каков (зам.) - му (зам.)

Затоа не можеше да се види какво му е лицето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ех, бато, бато воздивнав, мил мој батичко, каде си сега ти?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А пак забите какви му се, бели и наредени како под конец!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во Битола, можев и самата да се уверам дека сите изгледаат поинаку на телевизија отколку во стварност и дека се обични луѓе, исти како ние, само што се популарни, па нѝ изгледаат поинакви.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку е висок, какви му се очите, дали е силен, дали таа и таа артистка убаво е облечена и нашминкана...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кога порасна Скрче, крпчето во кое го имавте врзано неговото пресечено папоче, го одрврзувавте и му го покажувавте да си го види какво му било кога од мајка ми сте го одделиле...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па и да разберам какви му се плановите на Хелвиг, во врска со Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Наслови на неговите други романски книги: Книга за обманите, Преобразбата на Романија, Солзи и светци, Сомрак на мислењето, Приручник за страста. 1937-та Сиоран заминува во Париз и од тогаш останува во Франција, велејќи дека сликата на Романија ја чува онаква каква му се врежала во детството и таа слика не сака да ја поремети со чести доаѓања.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пелагија за да не ѝ овозможи на Пена да оди понатаму и за да не стигне до оној црн ден што ѝ ја има зацрнато животта на момата, се сврте кон Танаско за да го распрашува каква му е работата во фабриката за конзерви.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа беше исто како кога некого одненадеж ќе прашате какво му е броилото на часовникот: со арапски или со римски цифри, во која боја?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И пак пратил книга на сина си и му казал да е учинил какво му рекл.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И така слушам за него и пак не знам како догања, каква му е иконата, лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)