотии за да ги изразам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ова доведе до идентификација на различни настани кои имаа анти-аноректичка природа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се сеќавам, еден Бугарин, главата му беше цела во крв, зеде една минофрлачка која имаше 15 мини и ја постави близу до мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оваа обврска се однесува само на оние трговски друштва кои имаат над 50 работници26 и установи со над 20 вработени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Судот нема да постапува по тужба ниту да преземе друго дејствие за кое не е платена судската такса.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во 1971, тој ја основа Nice Style, The World’s First Pose Band, група уметници кои имаа за цел да го исмеваат конвенционалното и лажната длабочина на многу уметнички потфати.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Му го читам изненадувањето, оти јас не бев на потег, а сака тоа, колку само сака да ми го рече, ама не дозволувам: ја вртам клепсидрата со видлива енергичност што значи потег и протест и најсетне и простотија и простор во кој има смисла да продолжи играта, граматиката на чутуранга во која бројот на играчите е ограничен на четворица, но се гледа тој е веќе триплициран и нужно е однапред да се договори редот, правилата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пославме шарено чергиче и Тета ја отвори плетената кошница во која имаше сендвичи, колачи, овошје и сок во термосот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Анархијата тогаш не ме интересираше премногу - вистински се интересирав за неа последниве три години - така што многу луѓе кои сега ги познавам и кои имаат силни политички убедувања тогаш не ги знаев, но многу луѓе кои тогаш ги знаев сега развија политичка свест, како и јас.  К: Тие би можеле, како и младите луѓе во Италија. а мислам дека и овде тоа пред се ќе биде случајност, да уживаат... во неконвенционалното истражување.  Б: Не знам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И веќе земските четници ги поседнаа Чебренскиот Мост и оној на светецот на Црна, кои имаа задача со оружје да ги бранат и веднаш да му соопштат на Димитрија во Пешта ако се појават таму Турци и ако сакаат да ја преминат реката.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој роман на Габриел Гарсија Маркез светски публицитет како најпопуларен претставник на магичниот реализам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Османците инаетот го оставиле во аманет за идните времиња, но со надеж дека инаетот ќе остане во самиот себе, без да се пренесува на другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А во 1863 година, Томас Крапоер, неколку години откако Дарвин му ги соопштил на светот своите теории за потеклото на видовите и за природната селекција, ја патентирал шољата за тоалет со казанче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби нема ништо многу мистериозно во процесот преку кој еден таков објект станува сврзан со конкретен сексуален и родов стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Формите определени од овој или оној уметник имаат тенденција да станат еден личен опис, всушност една хералдика, замислени визуелни алатки кои имаат за цел автопропаганда и автопрокламација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Воопшто, сите тие со кои имав случај да се видам или да зборувам г.Станчев или не го знаеја или лошо се одзиваа за него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа, од своја страна, го зголемувало интересот на британските дипломатски и конзуларни претставници во Кралството Југославија кои, во своите извештаи, правеле анализи за етничката припадност на населението во Македонија, како и на политичката, економската и социјалната состојба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Недела Октомври Некои гревови се наследни, наследството, крст за сиромашните, богатите секако сами ќе се погрижат за себе. ...а ние кои имаме сè, оплодени од убавината, за љубовта на совршенството, за Божјата угодност, ќе ја воспеваме радоста до бесконечност.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
А тој убав, со прегради, добро организиран, со фотографија од децата и кредитни картички кои имаат улога: од една вадиш, во друга ставаш и обратно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Исто така, на 25 март 1941 година, во весникот „Сан Франциско хроникал“, била пренесена информацијата за демонстрациите во Битола, каде што демонстрантите барале да ѝ се приклучат на грчката армија во војната против италијанските фашистички агресори и дека во „Скопје и Цетиње, два силни комунистички центри, илјадници само ги повторија, со поголема жестина, демонстрациите од вчера“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во ова електронско пространство киберпанкерите ја гледаат иднината во која оние кои имаат информации ќе се одвојат од оние кои ги немаат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А тие кои имале грехови, пак се покајале, блазе на них! Они ќе да се со правите у рај.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Во одајата, во која има дваесет ранети, влезе маж во години, облечен во бел мантил.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста ѝ се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога тоа и го кажав, ми кажа што рекол: дека еден ден, додека влегувал во метро, видел еден човек како им продава моливи на две жени - човек без нозе, кој се движел со помош на платформа на тркала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој јаз, како што тие го сфаќаат, ги дели, сосема предвидливо, „луѓето кои имаат над триесет години“ – оние што може да се видат како „брзаат на најновата драма од Пол Радник или како вечерта шмугнуваат во некој жив пијано-бар“ – од „настраните што имаат дваесетина или помалку години (кои) немаат толкава потреба да му припаѓаат на нешто друго, освен на поширокото општество.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
П.Манџулов, кој имал задача да се префрли во Турција и на пругата Ксанти- Солун да изврши диверзија, исто така не успеал. Се вратил во Пловдив и чекал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Велес е: П.бр. 984/02. 2.  За низата неправилности во работата на ова проблематично комунално претпријатие види го и Финалниот извештај по повод спроведеното истражување со наслов „Досие Дервен“ – подготвен од правниот тим на Асоцијацијата „Магна Карта“ (Сектор за човеко- ви и граѓански права), од 10 февруари 2010, кој беше презентиран пред медиумите и беше доставен до сите релевантни институции кои имаат надлежности во оваа сфера – особено до Советот и Гра- доначалник на општина Велес. 3.  Постапката за остварување на правата од пензиското и ин- валидското осигурување се поведува по барање на осигуреникот...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради финансиските проблеми оваа фабрика, во која сѐ уште имаше државен пакет акции, влезе во познатиот FESAL II аранжман склучен помеѓу Владата на РМ (чиј претставник беше тогашниот Министер за финансии, а сегашен Премиер –  м-р Н.Груевски) и ММФ, како една од т.н. „12 големи загубари“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Активната пасивност на машката геј-култура, нејзиното уживање во подреденоста и нејзиното гордеење со неа, нејзината готовност да се идентификува со поимањата со кои се карикатурираат или се омаловажуваат жените и геј-мажите не треба да се сметаат за ратификација на тие поимања, туку за уште еден израз на кампската интуиција дека нема ништо надвор од моќта, дека малцинствата и стигматизираните групи не можат да бираат како ќе се гледа на нас и каква вредност ќе им одредува општеството на нашите животи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Главната мисла, која звучи доста познато, е дека постојат игри без правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оние кои имаа малку повеќе образование и памет од локалниот просек беа горе – долу вкалапени во системот на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби во таа непријатна работа вашата служба е заобиколена. - Да, да, да! – ме прекина неговиот глас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имајќи предвид дека според стариот закон еден претставник се избираше кај работодавачот кој има над десет вработени до 250 вработени, двајца претставници до 1,000 вработени и тројца претставници над 1,000 вработени (чл. 46 и 48, ЗЗР), може да се забележи дека со ова, во принцип, работниците во претпријатија со над 100 вработени добија поголем надзор врз безбедноста при работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ја одминав црквата и се упатив кон постројките на „Халите“, во кои имаше ретки минувачи, а речиси сѐ беше на затворање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Точно е дека само јас имам дедо кој има ливада и тополи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Доколку друштвото е осудено за кривично дело што го прави неподобно за стечаен управник, лиценца за вршење на стечаен управник може да добие по престанувањето на правните последици од осудата (чл. 20, ст.1, 4-5 од ЗС). 5.  Од 1 јануари 2006, секој работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација е должен да води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа (чл. 116, ст.7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Чорапи со искинати стапала издутна — овде: роди издргнала — пораснала изим — дозвола, одобрение излегло — бачилото излегло, го дале овците млекото што требало да го дадат ила — 1) само и само, 2) но измет — 1) услуга, 2) работа во куќата исквака — одгледа дете, пиле испрдопашен — без надзор — слободен истеристемес — сакашнеќеш јад — овде: многу зелена боја јажичка — од 'ржање плетено јаже 1) за рогузина, 2) за врзување снопје јалов — 1) несигурен во работата, 2) безплоден јаловар — овчар што ги пасе јаловите овци, брави, шилежиња јаловица — жена без деца, 2) овца, коза бесплодна јурнек — образец јаток — уток за ткаење ка — како кабули — сака, колку му сака душа, колку милува доброволно да даде калезмо — предмет со кој се канат гости (јаболка, погача, карта со вино) калец — волнени нараквици без прсти калкан — ѕид до ѕид надворешната страна калнокапец — земјоделец, работник тежок капица — стогови снопје, сено караџо — име на црн вол карма — дрва наредени каршилак — одговор на прашање кастиле — нарочно кат — дел од куќата од двете страни на огништето квачката — седумте ѕвезди кило — мера за жито, 100 оки кист — предето за кистење саѓии, унечки, гунки кистен — китен клови — растението 'рти клада — пресечено или паднато дрво без гранки клашни — врста дебел шајак клинкач — сводник, стројник по невеста кловен — из'ртен клопка — дрво врзано на вратот на свиња да не бега од свињарот дома коа — 1) кога; како, 2) време през девоноќието козинавец — покров од козина коловар — планинска мирислива трева колџија — шумар, чувар на нешто државно конак — 1) преноќиште за војска, 2) куќа висока, беговска конушма — врска кончарка — штичка на која девојчињата ги виткаат конците за везење копита — назив на кошула на која има навезени коњски копита кос-коџа — дури коте — дете (на галеб) котелец — примка на плетен предмет — чорап, калец, фанела итн. коцле — плетенки ситно плетени собрани во една плетенка коцел — предена кои се надоплетуваат на косата на невестата кочан — дозвола, извозница за штици, дрва, катран, 2) кочан царевка коџа — многу, баеги красте — потценување на човек — крастав е тој и тој кременарка — пушка со кремен крешник — окрајка од погача, леб, сомун
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сигурно ќе мораше да поминам подолг пат со куферот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
КЛАУС: Слатко е да се чува тајна од која имаме корист.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Исто така, согласно погорните измени, право на лична работна дозвола добија и жртви на трговија со луѓе кои имаат стекнато дозвола за привремен престој поради хуманитарни причини за временскиот период на валидноста на дозволата за привремен престој (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уловената риба рибарите ја печат веднаш во мангал, во кој има зажарен дрвен ќумур, а кој се наоѓа во самиот кајак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од структурален аспект, “Маклабас” е конципиран како голем мозаик на сцени кои кореспондираат една со друга во контекст на апстрактниот чудотворен минерал наречен - “Зелен Дијамант”. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 36 Зелениот дијамант е всушност минерал кој има самосвест и кој може да ги менува просторно- временските димензии како и да се инкарнира во човечко суштество (Горан Ивановски).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се сврте кон собраните и, покажувајќи со рака на знамето, рече со глас во кој имаше нешто од гласот на нашиот комесар: - Ајде, Лабро, со Господ напред, почнувај ти прв зашто тебе за малку што не те задавија со оваа шарена крпа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова вклучува идентификација на настаните и искуствата кои имаат помалку директна врска со него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова правило најдобро дојде до израз при познатата акција на МВР, која имаше неславен судски финиш – „Змиско око“, а во која беа уапсени десетици вработени на македонските патарини.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Покривањето е прикриен напад на нашите граѓански права“, тврди.428 Понекогаш овие напади не остануваат прикриени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Си мислев на ова додека ја гледав како се размачкува во еурокремот, но немав сила да ѝ речам "сакам".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со оваа новела, која има тежина на донесување нов закон за пензиско и инвалидско осигурување, можноста да се стекне право на старосна пензија без оглед на годините на живот, само врз основа на одреден стаж [40 години за мажи и 35 години за жени] беше целосно укината (чл. 5, ЗИДЗ- ПИО/март.00).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги загледував среќните лица на луѓето по улиците; во оние лица кои имаа несреќен поглед, и спуштени усни, го препознавав своето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во изборот на судиите, не можеше да се заобиколи и улогата на Министерството за правосудство, но, сепак, конечната одлука ја донесуваше Партијата која имаше своја ќелија во Судот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пишувањето на турски јазик со помош на арапски знаци беше апсурдно колку и пишувањето на француски јазик со хебрејски знаци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден ден го најдов Анастаса кај кабината во која имаше жени: клечеше надвор, гледаше низ клучалката внатре и плачеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јован беше специјалист за фалсификување на документи и отвори еден шифоњер во кој имаше гардиски униформи за две чети.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
