Со тоа - сакал авторот или не - во целото дело стварноста на вистината, односно на вистинитото, ја проширува и на измисленото (кое токму вистинитоста го претвора во стварно).
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мозочето мое кутро, кое си го замислував како обарен карфиол на кој топлината му ги уништила сите витамини и хранливи состојки, беше оптоварено од ништо друго, туку од непотребно (но тоа сега го велам) непрестајно, и на крајот на краиштата, бескорисно (кое токму такво се покажа) проследување на настанатите, па дури и на ненастанатите, туку потенцијално претстоечки ситуации во мојот живот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)