Мило му беше, но поинаку ќе се однесуваше ако знаеше како изгледа Орелска Чука и пред какви опасности се наоѓал неговиот Денко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И јас решив да патуваме. – И сега сигурно знаеш на какви опасности се изложувавме! – Јас тогаш знаев само дека се готви „соединувањето” со Италија!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка не можеше да сфати каква опасност може да предизвика споменувањето на грофот Чано во семејството, триесет и пет години по неговата смрт, по исчезнувањето на фашизмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Свекрва ми стигна да рече: – Виде ли, ќерко, виде ли на каква опасност ги изложи децата! Не ѝ одговорив на баба ви.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И така, претпазливо и со влечкање се доближи до кучето припивајќи ги мачињата околу себе и држејќи го кучето на нишан, постоја неколку мига, а потоа забрзано, бегум, мина крај него со мачињата кои не сфаќаа во каква опасност се наоѓаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа и не слутеше каква опасност и се ближи.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Со такви ставови, нараторот добро знае на какви опасности се изложува и не му е тешко да разбере зошто постојано е прогонуван до безизлез; треба да се спречи по секоја цена да ја мине границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но кутрата не знае какви опасности ја демнат во планината, каков волчји поредок владее таму.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)