каков (зам.) - хиерархиски (прид.)

Вторите, исто како и првите се загарантирани со Уставот на РМ, па било каква хиерархиска поделба на битни и помалку битни, односно приоретизирањето на едни во однос на други загарантирани слободи и права претставува значаен недостаток, посебно ако се има предвид дека токму социјалните права се едни од најфлагрантно кршените уставно загарантирани права во праксата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Феноменот на Чудна Јамка настанува тогаш кога следејќи некоја нагорна (или надолна) линија долж скалилото на било каков хиерархиски систем, одеднаш ќе се најдеме, на наше големо изненадување, на почетната точка. (Во изложениов пример во улога на хиерархиски систем се јавува системот на музички тоналитети.) Понекогаш го користам терминот Заплеткана Хиерархија кога сакам да дефинирам систем во кој постојат Чудни Јамки.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)