каков (зам.) - вкус (имн.)

„Не. Затоа и го оставив.“ Еднаш еден колега го праша намигнувајќи кон другите: „Иване, каков вкус има млекото на кобилата?“ „Која кобила?“ прибрано праша „Една“, чу. „Една од некогашните брачни јасли.“ Ги стисна забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неколкуте минути на тој необичен хипнотички експеримент го продла­бочија моето чувство за мистеријата на заемните врски помеѓу физичките дразби и нашето искуство за нив, за вкоренетоста на сетилноста во менталното устрој­ство и рамка, за моќта на социјалната динамика и структура, на нашите лични врски и робувања, да влијаат врз, дури и да ги детерминираат, нашите верувања, мисли, осети, перцепции, чувства, конструкции и однесување, до граница чие определување е невозможно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога една смрдлива смеса може да има вкус на извонреден шери, од каде знам каков вкус има префинетиот драј шери, или што и да е друго?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)