им (зам.) - текне (гл.)

Сѐ ќе паднело во вода ако на организаторите не им текнало на секоја лубеница, некаде на средината, да и стават по една цреша со боја на трула вишна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Само да не им текне да речат: ајде, станувајте, тргнуваме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека тие така се чудеа на сè што ќе им текнеше и на сè што ќе видеа, гледаа како полето се отпразнува од војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога Тефик рекол „нешто“ на овие им текнало оти Тефик натамина зборува.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А на овој потег се решава после разговорот и позитивното искуство на еден негов поранешен колега од „Охис“, кој го имаше истиот проблем, тужеше и го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако не пресечеме веднаш, може ќе им текне и светец со време да го направат овој Ѓорѓи Кратовец?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си чуваат во него грав, просо, што ќе им текне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не мора сосема да го отвараме, само крајче, да видам што ќилим ќе е тоа да може да се свитка во толку мало пакетче, а башка што најмногу ме интересира, што им текнало дури од Индија да носат килим, кога мајка ми и овде одбива да купи оти најмногу сака подот да ѝ е гол за да има што поширок простор во собата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што ќе им текне...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кршете вратот од мене, чакали ненаситни, зарем не ви беше доста? Јас пак помислив: им текнало на децава да фрлат настарост некоја помош, а тие уф...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
"Сега, по две години, им текнало дека е Германче и дека е нивно" - викаше по дворот Марија, самата несвесна за тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Жетва била, та им текнало во отворот да фрлаат запалени снопје.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А на оние шутраци, цариниците, ич да не им текне ниту за стариот и новиот велосипед и ниту за шуплината во дрвената нога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тие се повлекоа и повеќе не ќе им текне да помирисаат ваму.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога ќе фрлеа поглед кон сонцето ќе им се пристореше дека ноти потскокнуваат во виножитото ама кај ќе им текнеше баш тогаш на Моцарт и сомотските виенски валцери!?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кажуваат само луѓето, си мислам. И тоа што ќе им текне ти кажуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)