Мислам на целината, која израснува од спојување на меѓусебно зависните делови - дискови прикопчани на модеми, трансмисии поврзани со технологии за рецепција, снимање, удвојување и складирање.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тој се прашуваше нејасно колкумина се како неа во нејзината генерација - луѓе кои израснале во светот на Револуцијата, кои не знаат за ништо друго, кои ја прифаќаат Партијата како нешто непроменливо, како небото, кои не се бунтуваат против нејзината власт, туку едноставно ја одбегнуваат, како што зајакот го одбегнува кучето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од нив сега наеднаш беше исчезнато сѐ друго, беше еден судбински миг кога беа само со овој човек пред себе и тоа беше едно такво чувство, цело, како јаболко, а беше и некаква измореност, која израснува во задоволство.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ангсоцот, кој израсна од поранешното Социјалистичко движење и ја наследи неговата фразеологија, ја оствари, всушност, главната одредба од социјалистичката програма; со резултат, однапред предвиден и со намера, да се овековечи економската нееднаквост меѓу луѓето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)