каков (зам.) - се (гл.)

Зошто знаете какви се Турчиштава, на чиј синор ќе се најде убиениот, тамошните луѓе оддеваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не сакав да го прашам какви се неговите планови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Борко распозна две птици. Но какви се? Црни се но не се врани, зашто летот на враните е поинаков.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја привлекол поблизу торбата и си рекол: Чекај да видам какви се урмите? ... И запалил свеќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- А какви се пијавиците? - ја прашав. - Грди. Црни. Со устинки што се лепат за кожата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тинејџерката: А какви се тие клошари што ќе дојдат на тоа парти?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики (Ја граба за рака): О не, не. Ти верувам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А какви се аждерите на иконописецот од Побожјане? - Вакви, вујче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков умее да напише јунак и умее да напише аждер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што стана со тој обид и, воопшто, какви се шансите тој не баш занемарлив проблем да почне да се решава современо, ефикасно и цивилизирано?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како да ја ослободиме птицата од загатката Онаа загатка што прашува: „Зад облаците какви се планините на сонот“! (И да го знае одговорот, зар ќе ја реши тајната)? 1991 год.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Тогаш ајде со нас! Што си тргнал сам! Не гледаш ли какви се времињата?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сакав да викам од прозорецот, но ми текна што ќе речат: какви се овие партизанките.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми пријде како некое животно, се боревме, мислев дека ќе го победам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)