(1) т.н. „производно одржувачки работи“ – оние кои имаат за цел да се овозможи обновувањето на работниот процес по завршувањето на штрајкот и
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Насекаде имаше фенери, факели, и неколку силни огнови чии пламења се извишуваа кон темното небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сепак, таа беше солидарна и редовно ја плаќаше својата членарина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да претпоставиме дека постои супер-едноставен абакус кој има само едно тркалце, поместено само еднаш (и интерпретирливо како говорната закачка „Животот е како ѓеврек”).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За г.Бешков попрашајте кого сакате во Битола, било тоа од персоналот на тамошните консулства, било од бугарските учители, било од влашките, било од граѓаните или најпосле од Циганчињата со кои има разговарано г.Бешков, постојано одејќи по градот без работа, и сите ќе ви кажат кој е г.Бешков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Палестинците на чело со Јасер Арафат ќе се најдат во вистински дипломатски лавиринт, во кој политиката чекор по чекор во решавањето на судирот, кој претставува една од отворените рани на планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тргнавме. Снегот замрзнат. Братучедот Коте, кој имаше војнички чизми, удира во снегот, отвора дупки, а јас со боси нозе (опинците ми се искинаа) одам зад него.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од стабилна особа која имаше став за сѐ и знаеше што сака, станав шалабајзер што никој не го сфаќа озбилно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Прв пат како да беше излезена од него и сета тишина во која ретко кој имаше пристап, вклучувајќи ја често и Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По приемот на одговорот на тужба или по протекот на рокот за поднесување на одговор на тужба, судот најдоцна во рок од осум дена ќе закаже подготвително рочиште, а истото ќе го одржи најдоцна во рок од 50 дена сметано од денот на закажувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со измените од 2015 година, обврската за пресметка на придонесите на овие две категории на граѓани паѓа на ФПИОМ, а обврската за уплата ја имаат самите лица, освен во случаите кога лицето склучува ваков тип на договор со работодавач кај кој е во работен однос или со други правни лица кои имаат сопственичка, организациска или управувачка поврзаност со работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Овој кварт е начичкан со ресторани, ресторанчиња, бистроа во кои има само грчки специјалитети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но тоа е активност на која геј-мажите ѝ се посклони поради особеноста на нивната општествена положба.471 ‌А тоа можеби е причината поради која има толку многу геј-мажи во уметностите и во разни културни професии.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На него не се сети ниту берберот што му го симна скалпот, кога во огласник прочита дека колекционерка на уметнички дела сака да купи слика на која има насликано раззеленета врба, клупа во парк и маглива машка силуета.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И таа визија ги одржуваше донекаде групите кои имаа корист од секоја историска промена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа чувство веројатно е присутно кај секого, особено кај оние што првпат влегуваат во овој град, околу кој се кршат копја од Исток и од Запад, град во кој имаат пристап и силите на едната и на другата страна од светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
“ „Пак некоја од вашите чудни идеи“, рече префектот кој имаше обичај да го именува со зборот ’чудно’ сето она што не можеше да го разбере, живеејќи така меѓу вистинска армија од ’чуда’.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оваа претпоставка ќе биде потврдена доколку утврдиме дека реченицата се однесува на Аполинер, што, се чини, е случај.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само на две места има оставено мали прозорчиња, затворени со ковано железо и перде закачено на железен корниз, а под прозорот, кој има улога на долапче, во метално коритце - пластични жардиниери засадени со ползавци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во времето на вечниот генерален директор (Ј. Ќука) – работниците се изиграни од него и од тогашното раководство: имено, наместо акциите за коишто вработените даваа и до 50% од платата за да ги купат и за кои мислеа дека се од централата на АД „Охис“ – Скопје, ним им се [про]дадени акции од фабриката што произведуваше течно стакло ГЕС Гостивар, која имаше многу помала реална вредност и којашто подоцна оди под стечај2 (оваа фабрика и раководството ја купуваат со парите кои вработените ги даваат за откуп на акции од АД „Охис“ – Скопје).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Запрев над сиџилот врз кој имаше најмногу пепел и исто толку солзи. Лавиринт од пепел и од солзи. Сиџилот беше нецелосен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
2. Втората парадоксалност, која има многу значајни социолошко-политички консеквенци се варијациите околу солипсизмот (20).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
ЗИПДНД од 1993 година повторно ја регулира исплатата на некои надоместоци кои имаат карактер на заедничка потрошувачка и материјални расходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа застанав пред еден споменик кој беше изделкан од камен и на кој имаше три камени вазни, сите полни со свежи црвени каранфили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А кој да влезе, кој има пари за да влезе? Со гурелки ништо не се купува. 181
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако на спротивната страна има повеќе лица кои имаат заеднички законски застапник или полномошник, за сите тие лица поднесоците и прилозите можат да се предаваат во еден примерок (чл. 99, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Боже, ти колку го сакаше, без резерва, без отстапница, ама ти си мислела ако појдеш со човек кој има само едно рало чевли, загарантирана ти е љубовта и преданоста, како секогаш да има две страни, од едната богатство, од другата доблести со верна љубов како круна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Околу куќарката имаше двор ограден со ѕидана авлија висока околу еден метар и со кренати ѕидани столбови меѓу кои имаше врамени жичани мрежи, сега разурнати и ’рѓосани, со малтерот испаднат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Легна на железниот кревет на кој имаше само сламарица која му замириса на гумно, на летна жетварска ноќ, на 'ржаница, на разни тревки и билки како да дише огромна билна аптека; и дишеше лакомо, среќен и задоволен како дивеч што соочен со хајка и смрт, успеал да си се врати на своето старо и сигурно легло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Странска организација, во смисла на ЗЗФ (2010), е странско или меѓународно здружение, фондација или друг облик на организација основана за остварување на заедничка цел која не е за стекнување добивка и е основана во согласност со правниот систем на странската држава (чл. 3, ст.1, ал.14 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Беше способен да убеди, па дада му која имаше државна работа ја стави како жирант.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Одеднаш, се здрвив од страв. Ене онде, крај оној камен, забележав коски од некакво животно, на кои имаше свежа крв и парчиња живо месо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Политичкиот естаблишмент на Велика Британија не покажувал посебен интерес за настаните во Македонија која се наоѓала во рамките на Кралството Југославија во периодот меѓу двете светски војни, освен кога се работело за некои ситуации во кои имало одредени активности од страна на четите на ВМРО и нивното навлегување на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таму останала една година, помагајќи во производството на книжулиња во запечатени кутии, со наслови како „ Скокотливи приказни“ или „ Една ноќ во женско училиште“, за да бидат купувани потајно од проловската младина, која имаше впечаток дека купува нешто недозволено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А и зашто? Самата полиција ќе речеше дека бесправно сум се понел спрема една девојка што е регистрирана и која има право да го вади својот леб токму така како што го вади. И мојот леб, месје.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако излезе дека сиве овие вечни тврдења за генерациската разлика се точни и актуелни, тогаш би излегло и дека народон што има над триесет години и што денес виси по пијано-баровите бил до пред само кратко време новата генерација што излегла од тинејџерството и не чувствувала никаква лична поврзаност со геј-идентитетот, со геј-културата и со геј-заедницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова село е многу убаво, лежи на шесто метри надморска височина, со прекрасен воздух, планинска река, Бошавица во која има многу риби, таму можат да се ловат и зајаци, диви свињи и срни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во собата имаше земјен под на кој имаше черги во најразлични живи бои.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зошто толку одлагав, зошто покажав таква нерешителност на карактерот и не ги барав порано тие чевли, на кои имав полно право?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ѝ најдоа една таква девојка која беше сираче и која се хранеше работејќи по куќите во селото и која имаше како него некоја маана во говорот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Елен Лејбовиц Ce 19 juin 2001 Monsieur, Il me serait реut-trе difficile maintenant de retrouver ce passage, car je ne sais plus dans lequel de vos trois livres il se trouve. Il ѕаgit dun рiѕоdе de votre enfance о vous demandez votre mrе ce quеѕt lmе. Elle tente alors de vous expliquer ce dont aucune parole ne peut vraiment rendre compte, tandis que votre рrе соutе sans intеrvеnir Арrѕ avoir lu les deux textes que vous mаvеz еnvоуѕ, cet рiѕоdе mеѕt revenu en mmоirе comme ѕil mарраrаiѕѕаit soudain que lоriginе de votre besoin dсrirе, tаit реut-trе rechercher l. Tous vos rсitѕ ne seraient alors quunе tentative de trouver des rроnѕеѕ cette question роѕе votre mrе: quеѕt-се que lmе? Et mmе si vous ne sauriez pas non plus trѕ bien comment la dfinir, vous assurez de toutes les mаnirеѕ possibles quеllе existe. Les livres de votre рrе, les сlѕ et le miroir de votre mrе ont en quelque sorte rеu une mе vivante du fait de la valeur que ces livres, ces сlѕ et ce miroir rерrѕеntаiеnt pour eux. Puis, avec le temps ces objets que vous роѕѕdеz реut-trе encore, semblent trе devenus pour vous les dроѕitаirеѕ de lmе de vos parents, au point que сеѕt en eux quil vous arrive de la chercher. Et tel que vous le dсrivеz mmе le lac que votre frrе rерrѕеntе sur un mur de votre nouvelle demeure semble trе une tentative de faire vivre lmе de ce lac dans une nouvelle patrie; et en mmе temps, par la suggestion et les commentaires quilѕ font, on sent que tous ceux qui assistent llаbоrаtiоn de cette fresque veulent voir rерrѕеntеr dans ce lac une partie de leur mе. Ainsi, реut-trе, lеffrоi qui vous a saisi devant le Muѕе de lаthiѕmе avait-il moins pour cause le fait que cette doctrine nie comme son nom lindiquе lехiѕtеnсе de Dieu (арrѕ tout, mmе parmi les croyants, qui peut vraiment dire ce quil entend par existence de Dieu?) que sa vоlоnt de nier lехiѕtеnсе de lmе. Or, cette existence de lmе, il serait mmе insuffisant de dire que vous avez besoin dу croire, car ce que vous exprimez dans vos textes est plus quunе croyance, сеѕt une certitude nе dunе ехрriеnсе, tellement vous est familier ce dialogue avec un principe spirituel qui survit lаbаndоn fоrс dunе patrie ainsi qu la ѕраrаtiоn dаvес les trеѕ et les objets autour desquels ѕеѕt construite votre vie. Voila les bries de реnѕе qui me sont раѕѕеѕ par la ttе et que јаi tellement de diffiсultѕ exprimer. En effet, il nеѕt pas dans mes habitudes de formuler clairement dans un discours construit une suite dimрrеѕѕiоnѕ fugitives comme celles qui me viennent la lecture de vos livres. Hlnе Lejbowicz 22 јуни 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нејзиното тело некогаш е полно, некогаш тенко како срп, со неа управува таа енергетска аура на која има влијание нивната историја, нивната промена и сите појави создадени од движењето на таа суштина – зборуваше старецот. – И човекот има своја богата историја.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
