кој (зам.) - влегува (гл.)

Не очекував само дека партијата на власт ќе бара еден вид услуга: откога ќе се заврши водоводот, јас да сум бил кандидат за пратеник за наредните избори од изборната единица во која влегуваше и Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Интересна техничка новина претставува проветрувањето на блоковите со помош на специјална апаратура, која влегува во дејство сообразна на температурата и влагата на блокот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дворот во кој влегува Корилче е доста широк а куќата приземна, трошна, така што сосем потсетува на нивниот селски живот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дозна ли: кој влегува и кој излегува ноќе од селово и по каква работа?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Црвојадина
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во пролетен самрак монах ги благослови луѓето кои влегуваат во храмот во кој, освен светлината во нивните очи, ниедна друга не продрела.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И Предо ги пушти долгите фарови, не толку за да му го осветлуваат патот во самракот, кој за чудо иако поминуваше по рамно поле, беше полн со свиоци, мовчиња и ендеци, колку да ги предупреди колите што му идеа во пресрет кој влегува во градот под Марковите кули.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имаше и француски, англиски, венецијански семејства кои влегуваа во семожни брачни и финансиски врски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Никогаш не ја заборавив сликата на разиграните дервиши како занесено до транс играа и скокаа, бодејќи се на крајот со долги и тенки куки кои влегуваа од едниот, а излегуваа од другиот образ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во Типаза на самата линија помеѓу брегот и морето имаше огромни отворени камени саркофази, во кои влегуваше и излегуваше самата минливост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На таа табла нешто недостасува. – Ме гледа вчудовиден. – Би требало да напишете уште дека секој кој влегува во Грција исклучително мора да зборува само грчки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука доаѓаат и цел ред други реформи, во кои влегуваат и оние што беа изработени од рускиот и австро-унгарскиот амбасадор во Стамбул и беа примени од Н. И. В. Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Апостолите Христови седан на него, на рабуш запишуваат кој влегува, кој не влегува во црква.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
• Човечкото тело е само материја во која влегуваат нашите души.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
XVIII Судбината сакаше во мојата сложена дипломатска мисија да се најдам во Картагина во времето кога владетелската арена принудно ја напушташе стариот Хабиб Бургиба, верувајќи до последниот ден оти е непобедливиот Југурта, а овде го продолжуваше своето владеење со својата далечна Палестина - Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше новиот трагичен херој во недрата на Картагина кој влегуваше во историјата, различно од Хабиб Бургиба, но обајцата имаа иста цел - да му донесат слобода на својот народ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прво, со овој закон е утврден најнизок износ на придонесите, но не дојде до утврдување и на најниска висина на исплатената (нето) плата. 1.  Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, Сл. весник на РМ, 142/08. 2.  Закони за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Сл. весник на РМ – 64/09 и 156/09. 188 Второ, при утврдувањето на дополнителните примања од работен однос кои влегуваат во основицата за пресметка и плаќање придонеси изречно не се наведени надоместоците за храна и превоз (чл. 4 и 14), со што се отвора можност работодавецот да не ги дава овие надоместоци на своите работници.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во единствената и голема антикварница на книги во која влегувам како во црква, со саати се вртам по тезгите и зевам по рафтовите, не осмелувајќи се да земам в раце изданија од Горки, Достоевски, Толстој.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На пример, луѓето кои влегуваат во лифтовите и излегуваат од нив и лифтовите кои се движат од првиот до вториот спрат: оваа информација може да ги активира колата кои до нашите уши носат бран од звуци (музика).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Со повлекувањето раководи генералот Караѓорѓиос. „Маневра е комплексен тактички-оперативен и стратегиски воен поим во кој влегуваат огнот, ударот и движењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но тоа беше доволно да разберам дека преписката со мене, барем со с покусите дописки, пишувани на рака и испраќани по факс, без да ангажира други, можеше еден ден сосем да престане.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во понеделникот, на 14 мај во вестите, по долгите и комплицирани известувања за изборите во Италија и во Земјата на Баските во Шпанија, имаше само една реченица за Македонија: Парламентот на Македонија синоќа го прифати формирањето на национална влада во која влегуваат различните албански партии со цел да се зачува стабилноста на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓу другото, тие ќе заклучат дека "партизанска Југославија сосема јасно ги постави неуништивите основи на идната федеративна Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Националниот комитет на ослободувањето на Југославија мора да се обиде не само да ги ослободи на одделните единици сите оние работи од внатрешната управа кои влегуваат во рамките на таа единица туку Комитетот треба да им помогне на единиците со негова иницијатива и со организациони совети".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сетилните „input-и” го примаат ударот на надворешното искуство, но не може да се има знаење за ова учество на надворешниот свет без предикативниот акт на личноста преку категориите на разбирање - кои ги организираат или ги обликуваат елементите на сензации кои влегуваат при што им позајмуваат значење (Rychlack 1991, стр. 84).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)