каков (зам.) - намера (имн.)

Велам мојот живот иако знам дека тој мој живот не е осамен остров туку е дел и од многу туѓи животи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и не сфатив каква намера стоеше зад неговата привидна нежност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас не го следев сосема каква намера има, бидејќи бев премногу зафатен со себе си и со оние чувства кои се раѓаат во моменти на вакво расположение, а кои би можеле да се наречат, одмазднички. Да, одмазднички!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во што бев загледан и со каква намера не можам да речам, но знаев дека шетам по оној огромен простор во кој беа сместени поединостите од мојот изминат живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Барем да ми кажеше каква намера имал.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)