2.  Синдикатите самостојно одлучуваат за начинот на нивното застапување кај работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас кај себе имам една штичка, кора од дрво кедрово, на која има запис со тие букви дамнешни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Поради кризата од која не се гледаше излез, многу вработени беа прогласени како технолошки вишок – и тоа во неколку наврати, а некои и самите се обидоа да си го бараат „чарето“ на друго место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мало подобрување на правата на невработените лица, но повеќе теоретско отколку реално кога ќе се стави во контекст, претставува одредбата усвоена во декември 2008 година според која за лицата кои имаат право на паричен надоместок подолго од 12 месеца, паричниот надоместок за првите 12 месеца изнесува 50% од нивната просечна месечна нето плата за последните 24 месеца, а за преостанатото време 40% од таа просечна нето плата (чл. 5, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„МОТ има млади, амбициозни куратори кои имаат визија”, вели Sueo Mitsuma, претседател на уметничката галерија Mizuma.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Додека зборува девојката се гледа во џебно огледалце и повремено го плази јазикот во кој има прободено минѓуша.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Има еден чудесен Германски надреалистички скулптор Ханс Белмер кој има едно дело наречено „Кукла“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И без да сакаш ти веќе влезе во едно грдо време во кое, загледан во оние исконски карпи на твојот роден крај, ти осознаваш дека и не е многу тешко да се стане камен; бигор и мрамор, дури.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Настојуваше постојаната потрага по спасот на главните ликови на сагата, низ помирување и толерантност, одбивање на границите и делбите, да ја види како реалност на земјата, регионот, на народите кои имаа долга историја на страдање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа беше сосема безбедна територија, еден вид антрополошки азил за сите оние кои имаа судир со светот, и кои поради тој судир решија да направат невозможни подвизи: да стојат на скали потпрени на ништо, да возат бицикл по ортома на дваесет метри височина, да прават фигури од три тела на трапез предвиден за еден, и слично.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со новата формулација се прецизира дека ми- нистерството за надворешни работи е првиот орган кој има активна улога во процесот на приемот и проверката на барањето за засновање на работен однос на странец во РМ (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во оваа радио станица, во која имаше сѐ на сѐ околу 15-тина вработени – според систематизацијата на работните места тој, барем формално, ја извршуваше функцијата монтажер на звук, иако пропратно беше распределуван и на други работни задачи – првенствено како новинар и водител на снимени емисии, прилози и реклами, како и програма во живо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Каква смисла би имало приближувањето на изворните гестови?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој дома имал тефтер во кој имал запишано во кое село каков поп има.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Странките во постапката можат да преземаат дејствија лично или преку полномошници, но судијата може да ја повика странката која има полномошник пред судот лично да се изјасни за фактите што треба да се утврдат во парницата (чл. 80, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Околу 50 % од литературата е дело на одбрани демагошки автори кои имаат напишано неколку дела, а нивните дела нема да најдат никогаш примена во практиката.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во својот заклучок ќе истакне дека е потребно кога ќе се создадат погодни услови да се спушти на слепо британски офицер кој го зборува јазикот, кој има извесно познавање на земјата и лични контакти. 68
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Многу доцна разбра дека Андон е единствениот од сите нас кој имаше директни контакти со Шефот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сепак, творците им припаѓаат на оние ретки среќници кои имаат пристап во душевните сфери , што не е случај со секој смртник.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но и тој бил свесен дека за да се постигне заедница на слободни балкански народи, неоходни се демократски влади во секоја од балканските држави и сметал дека таков капацитет во себе носат новите лидери излезени од народниот отпор, кои имаат концепција за демократски поредок на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Работите на стечаен управник може да ги врши физичко лице кое има лиценца за вршење на работите на стечаен управник, како и ЈТД или ДОО основано само за вршење на работи на стечаен управник и има лиценца за вршење на работите на стечаен управник и се зачленети во Комората на стечајни управници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И ѝ беше дадено да се бие со светите, и да ги победи, и ѝ би дадена власт над секое колено и народ и јазик и племе. Кој има уво нека чуе!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Ексклузивно за Канал 6 зборуваме со човекот кој имаше неверојатна среќа“, рече, и му се вдаде со микрофонот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не разбирам зошто таквите нѝ завидуваат нам кои имаме браќа или сестри и се жалат што се сами, па постојано навалуваат на мајките да им родат бебе. Глупави!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Децата, кои имаа своја реалност, по цел ден висеа на патот кај Долни ливади надевајќи се дека Брчалото ќе доклинка од некаде пешки.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Затоа „Келнише васер“ е знаменитост не само по специфичната миризма, која денес не може никој да ја произведе, туку и по бројката „4771“, која има своја историја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Жената умрела од рак. Втората жена со која имал син, исто така починала од рак.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Прифаќањето на некоја положба во која сме неминовно сместени не значи нејзино консолидирање, а не значи ни прифаќање на неповолните околности во кои се издигнуваме до претставеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот Камилски го најде, воден од Сотир Паскали, перонот и поставениот воз Балкан-експрес, а потоа и вагонот кој имаше ознака среде Gare de Lyon Skopje.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И самиот знаеш дека сум откачена по регтајм.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За Камилски зборот филан и цитатот на Андре Мазон, најден како француски војник на Источната Армија во Корча, извлечен од неговите балкански документи, односно неговата книга Contes slaves de la Macedoine sud occidentale (Словенски приказни од југгозападна Македонија), објавена 1923 година во Париз, ќе бидат од посебно значење и тој на одделен потсетник запиша за да му го изложи на Татко како посебно ова прашање при скорешната средба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му ја подадов белата маица на прерамки во која имав спиено претходната ноќ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Вујко им, кој имаше фотографски дуќан во Солун, и тој пргав и агилен каков што беше, отсекогаш гледаше подалеку од сите нив и од неговото сопствено, и од останатото семејство на жена му.  Вечерта откако децата отпатуваа, Моше и Нина не можеа да заспијат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Или некој говор - еднонасочен проток на идеи и информации, пр., традиционалните замисли за терапевтите како луѓе кои имаат привилегирано знаење за нивните клиенти, за она што им задава болка и како тоа да се поправи. 34 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Газда Таки седеше и пишуваше на својата работна маса од масивно лакирано дабово дрво на која имаше многу хартии, мастила и пера за пишување.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Бидејќи Костадиновска извесно време работи на позиција на која има одличен увид во приходите на фирмата, таа истакнува дека, во почетокот, фирмата имаше големи приходи и потенцира дека „многу пари влегуваа во претпријатието“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се разбира, надежта постојано тлееше – дека можеби работите ќе се средат, платите ќе се исплатат и сл. – но, како што покажуваат суровите факти, тоа во реалноста воопшто не се случи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имав еден роднина кој имаше голема библиотека и атеље, јас таму се завлекував, фасциниран, и така...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
25 Границите не служат само за разграничување помеѓу „пријатели“ и „непријатели“, помеѓу „граѓани“ кои имаат одредени права и обврски и „странци“, туку тие исто така го сочинуваат она што е блиско и прифатливо за заедницата, како спротивно на она што заедницата сака да го негира, стигматизира и депортира, да го отфрли од своето тело.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Првиот, но оној вистинскиот, не ги сметам сите оние кои имаа само педесет проценти од љубовта, поточно тие ме сакаа мене, но не и јас нив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Странките се должни најдоцна на подготвителното рочиште да ги изнесат сите факти и докази врз кои ги засноваат своите наводи, како и да ги достават исправите и предметите кои имаат намера да ги употребат како доказ во постапката (чл. 271, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, постојат зборови, кои имаат ефект на пеперутка, кој полека, дури и без намера се шири наоколу.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ни во еден момент не помислив дека станува збор за ваше дело; дека вие го имате аранжирано тој панаѓур низ кој имав несреќа да поминам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А, кој има повеќе права, има и поголема одговорност, - го заврши тој разговорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На ова го додаваме и правото на работодавачот од „објективни причини“ да не ги информира или консултира работниците за прашања околу неговото функционирање со кое се воведува уште една можност „помоќниот“ работодавач, дискреционо и еднострано, согласно своите субјективни преференци, да ги лиши работниците од тоа тие да бидат информирани за важните информации кои директно ги засегаат и нив како вработени кај конкретниот работодавач; д) кај вршењето на работи во странство најпрво дојде до замена на терминот странски работодавач со „работодавач и од територијата на земја членка на Европската унија и работодавач од територијата на земја која не е членка на Европската унија“, а потоа и до проширување на примената на ЗРО и на работните односи на работниците кои се испратени од нивниот работодавач за давање на услуги на друг работодавач од територијата на земја членка на Европската Унија во територијата на Република Македонија и работодавач од територијата на земја која не е членка на Европската Унија (чл. 1 од ЗИДЗРО/септ.10), а дефиниран беше и новововедениот термин „испратен работник“ - е работник кој на ограничено време, работи на територијата на земја членка што не е државата во која има редовно вработување (чл. 2 од ЗИДЗРО/септ.10).23 23 Употребата на термините „територијата на земја - членка на Европската унија“ и „територијата на земја која не е членка на Европската Унија“ непотребно го обременуваат законскиот текст, посебно ако се знае дека согласно меѓународното јавно право, територијата е еден од трите конститутивни елементи на државата, чија сувереност и јурисдикција, единствено, може да бидат сфатени во однос на територија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- Јас соудрузи есенбаци – умилно им велам и им ги полнам чашите – јас сум мирен, чесен и гостољубив граѓанин и многу сакам да им помагам на сите кои имаат потреба од помош.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред мене беше човекот кој во својата богата личност ги помируваше сите противречности, а останувајќи секогаш тивок, близок, со лесна, ослободувачка насмевка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големиот чичко зад завесата редовно нè окупираше со нереалните имбецилни шоуа во кои педантно се евидентираше кој прднал и кој имал кафеави гаќи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа беа првите психијатриски пациенти кои имав можност да ги видам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сите беа сместени во Нигериското село, тие така ја нарекуваа деветкатната зграда во која имаа изнајмено неколку станови.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овие во FMDC постојано примаа повици од комерцијалните дистрибутери, кои сакаа да организираат прикажување низ целата земја, но FMDC веќе направи свој сопствен аранжман со Арт театарот Гилдом, кој имаше сали ширум земјата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тие денови бев задоволна и од резултатите на моите истражувања во фиоките и шкафчињата на брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пострашни од нив се мк раперите, кои се тешка клошараана, а глумат Вип сурати, но и оние кои имаат многу пара, а глумат лудило дека се улица носејќи дуксери од 300 евриња.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
