Ако не се може поинаку, вели, ако е преголема ихтиза, човекот ќе бара некого од спротивниот табор со кого има горе-долу муабет, и ќе го моли тој да оди во дуќанот да му купи, но овој самиот никако не оди.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Утредента, откако ми се заблагодари за музиката, со една еднозвучна учтивост што во ушиве не можеше да не го смали „големото уживање“ што го проповедаа неговите зборови, засмеан додаде, како другар на другар со кого има сосема ист став за работите: „Нели е жив ужас да завршиш ко некоја стара кралица во пијано-бар и да си го лигавиш пијалакот секогаш кога ќе ја засвират ‘Некоја чудесна вечер’!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ама тогаш, при таа прва средба уште не знаев со кого имам работа и се однесував како што сум свикнала понекогаш да се однесувам: едно да мислам, друго да кажувам, едно да чувствувам, друго да покажувам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Или го направи за ќајата Неби-ага, за тој да види со кого има работа, или пак за неговиот брат дервишот Керим, или за церибашата Осман-ага, негов брат од чичко - сите да се саштисаат и да речат „аферим”?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Којзнае шо ќе стане со нас по ваа ѓурунтиа! — се приближи Бешот до вистината на блиската иднина на сите оние што учествуваа во бунтов.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Патем пак го молеше за тоа да му прости на Мирчета, но Луман му објасни дека верува оти тој Мирче е сиромав, само сака да го научи народот да знае со кого има работа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Нивната сила се виде. Народот разбра со кого има работа, та тешко ќе биде сега да се повела.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кон болките сега се придаде и една тешка грижа, да не го побараат, да не го спашкаат по адресата, и дедо Иван ќе се
разочара во него, ќе види со кого имал работа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)