Дедот Јована уште утрото го собраа заптиите во Витолиште, а откако дојде комисија и направи „ќеш“, над отепаниот онбашија, Ташко и војникот, го отераа во Прилеп, a оттаму во Диар Бекир, откаде не се врати да ја види главата од сина си Бојка, кој падна од потерата на истиов овој мулазим и бег од Витолиште по двегодишно кумитување.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И тоа каков другар. Не послаб од него и Трајка Брниклијата, порешителен од сите нив во четата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)