9 Во петгодишниот период кој го опфати оваа студија, преку измените на ЗРО, кој има својство на фундаментален закон и регулира доста чувствителна и актуелна материја, дојде до влошување на работничките права во следниве сегменти: се воведе противуставна можност за вработување на лица помлади од 15 години; се воведе плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за лицата кои склучуваат договор за вршење на работа надвор од дејноста на работодавачот; се намали висината на платата која работникот треба да ја прима за периодот додека е отстранет од работното место; дојде 6 Закон за работни односи, Сл.весник на РМ, 62/05.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Луѓето одат и идат, со часови полнат по некоја посатка, по некое стомне, по некое билначе, кој има пластично полни пластично, а жедта не се заситува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа беше единствена со покрив од црвени керамиди за разлика од другите кои имаа покриви од некави си сивкасти плочи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога неколку години подоцна, како некогашен титоист се обидував од искусниот социолог и филозоф Едгар Морен, еден од најголемите живи мислители, од македонско сефардско потекло, кој имаше комунистичко минато (Меѓу жртвите на Сталинград и фашизмот, јас го избрав комунизмот!, ми велеше тој) се обидував да ја разберам драмата на француските комунисти кои се приврзаа за Сталина (покрај Арагон, Елијар, дури и Сартр, кој наводно напишал дури и ода во чест на Сталин), тој ми ја изнесе тезата дека со своите ставови им пречел на француските комунисти, па затоа нашле начин да го исклучат од КПФ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште полошо, може сосема да ги исклучат ваквите црти од анализата – ако се мерат емпириски флуктуации (според регион, општествен сталеж, раса, род или сексуалност) кои имаат само квантитативна, описна вредност и кои остануваат културно неутрални, наместо да бидат квалитативно значајни и културно истакнати.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па сепак, прекрасниот Чифте-амам му припадна на чичко му Иса, најнапернатиот од сите, кој не веруваше никому, и кој имаше десет очи и десет уши.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така, во овој случај, бев со човек кој имаше огромен излив на секаков вид емоции кои ни самиот тој никако не можеше да ги спастри, ниту пак некој друг за него можеше да ги контролира.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Болницата беше трансмисија меѓу родилките и Јана, која имаше двојна улога, и теренска бабица, и патронажна сестра.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А оттаму, кучкините синови, има таму една шепа од нашинците кои имаат големи уши и долги јазици, па и на лајното му викаат папо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И не постелија, пак како дотогаш, во лето, во дворовите, туку спиеја по тремовите, а кои имаа куќи на кат на чардаците и во горните одаи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Колективниот договор, во ваков случај, може да се склучи по добивањето на известување од МТСП до синдикатот, односно работодавачите кои доставуваат барање за утврдување на репрезентативност на синдикатот односно работодавачите кои имаат најголем број членови (чл. 9 од ЗИДЗРО/јан.12); б) дополнително се уреди структурата на Комисијата (за утврдување на репрезентативноста), која и понатаму е составена од 9 члена, но сега на предлог на Владата, се избираат само 3 претставника, по еден од МТСП, Министерството за правда и Министерството за економија, а останатите 6 места се пополнуваат со именување на 3 претставника од страна на репрезентативните синдикати и здруженија на работодавачи (чл. 10 од ЗИДЗРО/јан.12).33 Беше избришан и противуставниот законски текст во чл. 213-в, кој регулираше дека синдикатот е должен да достави и пристапници од своите членови, како доказ за членство на работниците во соодветниот синдикат.34 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, за поднесување на предлог за повторување на постапката на адвокатот му е потребно посебно полномошно, ако од правосилноста на одлуката изминало повеќе од шест месеца.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Особено духовит и резок, но инаку сосема типичен, пример за оваа спротивност може да се види во средишниот, програмски разговор меѓу Ник (кого го игра Стив Бушеми) и Питер (Адам Нејтан) во филмот на Бил Шервуд од 1986 г.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Работата е во тоа што хомосексуалноста, покрај тоа што претставува напуштање на природата, односно отпор кон она што важи за природно, покажува и доследна склоност кон културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ме однесе до нејзиниот „свет”, така таа го нарекува сребрениот послужавник врз кој има наредено безброј мали и необични предмети што ги има донесено од разни страни на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Овој lex specialis престана да важи со почетокот на примена на најновиот ЗРО (2005), кој имаше посветено цела глава одредби за штрајкот (глава XX), со вкупно десет члена – што, номотехнички гледано, е добро решение од аспект на интегралноста на Законот. 36 Што се однесува до рогациите на ЗРО (2005), само првите две измени – од август и од декември 2008, содржеа интервенции во областа на штрајкот, но се работи само за некои технички допрецизирања.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
-Овие стари лидери, белци, водеа постојани војни против другите облици на живот, правејќи слуги од нив и убивајќи како ќе им текне - птици, риби, животни и растурајќи смртоносен ќилим од бетон и метал насекаде по мекото тело на земјата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мечка која има мечиња не излегува лесно на нишан...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ресторанот беше сместен во една мала селска куќа, наоколу со градина во која имаше засадено секакви растенија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сега и мене ми иде така. ,Диверзија е таков вид на војување која има цел да го изненади непријателот, да му нанесе што поголеми загуби во луѓе и техника.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И многу човеци, кои имале секаквии грехове, се покајале, фанале да се надејат на пресвјатаја Богородица.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Во многу свои текстови, др. Роберт Сомер се занимава со екологија на приватноста, пожелната оддалеченост за пријатен разговор и со другите работи кои имаат директно влијание на архитектонскиот проект.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На 1 мај бил фатен со пакет динамит некојси млад Бугарин, кој имал задача, “согласно неговото признание“, да го минира грчкиот конзулат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Во Цариград, Никола Поцо имал друга жена, некоја Ерменка, со која живеел полујавно и која имала една ќерка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мојот брат Марк имаше пријатели кои имаа тајно клупче на таванот на нивната гаража и единствениот начин да се стигне таму беше преку дрвените скали на ѕидот, ползејќи преку една тесна штица.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во случајот со примеров од Приказни за градот, предметот изгледа изразува извесна женствена нијанса во домашното украсување, китен порив да се наџиџа дури и празниот простор „над тоалетното казанче“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одреден исклучок во поглед на квотите е направен за државјаните на Европската Унија, кои имаат право да засновааат работен однос во РМ надвор од определените квоти, доколку со меѓународен договор се обезбеди реципроцитет во смисла на слободен пристап на пазарот на трудот (чл. 3 и 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Електричната греалка која имаше четри реда, грееше само со едниот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас го разбирам светот како шаховска табла составена од повеќе фигури кои имаат своја улога.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таа инсталација е значајна и на симболно ниво, бидејќи задржувањето на окото (погле­дот) во рака ја имплицира парадигмата на денешниот вистинскиот господар, кој има моќ, бидејќи моќ има пред сè оној што е сопственик на погледот, кој што просудува за тоа што смее во сликата а што не.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не постоеше никаква надеж дека последниот заеднички проект за (без)опасните османскотурски заемки, ниту додека беа живи ниту потоа, ќе биде од некого прифатен за печатење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ваков вид на студии, кои не се ограничени со крути претстави за етапите, туку кои имаат за цел систематично да ги истражуваат промените во концептите на преведувањето, со голема почит кон системите на знаци што ја конституираат дадената култура, се од голема важност за студентите на Trans- lation Studies.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Историски создадените алфабети влегуваат во кругот токму на овој тип на писмо, иако во нив честопати се набљудува имплицитна реализација на фонолошкиот принцип и фиксирање во писмото на оние фонетски разлики кои имаат функционално значење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така ти останува доста љубов од која имаш кризни моменти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако се однесува на нациите, оваа разлика би значела дека нациите можат само да заплашуваат други нации и „една од желбите“ на моќната нација „е да тргува со слабостите на остатокот од светот“ - фраза која има чудни резонанци во денешните денови на таканаречениот - нов поредок на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Едвај чекав да си легнат сите за конечно да можам да се затворам во тоалетот, да си го земам мобилниот телефон со себе во кој имав игра „пасијанс“ и да си седнам опуштено врз шолјата, обидувајќи се конечно да се олеснам, иако таква работа природно не ми доаѓаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Спорот на Кирова настана кога, по враќањето на работа и по приложувањето на ова валидно решение на раководните органи –  веќе следниот работен ден истите носат одлука за прекин на исплатата на регресот за храна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што често пареата во зимскиот воз допира само до првиот вагон, така и оној волев флуид на нашиот предводник го опфаќа само првиот скаут зад него, Грнецот, кој има навик да ја ниша во одот целата горна половина на телото како да колва зрна со долгиот шилест нос.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нема да стигнеш никаде, иако си научила да одиш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Обезбедување на лица и имот, под условите утврдени со овој закон и во согласност со ЗТД, вршат правни лица регистрирани за вршење на таа дејност во вид на давање на услуги и/или правни лица кои обезбедувањето на лица и имот го вршат за сопствени потреби (чл. 3, ЗОЛИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во неколку делчиња од паркот имаше дрвја, групирани така што потсетуваа на театарска сценографија која треба да претставува шума.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас пиев од виното и чувствував дека имам изградено ситуација во која имам предност, затоа што барав отчет; таа очигледно тешко се снаоѓаше во таква невообичаена ситуација со мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во терапијата, заедно со овие луѓе јас учествував во спротивставувањето на различните практики на моќ, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на: (а) технологиите на селф - самопотчинувањето преку дисциплина на телото, душата, мислите, и однесувањата во согласност со утврдените начини на постоење (вклучувајќи ги различните делувања кои ги обликуваат телата според карактеристиките на полот); (б) технологиите на моќ - потчинување на другите преку техники како што се изолација и надзор, и преку постојано вреднување и споредување. 60 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во ова владино Министерство, каде имаше над 250 вработени лица, распоредени на соодветни места и задачи – С.С., кој имаше завршено високо образование, според Правилникот за систематизација на работните места при МО (2002/2003), ја извршуваше функцијата раководител на сектор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа Лобуд-паша го испратил Ѓурчина во Константинопол, на дворот на Махмуд II, кој имал големи маки со одметниците во Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа е Грета. Преку сликата оди натпис: 3. Септември 1995.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Под мишка ги носам белите листови на предавството и строгите правила на играта збран како копец: ми трпнат прстите, ги стегам индигата со план да се победи зимата во срцето, веритигинозниот синдром и сета светска иронија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Инстинктивно ја стави на своите гради. На градите, кои имаа животна течност за два живота.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Љубезно ги испрати минувачите дури до соспата зад која имаше дупка во која лови риба.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Очигледно, психоделичната музика комуницира со звучни симболични пораки коишто можат да ги разберат само личности кои самите доживуваат идентични или слични промени на состојбата на свеста, или пак, личности кои имаат природно развиен т.н. психоделичен сензибилитет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така јас го имам Ривиера кој го нарече своето дело „Кукла“. Белмеровата кукла.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
— Ајде, деца, врј, врј! — Кој има јак врј нека дојде вамо — вика Крчо Косов.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оние кои имаа возможност и чест да ги видат ордените, во исто време како да слушаа хорски поетски исполненија, чудна и необична мелодија од милозвучни стихови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Елен Лејбовиц Frјuѕ, mai 2001 Monsieur, Cela mа fat plaisir dаррrеndrе que vous avez pu quitter quelque temps vos soucis albanais et macedoniens pour la joyeuse ехubrаnсе napolitaine. Et des tudiаntѕ attentifs. Par association didеѕ, la Sicile tаnt proche de Naples, je me souviens tout coup dаvоir vu il y a peu, la tlviѕiоn, une brvе (trop brvе) miѕѕiоn sur une соmmunаut albanaise migrе en Sicile la suite de lоссuраtiоn ottomane au quinzimе ѕiсlе. On y рrѕеntаit, entre autres, de jeunes femmes dans des costumes de ftе qui tаiеnt vraiment dblоuiѕѕаntеѕ uvrеѕ dаrt. Les quelques lignes que vous mаvеz сritеѕ mоnt aussi un peu rаѕѕurе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
