каков (зам.) - ли (чест.)

Токо, пак, ајде да а вида шо домаќинка ќе биде, кој знае ошче какви ли новини не ќе внесе во ваа куќа?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги има секакви - ромбоиди, паралопипеди, и уште какви ли не други невозможни форми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мислеа и премислуваа: каков ли ѓавол оди низ нивната куќа и растура несреќи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Седумдесет товари! Каква ли пара беше тоа!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Каква ли е оваа лукавост на жената со која започна нов живот?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Какви ли се овие молскавици и грмотевици?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Пред да ги приграбат други, јас ги прибрав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И, ете, јас сега си мислам, на каква ли кривина сме сега, на каква ли кривина се најдовме?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Што е тоа психијатрија, каква ли тоа наука, каква струка, каков занает?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Каков ли треба да биде типот на жена што ќе умее да го среди или поточно да го приземји необичното, дури и откачено чекорење на мојот постар брат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мислеа и премислуваа: каков ли ѓавол оди низ нивната куќа и растура несреќи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)