каков (зам.) - судбина (имн.)

Какви желби јас имав, каква судбина замислував!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Работиш, чепкаш и в раце ти доаѓаат предмети што лежат в земја илјада години, предмети што ги изработувале и употребувале луѓе за кои знаеме само дека постоеле, а како се викале, како живееле, какви судбини имале, не знаеме...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Кога судбината ќе се обиде да ти го скрши вратот, тресни ја по муцка, со тврд глас рекол Пандил Димулев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега солзите не само што ѝ блескаа во очите, туку и ѝ се ронеа по лицето, а таа си ги апеше усните до крв и не можеше да си ја запре мислата: „Посвојче кај посвојче, каква судбина!“
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Бори се и ќе поживееш. - Со кого да се борам, каква судбина? - Таква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)