СРЕДБА В ШУМА Тешко му е на човекот кој има што да каже, а не наоѓа слушатели.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Со глас во кој имаше потценување.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше избран Президиум кој имаше функции на влада а за негов прв претседател беше избран Методија Андонов-Ченто.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Имено, поранешни вработени на високи позиции во „Порцеланка“, а меѓу кои имаше и членови на првичниот синдикат, заедно со политичко-партиска логистика, извршија проневера не овие средства, за што подоцна некои од нив беа и кривично гонети, па дури и осудени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ене онде на океанскиот брег под крајбрежните чемпреси Абориџините трампаат една песна за еден радосен крик на делфините отшто само делфините се радосни на плажите на кои има илјадници километри за распостилање на домородната тага.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тој се сврте кон Џулија и додаде со глас во кој имаше малку повеќе чувство: Ние можеби ќе му дадеме нов идентитет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ни знам кај сум, ни кој има околу мене, ама како некој да ми доаѓа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кај Дерида, тој романтичарски гест може да се најде во неговиот згуснат, алузивен, џојсовски стил, а кај Борхес во неговите раскази, чијашто заводливост (лековитост) останува и покрај негативноста што ја содржат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можев да предизвикам плик кај некој кој веруваше дека го горам кога не го правев тоа, а кога го правев да нема никаква реакција на ткивото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше премногу сериозна за да открива детали, и тоа на оние кои имаа дупло помалку години од нејзините.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие, кои имаа испружено нозе близу огништето, ги подбраа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Истиот ден работеше и на чевелот со огледало на прстите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За уписот, покрај условите предвидени со прописите за упис во трговскиот регистар, потребно е правното лице да има најмалку десет лица кои имаат лиценца за работа, дозвола за работа од МВР, како и две деловни простории и две превозни средства во сопственост 291 на правното лице (чл. 5, ст.1-2 од ЗОЛИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Изградил визби во кои имало огромни бочви со вино. Сето Поле го засадил со лозја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еден мој средовечен комшија Здравко, кој имаше преживеано два инфаркта, слушна за неприкосновениот Матновидец и реши да ја посети неговата ординација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Имено, се работи за следното: со изговор дека, доколку се окрупни понудата би се добила повисока цена при продажбата на акциите, директорот ги повикува вработените кои имаат акции да потпишат групно полномошно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
кога се враќав од јапонија во едно бифе на аеродромот во токио видов монаси со слушалки во ушите слушаа нешто што ги правеше мошне горди и што ги тераше уште повеќе да пијат варено вино и да потскокнуваат и да скокаат од радост како кога со едно ухнување се’ што е старо ќе го ослободат од прашина како кога од чиста верност маршираа низ вжарените полиња на олимписките огнови за кои се вели дека се застарен ориентир за секој оној кој макар еднаш се изгубил во преводот на цукији пазарот во токио, на пример, или пак за секој оној кој се накркал презреана лубеница па сега талка и стенка барајќи јавен нужник а на секого кој има таков зорт барањето нужник му изгледа долго, долго, бесконечно долго.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Може е некој, заусти да му рече на Јосифа Може е некој Тополчанец кој има болно дете па го донесол кај тебе но не знае кај живееш, но го запрува и гласот и мислите и дишењето; тешки, бавни и завлечкани стапалки се качуваат пругоре по скали на чардак.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Та и ваа работа ти е така. Ако стане цел народ, да видиш како се турка и ѕид со глава!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој сепак пред нивни очи поцрнувал и додека ја заборавиле неговата последна молитва и предупредувањето дека на мажите од Кукулино им дошол крајот, ги извртел очите и се вкочанил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во мојата интимна прикаска што му ја раскажував за подводната граница и змејот кој ја варди, за делбите кои имаат силен корен на Балканот и кои историските изми не престануваат да ги зајакнуваат, за мојата потрага по балканската хармонија, Робер Мале, ми ја посвети песната Свети Наум.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
2.  Странките можат да преземаат дејствија во постапката лично или преку полномошници – но судот може да ја повика странката која има полномошник, пред судот, лично да се изјасни за фактите што треба да се утврдат во парницата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Излегува дека злодухот одговорен за асоцијацијата бил Рејмонд Петибон, графичар кој многу ја сакал басистката на Соник јут, Ким Гордон, и кој бил многу популарен на панк-сцената во Лос Анџелес (постариот брат на Петибон е основач на легендарната панк-група Блек флег).401
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите наши соседи, кој како знаеше, си купија козичка од селаните кои имаа по две-три кози, некои дури и стада.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Грдан чукна на првата врата од ходникот на администрацијата, во која имаше и пепелници до клупите како плукалници во чекална на забна амбуланта, па иако не слушна некој да му одобри да влезе ја притисна кваката и ѕирна внатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во Градешница фрли мерак на убавата Неда Романова, та го натера стариот поп Тодора да го венча горе во ливадите; во Старавина и го слушна гласот на Марија Милетова кога го опљачка Сивета и, кога ја викна да ја суди што одела со Мушон Евреинот од Битола, кој имаше дуќан во Старавина, место да ја осуди, тој се загледа во неа и си ја фати посестримка за тоа село; во Бзовиќ пак се фати свети јован со Петрета Мијаков заради неговата млада Севда; во Вепрчани со Јана Којдова, и така со ред, та и од таа страна си го уреди животецот: да не му врви времето напразно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И покрај своите машки тела, геј-мажите ги имаат душите, природата, вкусовите, ставовите, чувствата и субјективноста на жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некој веќе ми беше рекол дека кој има многу, може да изгуби многу.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Газда Таки беше пред сѐ трговец, бизнисмен, но беше и човек на својата земја, Македонец во окупираната Македонија кој ја сака родната грутка и кој имаше моќ да не им се повинува на силните. Бидејќи и самиот беше многу силен.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И самиот Хундертвасер наведува нему познати примери од еколошката архитектура, кои имаа значајно влијание при конципирањето на неговите сопствени архитектурни решенија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Зарем не се најсреќни народите кои немаат историја, а сиромашни оние кои имаат потреба од митови!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега вака подостарен и премислен, се прашувам како тоа тинејџерите ни се крунските авторитети за геј-културата и за нејзината сегашна релевантност и од каде тоа нужно мора да го мериме континуираното значење на геј-културата проверувајќи како поминува кај најмладите геј-мажи, односно кај оние што тешко дека биле изложени на неа или воведени во неа, а кои во секој случај за неа не знаат речиси ништо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дистанцијaта на настраните за општествениот свет (онака како што е дефиниран и натурализиран од хетеронормите) и акутно свесната свест што ја имаат за разните облици во кои животот им се пројавува на разни луѓе, неизбежно исходуваат со несведлив критички став. ‌Настраната преработка на личното и на општественото искуство излегува, со други зборови, дека е продуктивна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако машината може да се опише само „екстраспективно”, тогаш ние би требало да гледаме на компјутерот кој извршува програм - што е всушност целата соба - како агенс кој има гледиште, а тогаш интуициската пумпа на Searle се крши.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со оваа измена и дополнување, која има тежина на донесување нов закон за пензиско и инвалидско осигурување, 3 можноста да се стекне право на старосна пензија без оглед на годините на живот, само врз основа на одреден стаж (40 години за мажи и 35 години за жени) беше целосно укината (чл. 5, ЗИДЗПИО/март.00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Негативни искуства: може да предизвика главоболка и треба строго да се одбегнува од луѓе кои имаат низок крвен притисок, анемија или проблеми со срцето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овојпат, промените во законските одредби ги засегнаа невработените лица кои имаа право на паричен надоместок врз основа на стаж на осигурување над 7 години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Голем број машки геј-културни практики во кои има женски геј-ликови, всушност, воопшто немаат никаква врска со жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што геј-женственоста честопати се состои од културни практики (обожавање диви или реставрација на архитектурата) кои се општествено обележани како женствени, но кои немаат врска со женственоста што ја отелотворуваат самите жени, така и уживањето на машката геј-култура во гротескните верзии на женственоста не подразбира презир и непријателство кон вистинските жени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Под неговиот физички образ - пишува П. Шатев - кој имаше женствена убавина, се криеше една колку мажествена толку и страшна по замисла идеја - идејата на уривањето...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ова е мрак кој има своја цел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А Бугарите, срчка да ги испие немаат за јадење и земаат сѐ: кокошки, кози, сало, сирење, кој има свинче и него му го земаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нечистотијата се собира под ноктите и одовде: „Колку црното под ноктите“ - во значење на некое мошне мало количество, но во јужнословенската екумена фразеологизмот се појавува во мошне скратен облик: „нокот“ или „црно“; во делот од западното словенско население квантитативната вредност на црното под ноктите преминува во експресивно-квалитативна оценка: кој има црно под ноктите, тој има грев на душата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тужениот „К. Ќучук“, кој ја изгуби парницата, беше должен на Љ. Х. да му ги исплати 11-те неисплатени плати [од февруари до декември 2008] – што e сума од 48.466 МКД (795 ЕУР) со казнена камата сметана од месец февруари 2009; и плус да уплати придонеси во ФПИО ПЕ Велес за 34 месеци [главно за периодот од 2006-2008] – што, пак, е сума од 109.549 МКД (1.795 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали е, значи, можно некои луѓе намерно да се трудат да бидат непријатни или ние само не им ги разбираме комуникационите потреби?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Шанкерката, девојка од дванаесетина години, со долги нозе, врз кои имаше навлечено стегнати фармерки, со разградна бела кошула облечена врз маица што ѝ ги покриваше градите до вратот, со полузасукани ракави, делуваше штичесто, но енергично поради што нејзините цврсти роглести цициња делуваа нападно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На ѕидовите насекаде висеа шинели и наметки, меѓу кои имаше дури и со даброви јаки или пак, со кадифени ревери.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
3. Терапевтот е одговорен за сопствената физичка спремност за дијалог, а тоа го постигнува со одбирање на претпоставки во јазикот кои негуваат љубопитност, отвореност и почит кон личноста која има „ум-тело“ проблем (Griffith and Griffith, 1991).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејзе ѝ требаше маж. И тоа ситуиран. Кој има свој дом.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потребни се други стратегии на отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вреди да се истакне фактот дека укинувањето на надоместокот за патни трошоци беше флагрантно дискриминаторски, бидејќи се одне- суваше само за неколкумината вработени кои имаа живеалиште или престојувалиште во Скопје и кои секојдневно патуваа од главниот град, а не важеше за вработените од локалната општина и околните села!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа материјалното уживање треба да се сведе на минимум, а да се достигне максимумот на исполнување во духовната сфера на опстојување, која има долг пат за да научи како да се справи со искушенијата на сладострасните мамки во деноноќните игри на ѓаволот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во таа сцена, слаткиот геј-дваесет и нештогодишен дечко, клубољубецот со патриотски чувства, со романтични копнежи и со републикански ставови му се фали со својата нормалност на еден триесет и нештогодишен панкер кој има сида, за најпосле, носталгично, вака да си го моли постариот познајник: „Покажи ми го Вилиџ“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако зборовите всушност не мирисаа, освен зборот "кадифе" кој имаше сосема дистинктивна арома, неспоредлива со останатите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И додека ги користев сите овие механизми, застанав пред еден подолг ходник, во кој имаше темно-жолтеникава светлина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во секој случај, веќе имавме можност да набележиме многубројни слични тврдења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Медијаторите се организираат во Комората на медијатори на РМ, која има својство на правно лице (чл. 28, ст.1-2 од ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„За многумина од нас“, пишува, „имаше нешто по име ‘геј-култура’ и тоа ги подразбираше кампот како дискурс и музичкиот театар како предмет на восхит“.425 Но тоа било одамна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, ова биомедицинско гледиште не нуди место за пациентите кои имаат физички симптоми, а сепак психолошки се сметаат за нормални или пак, после опсежни медицински испитувања, се покажало дека не се толку болни колку што се жалат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако тужителот не ја плати судската такса во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на тужбата, се смета дека тужбата е повлечена (чл. 146, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Закон за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ, 80/93. 