кој (зам.) - бега (гл.)

Се збогува и со другите селани, го јавна коњот: сувариите по него прејдоа отспротива и заминаа долу Руда, накиснати, како војска која бега пред непријателот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе по Зелка, Ѓурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој бега од гости? — одговори Мирче и го води под рака Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој тип на човек кој бега од непосредното, кој ја сака темнината, кој емотивната сликовитост ја прифаќа само низ една брза метафора, кој она чудесното (meraviglia) настојува да го дофати со еден интелектуален знаковен систем на крајно стилизиран јазик, не е ниту историски ниту социолошки тотално посебен и оригинален тип.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Залегнатата клица, заразата на еден живот на судири и амбиции од кој бегав и навистина сакав да избегам, се опираше во мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
1 Fatetur facinus qui iudicium fugit. Кој бега од судот, ја признава својата кривица!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот, со оглед на сите околности и според свое убедување ќе цени од какво значење е тоа што странката која ја држи исправата не сака да постапи според решението на судот со кое ѝ се налага да ја поднесе исправата или, противно на убедувањето на судот, одрекува дека исправата се наоѓа кај неа (чл. 218, ст.1-2 и ст.4-5 од ЗПП). 173 Х.Џ. против Охис Пласт Спор за неисплатени плати
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
КОТЕ: Јас не знам од арно кој бега!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Трепкаше со своите ситни очиња, јарешката брада, ги подигаше веѓите кои бегаа накосо и двете со различна боја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Си ги сретнал ли на улица оние кои бегаат?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јагулите, го напуштаат Езерото, го минуваат патот низ големите реки и стигнуваат до океанот; за Таткото, кој бега од фашизмот дојден од Италија ќе нема спас освен верно да го следи патот на јагулите и неговите деца ќе се соочат со истата „проблематика на излезот од порочниот балкански круг”.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По звукот, звукот предавник, се препознава - Вардар е надојден.  Изворот е изгубен однапред за оној кој бега од изворот - како реката.  Рамнодушна спрема времето спрема колективната несреќа спрема личната карма спрема сè надвор од неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кој бега од крстот, вели, бега од бога, бега кај ѓаволот, вели и вади кесе тутун жолт, жолт како дукат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)