Најмногу ги вознемирило оние кругови околу Егзархијата кои што сметале дека го имаат правото да раководат со судбината на македонскиот народ и мислеле дека без нивно знаење и одобрување не можело и не требало да се презема ништо што би водело кон било какви промени во животот на македонскиот човек.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Билансот на политичките партии во однос на оваа проблематика ќе го прикажеме во заклучокот, а за читателите да можат да го следат тоа која влада какви промени во законската регулатива донела, овде посочуваме во кој период која политичка партија ја предводела македонската влада: • 20 март 1991 – 17 август 1992 година – експертска влада • 5 септември 1992 – 30 ноември 1998 година – СДСМ • 30 ноември 1998 – 1 ноември 2002 година – ВМРО ДПМНЕ • 1 ноември 2002 – 28 август 2006 година – СДСМ • 28 август 2006 година до денес – ВМРО ДПМНЕ.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)