Ете, и тоа ми го имаше речено иако не се сеќавам во какво време го тропна; дали пред да ѝ ги донесам симидите или кога веќе ѝ ги подавав?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Впрочем, и во други градови се случува сите ѕидови да имаат уши. Какви времиња, такви ѕидови.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А што е за право никој немаше зијан Од братството и единството на соновите и сонувачите Колку пати треба да се повтори Какво време такви сонови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Само Севишниот знае какви времиња се вестат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Какво време дојде, оди во црква – светци, излези надвор – слепци.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)