54 Закони за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ – 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14 и 188/14. 53 59 Се воведе дополнителна обврска за обврзникот за плаќање придонес за пензиско и инвалидско осигурување, да поднесе пријава за осигурување за следните категории лица: самостојни уметници, професионални спортисти кои имаат склучено договор за вработување со професионален спортски клуб, учениците и студентите кога вршат практична работа за време на школувањето, односно студирањето, лицата на издржување казна затвор, малолетнички затвор и на издржување на воспитна мерка во воспитно-поправен дом за време на редовна работа што ја вршат во текот на издржувањето на казната, односно мерката, здравствените работници со високо образование кои стекнуваат работно искуство за полагање на стручен испит, невработените лица за време на стручно оспособување и професионална рехабилитација, како и лицата со инвалидност и телесно оштетување кај кои повредата настанала со учество во акции за спасување или одбрана од елементарни непогоди или несреќи, на работно ангажирање на корисници на социјална помош, на обука по покана на органите на одбраната, во давање помош на органите за внатрешни работи во вршење на нивната службена должност, на културно-уметнички манифестации и натпревари, организирани од културни и други институции, на натпревари во физичка и техничка култура, организирани од спортски и други институции, во волонтерска активност согласно со закон, на спортист аматер согласно со закон и на професионален спортист кој има склучено професионален договор со професионален спортски клуб. (чл. 8 од ЗИДЗПИО/дек.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Еми не се двоумеше да изјави дека сака да воведе промени во својот живот, па заедно ги разгледавме достапните докази за тоа дека е во состојба тоа да стори: настаните кои укажуваа на отпор кон “управувањето со себе”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бал - Собир, на кој младите си ја Азбука - Знаење што ја сочинува сета покажуваат фигурата, а старите ја наука на оние кои имаат високо кријат. мислење за себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Загрижени, ни помагаат во сè, слично на животот кој има навика да се повторува.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Мајка, како што велеше, бргу го фати редот на куќата, која имаше приземје и два ката, со авлија која завршуваше во убаво средена градина, со летна кујна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но ваквата желба ја остварив во Сахзенхаузен - тоа е еден од подалечните квартови на Франкфурт, во кој има неколку пиварници и една многу висока кула, во која можеш да се искачиш на височина од 144 метра над нивото на Мајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подолго подзастанав пред еден споменик на кој имаше слика не само на кучето Лулу, туку покрај него беше и заедничката слика на една брачна двојка во средни години, веројатно без деца.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во март 2009, судскиот совет (составен од судијката Л. Димова – претседател и поротниците Љ. Аризанкова и О. Тодоров –  членови) донесе позитивна пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на тужителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ние сме на Балканот. Ние овде стравуваме од терористичките упади на нашите заколнати непријатели меѓу кои има и наши пребегани емигранти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој го виде во својата фантазија тој негибнат крај Мариово. My излегоа пред очи богатите села и селани домаќини, кои имаат полни ќесиња пари, булуци овци, сурии говеда, ергелиња коњи и наеднаш си претстави како сето тоа по пет-шест дена ќе биде негово и тој ќе стане најбогат човек не само во прилепската нахија, ами и во целиот битолски санџак, бидејќи целото тоа богатство ќе им го земе на селаните и нив ќе ги подјари да работат за него, да му робуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурен сум дека оние кои имаат земено ЛСД во врска со негата и лечењето на ментално заболените ќе се сложат дека ова искуство ја подобрила нивната способност да комуницираат со пациентите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Паметиш колку приказни пред заспивање ти имам раскажано во кои има летачки килими?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Експерт 1.многу вешт; некој кој има голема извежбаност и знаење од некоја специјална област. 2. на или од некој експерт; како, експерт(ско) гледиште.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Пролетери се тие кои имаат само две раце... - Само толку?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Камилски, гостејќи се повеќе со очите отколку со устата, имаше време прв да се огласи: Ова е голем ден, мили мои, стигнавме на крајот од мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пушење требало да се викаат и песната и целиот албум за Гефен рекордс, а на обвивката требало да го има цртежот на Крафорд од Петибон, но Дејвид Гефен ја отфрлил таа идеја, а песната ја скратиле на две минути и ја пренасловиле како „Милдред Пирс“, додека албумот го преименувале во Гу, а за насловната се избрал нов цртеж од Петибон.403
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откако сите се сложија дека „мозокот” му припаѓа, токму на татко ми, како глава на куќата, како наш стопан, но и човек кој имаше склучено најмногу работни договори за оваа година, тој со победнички израз на лицето, со мозочето во едната рака и со жолтата кумановска во другата, го посоли добро и во еден здив и залак, го стрпа во неговата уста од која вирееа тазе направените вилици, скапо платени со зделките кои го беа фаворизирале неговиот бизнис годинава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И најмачно ми беше на ова патување во родната земја да се разберам со луѓето, со народот со кои имав најмногу предиспозиции да се разберам, да бидам рамноправен дел со нив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, истовремено секоја селска куќа, која има девојки за мажење, прозорците на собите каде што тие спијат ги оставаат отворени и низ нив може да влезе секој младич - кандидат за женидба и да биде со девојката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, тоа и не ѝ беше многу важно на младата девојка од богатото битолско семејство, која имаше доволно свои лични преокупации и проблеми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но во таа ужасна сиромаштија постоеја неколку големи, прекрасни куќи во кои живееја богатите луѓе кои имаа и по триесет слуги што се грижеа за нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Конечно, лесните дроги според сите оние кои имаат искуство со нив, а и според многу научници неоптоварени од лажниот морал на пуританизмот, ќе ви потврдат дека хашишот и марихуаната се далеку побезопасни, понетоксични и, што е многу важно, понеагресивни наркотици од алкохолот, кој е легален. Каков парадокс.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кој дава, ако не оној кој има?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Изведбата е снимена во филмот од 1995 година наречен Вигсток: Филмот, во режија на Бери Шилс, во кој има и извадоци од изведбите и интервјуа со исполнителите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Правото врз основа на кое работниците можеа да купуваат акции под повластени услови се ограничи на оние работници кои имаат минимум две години работен однос во претпријатието кое се трансформира.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така се доверувала Ервехе на својата вујна Клементина, во која имаше многу доверба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имено, во поглед на бројот на претставниците кои ги избираат самите вработени, на синдикален собир на мнозинскиот синдикат или на собир на вработените, пропи- шано е дека кај работодавачот кој има над десет вработени, се избира еден претставник, двајца претставници на 101 до 500 вработени и тројца претставници кај работодавачот кои имаат над 501 вработен (чл. 28 и 29, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Посебно се осврнува на активностите на НОВ и ПО на Југославија кои имале “постигнато големи успеси и непријателот се напаѓа од сите страни“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Да биде иронијата поголема, беше одбиено и неговото барање за делумно ослободување од судски трошоци т.е. од плаќање судска такса,6 затоа што и тој и неговата сопруга, со која имаат две малолетни деца, се невработени и во тешка економска состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стерлинг го знае нејзиниот брат кој има појачало и тој ни рече дека може да го земеме тоа појачало само ако ја земеме неговата сестра да ни свири тапани”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Прво што му падна на ум беше помислата оти бара некоја книга напишана или не, но која има знак на реткост и мирис на дамнина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше обновена и Евангелиската црква во Албанија која имаше силни европски традиции.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше донесена декларација за основните права на граѓаните, формирани комисии а беа формирани и поверенства кои имаа функција на министерства.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Сакам! - рече Мони и го одгриза целиот дел врз кој имаше чоколадо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прогонувањето на преведувачите на Библијата во времето кога научниците заедно ги преведуваа и репреведуваа грчките класици и римските автори, е важна алка од ланецот на причинско последичните врски кои имаа придонес за развивањето на капитализмот и падот на феудализмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На долгата маса, продолжена со уште три комшиски, и столчиња „шест плус шест“, на кои имаше ставено везени перничиња, сите изработени во домашно производство или „хенд мејд“, зашто мајка ѝ беше убедена дека за ракотворбите надалеку ќе се зборува, беше поставено послужувањето, кое и самото беше приказна за себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По оваа работничка голгота, се чинеше дека доаѓаат подоб­ ри времиња кога за оваа веќе пропадната фабрика се најде 249 заинтересиран странски инвеститор2 од Австрија [всушност, тоа беше наш македонски гастарбајтер од Виена кој имаше велешко потекло и – дали поради носталгијата, навидум, сериозно беше „загреан“ и сакаше да вложи во рестартирањето на фабриката].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1. Со ЗРО (1993) се избриша изречната одредба на ЗРО на СРМ (1990) која, кај општите услови за вработување, прецизираше дека корисник на лична пензија не може да заснова работен однос (чл. 3, ЗРО/90); а, исто така, беше избришана и одредбата која предвидуваше заштита на работодавачот од т.н. нелојална конкуренција којашто би се предизвикала ако работник, кој има посебни знаења од областа на технологијата и производството или, пак, ако располага со извесна деловна тајна, истовремено, би работел и во друга организација (чл. 4, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Следните прашања даваат примери за воведувањето на поодамнешни настани во посебниот излез.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Почна Цанул да бара кожурка; бараше и овде и подалеку, но никаде не можеше да најде кожурка во која има две свилени буби.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тврди дека кога жените и малцинствата одбранбено си ги смекнуваат различностите, подлегнуваат пред „покривателните барања“ што едноставно ги одразуваат постојните стварности на расизмот, на сексизмот и на хомофобијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се чуделе тогаш блиските кога го виделе Татко со дулбијата, која имаше своја прикаска во семејната историја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ризо Ушков ги прејде преку Црна и во Гудјаково им ги теслими на Ивана Колев и Стевана Војчев, овие му ги предадоа на Димитрија во Вепрчани, кој ги одведе до поп Пана Мицев во Беловодица и за неполни два дена, односно две ноќи, се најдоа во Оревоец, откаде Диме Бачко го извести прилепското раководство на чело со Јордна Стамболџија, Јован Грабула, Алексо Гермовчето и Алекса Бајракот, та дојде и до средба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Видов како се скина торбата што ја носеше една старица, и јаболката испаднаа од неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Акциите, спрема друштвото, се неделиви (чл. 274, ЗТД). 3.  До првата и најважна промена на критериумите за стекнување право на старосна пензија дојде со измената и дополнувањето на ЗПИО (1993) од март 2000 година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, терапевтот може да понуди идеи од неговото (или нејзиното) животно искуство или пак од други пациенти кои имаат слични проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со нас работеше и еден Грк, Јанис, кој имаше добра душа и нè засака.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Богдан, бидејќи беше кротка, со задоволство ја негуваше пудлицата која имаше бело и кадраво крзно како јагне.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зашто сарајот го изградија токму на местото каде што тој го замисли, дигнат на големи колја забодени в земја и токму среде дрвен мост кој имаше дванаесет отвори и кој беше долг околу педесет луѓе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во една од саботите во месец мај бевме со Стојче на прошетка низ Париз и, така шетајќи, ненадејно ме сопре пред еден убаво уреден излог, во кој имаше разновиден мебел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Влеговме во една куќа во која имаше двајца старци и една жена од педесетина години.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го молев да се преселам во неговиот дом, а тој ми објаснуваше дека им недостигаат пари и немаат доволно простор, затоа што секоја година им се раѓаше по некое дете: прво Матилда, потоа Мартин, па Оливер, Ернст, Софи, и на крајот Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
