Сиве рипна од масата и се загна кон Тодора, уверен дека е некоја шега, какви во разни случаи правеа мариовците еден на друг.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Млитавиот и сив општински писар трипати дневно ги ласкаше жолтите чевли, ги дуваше напудрените образи и уживаше во својата државна служба со каква во улицата можеа само тројца да се пофалат - тој, кусогледиот инспектор со несовитливи коленици и ќосавиот полн послужител во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Изливот на нетрпеливост и изгубеноста на двајцата возрасни луѓе, инсекти под стапалка на времето што не го разбираа и што, преусвитено од брзање кон нејасно зацртани цели, не се разбираше ни самото, стануваше омраза за каква во селото одамна не се знаеше.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)