Пред да заминат за Анадолија, Мустафа Кемал и Рифат Орбај ќе го посетат Али Фети во затворот во Малта, кому ќе му бидат изнесени плановите за отпорот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но штом ќе им згусти и за најмала ситница, кому ќе му се поплачат?“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тамам, си рекол, еве кому ќе му ги оставам парите. И му ги дал.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На полноќ дувна ветер во црквата, сите светила ги изгасна, а јас во мракот видов ангел слезен од небесата, со калем во раката. „Не бој се, и колената твои нека не треперат толку; ти си тој кому ќе му се каже откровение за писмото ново за твојот род, оти Оној што ме праша вели дека ти со него одиш, ни пред него, ни зад него“, ми рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ни викаат, ни тропаат, ама кому ќе му речеш?!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, кому ќе му кажеш?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не ќе се најде ли некој, што ќе го пречека нанишан некоја вечер, без многу да му ја мисли што може да му се случи после, некој, кому ќе му биде и премногу стемнето пред очите, за да не може ни да се обѕрне на тоа; да му биде сосема сеедно тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
АНТИЦА: (преку песна). Ти си спремаш брзата коња да врвиш Мене, лудо, кому ќе ме оставиш?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кому ќе пишувам? Немам повеќе никого.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
ЕВТО: Ебати животот. СУЛТАНА: Што беа тоа погани усти. Малку малку, како кому ќе му текне пцуе по животот. Сѐ животот им е крив.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Палестинската власт, на чело со Махмуд Абас, наследникот на Арафат прогласи тридневна национална жалост на Махмуд Дарвиш, монументот на арапската поезија (според агенцијата Франс-прес), кому ќе му биде приреден во Рамалах, како на Јасер Арафат пред четири години, национален закоп.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во близината се наоѓа културен центар каде што Махмуд Дарвиш ги читал за последен пат своите стихови пред насобраните Палестинци кои не можеле да си претпостават дека го слушаат за последен пат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)