Промената, наружана, како што беше на оро, влезе и на сите со ред, почнувајќи од стариот мудур, им стори здраво живо и фати рака, со секого па дури и со ќелавиот Сула ..
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Христијаните не сакаа да ги имаат на душа а Турците се плашеа да не им сторат некој зулум.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По недела две се најде отепан Турчинот, Катил Шериф, на патот за Прилеп; по друга недела две Тоше Налев им стори абер дека го видел Толета во Битола како се шета по атпазар, та се осмелил дури и на ан кај него да појде и да му ги побара седумнаесетте лири што му остана должен Јован Сиве во Старавина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Никаква шега, ами навистина се затресе пашата и се замисли што да прави ако му дојде Тоде еден ден да си ги бара сметките што го брка толку време по Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зад нив се слушна чврчорење од јаребици, и една претрча пред нив, како да сакаше да им стори абер.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За да не го носат полн фижидерот сандак, ги преместија работите токму кај мене, за да им сторам услуга да ги сместам во нашиот фрижидер.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Јас, нели сум стара, сакам добро да им сторам, та да ме споменуваат!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
И сетнем им сторил некој абер, па тие се спуштиле во градот.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
- Ами гускава печена кој ќе ја земи, бре гости?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Не јади штрк телци, а чедо, туку лели ти е страв, бркни го!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ја, подај го, јас да го земам, оти ние попоите за мака сме родени.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Стоејќи еднаш на куќа, видел жената му кај молзи кравите и, од милос на убаите телиња, слегол во двор и отишол до телињата да 'и помилуа ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штрко Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце и видело оти телињата 'и милуал Силјан со клунот, та се уплашило да не им стори нешто штркот, та је свикало на мајка си: - Мајко мори, види го штрко, ќе 'и јади со клунот телињата!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Свите сватои се почудиле на умшчината од старијот и го измолитвеле за доброто, шчо им сторил.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)