Белки не им шепоти што ќе му скимне во главата, држејќи во скутот отворена тутурка семки за грицкање?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таа нешто им шепотеше на своите деца: најновата кукла Марија, веќе по малку распарталеното мече што го наследи од мене и една огромна чудна кукла од крпи што ѝ се вика Калина.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но што им шепоти суфлерот на артистите?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Меѓутоа, се таложат вековите на Балканот врз нивната свест и им шепотат - тоа е самата смрт преобразена во забесто и привидно неснаодливо животно, поточно гнил костур во чии обрачи на ребра е затворен светот со сите реки, градови и села, се со што живее како човек, животно растение: пеколот е на земја, земјата во него.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)