Во ваква позиција се наоѓав во животот уште пред двајца мои добронамерни читатели со кои градев некаков пакт на споделување на читателската судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Животот ме научи дека љубовта е триптих составен од три дела кои градат целина, сакање, почитување и разбирање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не се заљубив зошто сакав да се ослободам од осаменоста, туку затоа што имам преголема љубов во ова срце, под овие гради и сакам да ја подарам и претворам во убавина и уживање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- татковино тука сум како да извика блаже конески а еве ја со мене и добронадежта сосе тешкото прашање како може да раздаваат душегрижност оние кои немаат души и кои градат куќи без оџаци и олуци?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)