7.  Адвокатот може да го заменува адвокатски стручен соработник со положен правосуден испит, кој има засновано работен однос кај него – само пред суд од прв степен, за спорови чија вредност не надминува 1.000.000 МКД, и тоа со согласност на странката (чл. 86, ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Си одиме, го напуштаме Трстеник, но зад нас не фрламе камен на сомнеж кон луѓето за кои имаме најтопли и најискрени желби за секакво добро и разбирање за нивниот молк и сочувство за нивната горчина и чемер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
11.  Впрочем, кај нас има и посебен Закон за волонтерството (Сл. весник на РМ – 85/07, 161/08) којшто, во пракса, не се почитува дури ни од страна на државните органи!? 18 време не подолго од три години, со тоа што содржеше и одредба која имаше намера да ја намали опасноста од злоупотреба на засновањето ваков работен однос: „Работен однос заснован на определено време станува работен однос на неопределено време ако работникот продолжи да работи, најмалку пет работни дена, и по истекот на периодот од три години“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Пред настанувањето на спорот тој имаше работен стаж од 25 години а, според систематизацијата на работните места, работеше како електротехничар во „Охис Пласт М“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По завршувањето на доказната постапка, судот, по одржано- то советување и гласање во октомври 2009, со меѓупресуда,5 го одби тужбеното барање на Јакшиќ за надомест на штета како неосновано затоа што тужителот, наводно, самиот – поради својата небрежност – се довел себеси во состојба на ризик по неговото здравје, а доколку сметал дека таа задача е опасна по неговиот живот требало да одбие да ја изврши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Толпата, правејќи круг, се беше насобрала околу централниот дел, и се туркаше да ги види луѓето со костими од перја, луѓето со капи во форма на клунови и големи рибји опашки, луѓето со облека натопена во боја црвена како крв, луѓето со ангелски и пеперуткини и птичји криља, луѓето скриени во огромни јајца на кои имаше отвори за нивните очи, луѓето под долги сини чаршави кои беа река, луѓето со труби кои ја најавуваа апокалипсата, луѓето кои се прпелкаа по црвениот чаршав и гореа во вечниот оган, луѓето кои лежеа на синиот чаршав и уживаа во небесниот спокој, и еден човек со крст на грбот, кој гледаше нагоре кон мракот и извикуваше: „Господи, Господи, зошто ме остави?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Кој има такво име? Нашиот десетар. Волк, Волкан, нели?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ај да видиме кај сакаш да се судиме, да видиме, кој има право.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не знам како „пасторални“ тој очекуваше да бидат, но кога ги виде огромните кравји глави - потполно розе на потполно жолта позадина - кои имав намера да ги претворам во тапети, замолче... но затоа после неколку моменти извика: „Тие се супер- пасторални! Тие се без врска!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Свесна за незгодата пред која ги ставив, побрзав да го напуштам апартманот и во мигот кога го минував прагот, човекот изговори еден збор кој имаше некаква врска со психоанализата или психијатријата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред него се наоѓаше непријател кој имаше намера да го убие: пред него, исто така, беше едно човечко суштество, во болка и можеби со скршена коска.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
V Климент Камилски доцна во ноќта се најде во царството на своите книги, провлекувајќи се несетум низ коридорот до својата библиотека пред која имаше сопче со работна маса и канабе, во кое по долгото читање понекогаш и заспиваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Записот му го причитав (или тој сам го причита) на соседот, пензиониран професор по литератува, кој имаше исто толку години колку и јас, тогаш кога и тој беше жив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Данкан Блевит, психолог кој имал големо искуство со ЛСД.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој знаеше дека ќе нема пречки да престојува до кога сака, но исто така знаеше дека ќе биде одблиску набљудуван од човек кој има неверојатно остро и проникливо око.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чекање. (Да стивне болката, метежот, луцидноста...) Не чекање само по себе туку конкретно - нешта, кои имаат цел во нешто што е истовремено и надвор од мене, исто така.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Човек кој има педесет и нешто години, а си прави такви излети.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не можам во неа да согледам или да препознаам некоја друга вредност покрај неминовноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Заедно со една група луѓе учествував во деконструкцијата на одделните начини на живот и мислење, преку преиспитување на конститутивните ефекти на специфичните ситуации во нивните животи во областите на моќ кои имаат облик на социјални структури.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, од друга страна, периодот до кој работничката не смее да работи подолго од полното работно време или ноќе е намален „до навршувањето една година на детето“, наместо до навршувањето на две години, како што беше претходно (чл. 67, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 164, ЗРО/05); в) евидентно зголемување на правата се случи кај малолетните работници (кои не наполниле 18 години живот): •  прво, покрај постоечката забрана за прекувремена работа, се утврди и општа забрана на ноќната работа за малолетници, а не како порано – кадешто оваа забрана важеше само за работи во областа на индустријата, градежништвото или сообраќајот (чл. 73, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 175, ЗРО/05); •  второ, се воведе и дополнителна низа забрани за тешки физички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, работи со извори на јонизирачко зрачење и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето и здравствениот развој – со оглед на нивните психофизички специфичности (чл. 173, ЗРО/05); •  трето, на вработените малолетници им се даде и зголемен годи- шен одмор за седум работни денови (чл. 176, ЗРО/05); 31 г) за прв пат се воведе и специјална заштита за повозрасните работници – и тоа оние кои имаат над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи (чл. 179, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој вид практично општествено промислување и вторично обработување што настраните го прават инстинктивно, нужно, е секако корисно за секого и му е својствено на секој уметник, на секој стилист, на секој готвач, на секој богослов, без разлика дали е геј или стрејт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
— Ќе си ја земиш ли ти таа грижа со твоите Анадолци да ја свршиш уште таа работа? — го праша Дургут Бахтијара, што требаше во исто време да значи и заповед за акција, бидејќи Дургут беше главен заповедник на сите овие вооружани сили.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше една од легендарните личности во која имаа доверба и Исток и Запад, и окупираните, и окупаторите. Беше човекот-надеж...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Аполинер, кој имаше глас на тенор, 1914. отпеа и изговори три песни за плочата што ја издаде Фердинанд Бруно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вториот епиграф од Борхес во третото поглавје од првиот дел на “Фармацијата” - како што видовме - го повторува Борхес од првиот навод, а сепак и го надмавнува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За споредба, Французите, кои имаат посебни проблеми со разбирањето на проблематиката на балканските јазици, францускиот јазик го кодифицирале на ниво на правописот и на граматиката уште во XVI век!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во повеќето верзии на кампскиот хумор, на пример, самите жени не се тие што предизвикуваат радост (или завист, восхит), туку тоа се современите културни конструкции на женственото – женственоста во својата изведбена димензија, женственоста како општествен театар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лобо (Дува во раната): Ох, веќе ти кажав, ми увалија џоинт во кој имаше хорс наместо трева.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така треба да се постапи и кога со поднесокот се поднесуваат прилози.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тука пред сѐ спаѓаат лешинарите пензионери кои имаат по 70 години, а вредно се бореле у другиот Светски рат тастирајќи ги вистинските борци кои воедно и загинале, а за тоа биле наградени од државата со нивните борилачки пензии кои изнесуваат колку 2 просечни плати.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Веднаш го забележа. Застана и го погледна со поглед во кој имаше жал, збунетост и неразбирање за случувањата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Деница Кирова е од онаа, барем кај нас сѐ уште ретка, категорија работници кои храбро се борат за своите права, а со акумулираното искуство денес е особено спремна на секаков вид индивидуална борба за правата кои и следуваат од работниот однос но, сепак, таа со право додава дека синдикатите треба 142 да бидат главните организатори и двигатели во борбата за почитување и зголемување на работничките права. 1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.II.2011, во Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дома го викна синот на поп Стефо кој имаше завршено гимназија во Солун.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите сме способни за реални искрени чувства, кои траат, ние сме питоми, кротки, нежни суштества кои имаат извор на создавачки пориви и можат да изградат убав, пристоен, совршен дом, за себе и за своето семејство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зашто тоа е единствената положба за која има надеж дека, според поимите на вредносниот систем на машката геј-култура, може да биде унитарна и целосна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А правејќи нешто бесмислено како што е цртањето, можеби ќе станат за твојот живот бесмислени и оние работи кои имаат смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие се втори на метата за жртвување, веднаш после пионите, кои имаат најмала вредност од сите фигури.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Стравот дека вакво нешто би можело повторно да се случи ме натера да сфатам дека повеќе никогаш нема да можам да уживам во друштвото на оние кои имаат необичен поглед.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И кој има пари ќе си купи, а кој нема - ќе гледа и ќе си собира плуканици, ќе подголтнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На Марка му направи впечаток челниот ѕид со просторни полици во кои имаше неколку диференциали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие денови, постојано го одлагав одговорот на едно од мајкините писма, за сметка на овие дипломатски депеши, кои имаа миговно значење, како обичен воден цвет, кои еден ден ќе завршат во архивските гробници Во моите очи оживуваше мајкиниот ракопис, видливо неизменет уште од првите урнеци на првите учители кај француските лазаристи во Солун.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски овие зборови ги искажа театрално, минувајќи крај рафтовите преполни со книги, меѓу кои имаше и некои дефтери со сиџили.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Издвојувам само една напомена на Цајтблом за недовербата спрема собирот на овие „умни и стручни”, но духовно мошне неодговорни луѓе: „Откаде недовербата спрема професорот Георг Фоглер, книжевен историчар, кој има напишано една бележита историја на германската литература од стојалиште на племенска припадност, во којашто писателот, значи, не се обработува и вреднува непосредно како писател и универзално образован дух, туку како со крв и предел врзан неизвештачен продукт на оној реален, конкретен, специфичен агол од каде што потекнал, за когошто сведочи и којшто сведочи за него?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повторно испушти еден од оние крикови во кои имаше значење, од кои Милан сфати дека мачорот беше вознемирен заедно со него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не дозволува никој да и го допре тој нејзин „свет”, а секој предмет има своја приказна или историја, со која е поврзан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури, повисок бил данокот и на оние во оваа улица, кои имале повеќе прозорци на куќите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас и мојата чета не бевме баш добро сместени.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Средствата може да ги користи подносител на барање кој има позитивен бонитет и редовно исплатувал плата, даноци и придонеси за последните девет месеци (чл. 15, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Луѓето, пак, кои имаат полни и големи усни се многу сензуални и емотивни личности.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Постојаната темелна ситуација на романите на Патриша Хајсмит е завршната средба на двајца субјекти, едниот од кои е „патолошки Нарцис”; а другиот пак е хистерик кој има моќен трансфер врз првиот; според правилото заплетот е: Нарцис ја реализира халуцинан­тната желба на другиот, нпр., извршува убиство за кое хистерикот само фантазира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тука и во Герман 80 демобилизирани момчиња и моми кои имаа завршено грчко основно образование и по некоја гимназиска година и натаму облечени во воени униформи добија наредба во време од петнаесет дена да научат да читаат и пушуваат на кирилица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред да почнеме да јадеме, тетка ми Олга намрштено го погледна приборот на кој имаше неколку дамки од водата од миењето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бари покажува недоверба во нив и сомневање дека тие се борат против Хуните.181 Ние имаме мисии со реакционерните елементи кои се борат против партизаните и кои имаат контакти со Хуните“.182 Во ситуација кога во Македонија се разгорела борбата против окупаторот, кога германските воени сили се повлекувале низ Македонија и кога бугарските окупаторски сили се наоѓале пред капитулација ЦК КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија презеле низа мерки со цел: - да се изврши организиран прифат на нови борци, - да се организираат погоелми воени формации (дивизи и корпуси) и низ борба да се вооружуваат и прекалат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Низ овие две категории Татко не гледаше само приказ за вечната борба помеѓу доброто и злото, кое го обележува човековото постоење, туку гледаше вистинска ментална формула како најдобро да го протолкува во својата Историја на Балканот низ падовите на империите, периодот на Османската Империја, која имаше, впрочем, извршено најсилно влијание врз менталниот склоп на Балканците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Всушност, ѕвончето е звучен патоказ на главниот пат кон ѕвездите а за патарината се знае кој ја наплаќа, како што се знае кој има канџи и дека тие не му се за свирење клавир.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А адвокатот може да го заменува адвокатски стручен соработник со положен правосуден испит, кој има засновано работен однос кај него – и тоа само пред суд од прв степен, за спорови чија вредност не надминува 1.000.000 денари, со согласност на странката (чл. 86, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во 1917-та, кога низ Потковицата помина казнениот полк на полковникот Иванов, кој имаше задача да ги истреби од сета Македонија Србите и србоманите, дали на грешка, војниците се правдаа на грешка, или за одмазда, Крсте одбил да убие некој српски четник од поречките села, ги убија Султана и неговиот син, Јован се викаше детулето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За таа цел го одбрала Рибоокиот (името не му го узнав), член на разузнавачка служба во соседна земја кој имал врски со влијателни луѓе од мојата татковина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку, претходно, тој дури 18 години беше ангажиран за извршување разни функции во Радиото – но, само преку договор за дело, без ниту ден платен стаж.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За едно друштво да може да учествува во распределба на квотата на работници треба до Министерството за труд и социјална политика да достави барање од трговското друштво, документ за регистрирана дејност во Централниот регистар на РМ или документ за тековна состојба на правното лице, потоа документ за вкупниот број на вработени во трговското друштво од кои најмалку десет работници да биле во работен однос на неопределено време најмалку 6 месеци пред пријавување на трговското друштво на јавниот повик, образец М1 и М2 за вкупниот број на вработени работници во трговското друштво, со преглед на пријави и одјави во задолжително социјално осигурување за друштвото издадено од Агенцијата за вработување на РМ, потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, потврда од надлежен суд дека не е отворена стечајна постапка и потврда од Централниот регистар на РМ дека не е поведена постапка за ликвидација. (чл. 5) Трговското друштво кое добило право на упатување е должно пред упатување на работниците во другата држава за работа по конкретен проект да достави до министерството надлежно за работите од областа на трудот: барање за добивање на согласност за упатување на работници кон кои приложува договор за работа со фирма од друга држава за конкретен објект со превод на македонски јазик и неговото кирилско писмо, меѓусебен договор кој мора да биде потпишан од работодавачот и работникот со кој се регулираат правата обврските и одговорностите на работодавачот и работниците кои се упатуваат на привремена работа во друга држава кои по правило треба да се исти како и на работниците во тоа друштво во земјата и список на работници кои ги упатува на работа со назначување на датумот од кога се во работен однос. (чл. 15) Со законот е превидено дека корисникот на правото на упатување е должен да ги почитува одредбите од договорот или спогодбата за 78 упатување како и општите прописи за работните односи во врска со испраќањето на работниците во друга држава. (чл. 18) Корисникот кој има право на упатување на работниците е должен писмено да го извести Министерството за труд и социјална политика за датата за започнување на користењето на ова право.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Според неговиот резон, требаше да бидам внимателен, да не се наметнувам пред големите сили кои имаат историски влијанија и право врз малиот Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во текот на целата постапка судот – по службена должност – ќе внимава дали лицето кое се јавува како странка може да биде странка во постапката и дали е парнично способно (чл. 74, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По жалбите (кои имаат суспензивно дејство) на вработените одлучува управниот одбор во рок од 8 дена од приемот, а за донесената одлука го информира подносителот на жалбата во рок од 3 дена од донесувањето на истата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дали Борхес и Дерида всушност ги вложуваат и самите своите напори во корист на јазикот кој има сопствена супстанцијалност, и во корист на еден романтичарски сон за зборови коишто не ги означуваат предметите туку самите се предмети?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаат христијаните од Потковицата, како што знае и сиот христијански свет во европска Турција, дека ако порано турските закони сега фанариотите, кои имаат големо влијание врз султанот, им бранат на славјаните во Македонија да ѕидаат цркви и училишта - ако не се согласи во нив да се проповеда и да се учи на грчки и ако не се согласни да бидат под покровителство на Патријаршијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кој има толку имот и толку села наоколу да работат 10 од сто за него, сигурно и ќесето не ќе биде без петшестотини жолти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој има баба, дедо, постари роднини, пријатели на семејството - ама родени и стари скопјани - нема запраша дали се сеќаваат за селата Долно Водно и Горно Водно.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Веројатно би било доволно набрзина да се направи една општествено-семиотска анализа за да се објасни зошто маж кој има таков предмет никако не би бил некој што може „дома да го однесеш во Орландо и никој да не го познае“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сакале или не сакале, ние им подлежиме на општествените околности и на културните кодови што немаме моќ да ги менуваме (барем не на краток рок), на кои имаме моќ само да им се опираме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие се сметаат за игри поради нивната фамилијарна сличност со игрите кои имаат правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Понекогаш е доволно само производот да се даде на користење, без некоја посебна парична надокнада Сѐ на сѐ, методата е проверена, силна и едноставна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Може да биде и невербална размена на идеи или вербална размена на не-идеи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Замислете си го тоа: Писателите кои имаат милиони идеи во главата а немаат хартија, одат по луѓето во градот и ги потсетуваат дека треба да ја променат извалканата, да не кажам, искинатата облека.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Сѐ зависи од отвореноста / кон себеси, од искреноста / со која ја прифаќаш или не - / вистината која те опкружува и која има / големи, крупни очи кои гледаат / и отаде невидливото.“
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ја искорна предвреме реченицата со која имаше намера да го продолжи разговорот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имено, Судот, со право, оцени дека оваа материја не може да биде предмет на уредување на подзаконски акт на министерот, бидејќи со ова законски дадено овластување се врши противуставно проширување на надлежноста на еден инокосен управен орган и тоа токму во сферата која, согласно изречната уставна одредба, се уредува само „со закон и со колективни договори“ (чл. 32, ст. 5 од УРМ/91). 56 т штрајкот, од свои средства, да им обезбеди надомес­ ок на плата за времето на штрајк на работниците кои учествувале во него (чл. 241, ЗРО/05); д) и, конечно, намалувањето на овие права се гледа и во сферата на прекршочните одредби: •  за работодавачот, наместо поранешните две казниви дејствија (ако примал нови работници за време на штрајк или ако ги спречувал работниците да учествуваат во штрајкот – чл. 17, ЗШ/91) – сега постои само едно казниво дејствие, а тоа е она кога работникот кој организирал или учествувал во штрајк, организиран во согласност со закон, го стави во понеповолна положба од другите работници (чл. 264, ЗРО/05); •  од друга страна, пак, порано беа предвидени само две прекршочни одредби за работникот (кога тој ќе одбие соработка со работодавачот која има за цел да се обезбеди вршење на минимумот работа што обезбедува сигурност на луѓето или кога неоправдано ќе одбие да изврши налог кој има за цел извршување на некои меѓународни обврски што ги има државата – чл. 19, ЗШ/91) – додека сега се воведоа три нови казниви дејствија: (1) ако синдикатот, односно здруженијата на синдикатите, не најават штрајк; (2) ако започнат штрајк пред спроведување на постапка за мирење, предвидена со овој закон, односно пред спроведување на друга постапка за мирно решавање на спорот; и/ли (3) ако во писмото за најава на штрајк не ги наведат причините за штрајк, местото, денот и времето на почетокот на штрајкот (чл. 266, ЗРО/05). 3.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Убаво си е да се слави фактот дека „настраните кои имаат дваесетина и помалку години... гледаат дека се горе-долу прифатени каде и да одат“, барем во Њујорк, а најмалку од сѐ сакам да ја обезвреднам таа добра вест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Макар што во дипломатскиот кор циркулираа непотврдени информации дека наскоро во Картагина ќе се одржат првите американско-палестински разговори, како вовед во палестинско-израелските разговори, настојував да го совладам во себе поривот на вообичената дипломатска индискреција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
28 Се воведе дополнителна обврска за работодавачот, кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една или повеќе локации, да води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа на секоја од тие локации.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
41. ВО ГОЛЕМА ВОДА ГОЛЕМА РИБА ПЛИВА - би пливала и в поток кој има вир така син и бистар и така тивок како просторите на небесната шир...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А кој има добри 'ржи? Пак чорбаџиите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тој момент пред купето се појави кондуктерот, кој ни го прекина појадокот, а по него и еден со количка, во која имаше кафе и пиво. Но, никој не купи ништо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во арапското писмо, создадено за да ги означи гласовите на јазикот во кој самогласките постојат само во функција на смислата на зборот, не му служеше никако на турскиот во кој самогласките се, како во европските јазици, внатрешните елементи на зборот кој има сопствена егзистенција како и функцијата на согласките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, тој не можел да предвиди дека неколку децении по неговата смрт дизајнирањето на фонтовите во ерата на компјутерите ќе биде возможно за секого кој има приод до сканер и софтвер.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И секоја животна ситуација ја мериш со аршинот на нивните мудрости: „Кој има слободно време, тој мисли. А кој мисли - работи против државата!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
XLII Мајка, до крајот од својот живот, им ја даруваше својата добрина на своите блиски соседи, меѓу кои имаше и неколку осамени врснички.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дали некогаш сте имале шеф кој имал обичај да ве прекинува среде реченица и нетрпеливо да бара веќе еднаш да бидете конкретни?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мара со очи на уплашена срна гледа во растрепереното пламенче; Јана скришум брише солза; Аргир, кој има очи на риба - ококорено, студено и безбојно гледа кон излезот, чиниш некого чека-исчекува, гледа со поглед на гладно прасе, упорно, засекливо дури во мракот погледот негов пронижува ко сврдел и буди морници...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Интересно е да се спомене дека со секој нареден бран на вакви колективни отпуштања, правата на оние работници кои остануваа на улица беа сѐ помали и помали.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека слегуваше, помеѓу Тврдината и Мустафа-пашината џамија, кон стариот дел од градот, Татко сакаше, дента, пред да дојде дома, каде што го очекуваше Мајка, со сите големи и мали грижи што ги мачат новодојденците, да ја посети уште Султан-Муратовата џамија за која имаше најмногу слушано и читано.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— А бре, кој има јака глава, де баканека удри, ама нашите не се толку јаки можат ѕид да туркаат — се јави пак првиот трупар. Ho друг ce замеша: — Море, имаат донекаде право војводата и Илиа, имаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле светна, сепак надмина сѐ, како и Деница, која иако огрева најпосле, со својата светлина ги облева сите ѕвезди кои имаат сончева светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Тишината беше душата на јазикот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го виделе истото она што јас сум го запишал на 16.02.1952 година пајажина што се ниша на исчадената греда над мене како и книгите со кои беа обложени страните на бараката на кои имало со кила прашина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)