- Се договоривме, - почна да расправа Гоце - јас, Коце, Тасе... целото одделение, кога ќе идат Турчињата од турското училиште да им ставиме во торбите сланина.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
„Тој човек“, реков јас, „им дал на маказарчани црква, иако сета работа околу црквата не ја финансирал тој, им ставил крст на неа, не еден, можеби два, им обезбедил камбана, учител за црковното училиште, им ископал бунар, а им го поправил и мостот каде што се денес продавниците на Маказар и кој и сега има потреба да биде поправен или да се изгради нов.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Окопав неколку околу коренот, ги обрежав и им ставив колчиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
— Ако забележи некој од вас некој пезевенлак од нивна страна, ќе ми кажете мене, јас ќе ви наредам што ќе правите после, — им стави до знаење на сите свои потчинети и ја прифати поканата од чорбаџи Чешелка да му биде гостин вечерва, а другите чорбаџии зедоа по еден мулазим, чауш или башчауш и сите вечерта добро го нагостија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го оставија селаните, но само од директното учество, а советите ги прифатија и многу умно направија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Уште при влегувањето, го слушна чеканото прашање од стражарот. — Ќим сн сен!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Co овие утешенија го испрати Сефедин мудурот со една патрола во конакот, а сам ги обиколи сите стражарски места, па и Расим чауша и им стави до знаење дека ноќеска ќе има нешто — добро да се држат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од февруари до март 1943 година, Черчил им ставил на располагање 10 авиони халифакс, кои пристигнале дури во јули, кога била донесена и одлуката бројот на авионите да се зголеми на триесет и шест.19 Исто така на располагање на СОЕ бил ставен и аеродромот во Бари што било и многу поблиску до Југославија и Грција, отколку аеродромите во Африка (дотогаш полетувале од Протвилеа во Тунис).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Исто така им ставил до знаење дека “британските претставници на состанокот се само во својство на посматрачи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но и покрај ваквото уверување Маклин му дал до знаење на Тито дека тој не “бил разуверен“, и дека ќе “суди според настаните, а настаните се многу вознемирувачки“.295 Од своја страна, претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито, притиснат од очебијните факти за она што се случувало во Македонија, а и самиот во нецелосен тек со она што се случувало таму ќе му изјави на Маклин дека сите активности кои се случувале во Македонија “се случувале без негово знаење или одобрување“ и му ветил на Маклин дека тој самот ќе се заложи да им стави крај на таквите активности.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Фала му на Бога што ме донесе на ова место и што им стави крај на моите маки.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сега им стави хмељ и вода и истото старо чудо пак се повтори.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога Кети забораваше да им стави лој или корки од леб на клупата надвор од кујната, тие потскокнуваа на первазот од прозорецот и нежно ѝ тропкаа на стаклото од прозорецот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И замислете дека немаат име, и дека треба да им ставите име.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
АНА: Сега, да донесам прво за вас или прво да им ставам на аргаткине?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во САД, ниту Црниот историски месец , ниту Хиспанската традиционална седмица, ниту пак мумификацијата на Природните американски култури не успеаа да им стават крај на културните барања и “политиката на идентитетот” на растечката разнолика популација.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На Илија Антонов и на кмето од Бучин им ставија по 40 оки олово и ќе ги судат како членови на ВМРО и за „учество во атентато“.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Убиениот Иван Бојаџиев бил предупредуван од Трбиќа, интересно е што, кога веќе знаел дека ќе биде убиен, зошто не кажал и точно од кого научил за тоа?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги истрижа Бојана и Александар на единица, им стави привремени тетоважи на пресечена црвена роза со златна сабја и им ги снабди со симболот на владеењето на Стојан – електричен пендрек.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Моите чувства се испрекинати. Постојано се прашувам дали ќе им ставам крај.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Првин Мајка на сите им стави во чистите чинии по парче од тикушот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Макар што си имаше проблеми со неумереното консумирање храна, Камилски прв го вкуси парчето пита.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На изгорениците им ставила нерастворена есенција и сестра ми се онесвестила.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ја ведна главата покорно и уште попокорно ѝ нарача на снаата да им стави вечера, го нагости арамијата, поприкажува со него и кога стана овој, дедо Бошко си рече дека ќе здивне.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
По смртта на сликарот Столпник, во неговата куќа луѓето ја најдоа последната негова слика: неколку муренкови стебла излезени заедно од земјата од еден ист корен, од едно исто 'ртиште и плодиште; додека излегувале од земјта, си давале сила едно на друго, си помагале, а потоа секое на својата судбина се препуштало: едното: напинајќи и грабајќи ја лакомо височината, се истенчило, се искривило, како змија фатена за опашка; гранките му откажале во овој тежок напор да го следат, и тоа, полека, болно, се превиткува надолу и тоне со главата кон земјата; под вратот има заглавено висока потпирачка со чатал што не му дава да се скрши и струполи на земјата; но сето тоа е така болно и тажно штом тоа самото не може без потпирачка да се додржи; другото: робувајќи им уште од излегувањето од земјата на многуте фиданки што лакомо наудриле од него како човек со многу пород, и грижејќи се за нив да порастат, да се здебелат и рашират, постепено станало нивна жртва; тие, не мислејќи на него, се туркаат меѓу себе, грабаат од просторот, се надвишуваат меѓу себе, не водејќи сметка дека еден ден од тежина или од силен ветар, ќе се струполат заедно со тоа мајчинско стебло што им дало живот и повеќе никогаш не ќе кренат глава: ќе умираат постепено и ќе се сушат на урнатиот стеблак; трето: или по сој или така му бил благословот: кога му дошло време за плодење како господ да му се распашал: преполно е и се крши од плодови; капи благ сок од муренките како на доилка кога ќе ѝ надојде млекото; пониските гранки од тежина се спуштаат до земјата и се потпираат да си го намалат бремето; четврто: уште од раѓањето анемично - и до крајот на животот анемично; што можеле другите да му помогнат, му помогнале долу под земјата во времето на 'ртењето и пуштањето на корења; а згора: секое со својата среќа и судбина живее, како птиците кога ќе пркнат и ќе го напуштат седелото; околу него има мала оградичка од штички што го штити да не се чеша стоката од него или да го гризе; кога еден ден ќе се исуши, ќе остане така заградено со штичките како споменик: ако од него избијат нови фиданки, тоа ќе бидат посмртчиња кои одново ќе започнат борба за живот; петто: препуштено е на судбината и на бога: здраво-прездраво е родено, пркнато над земјата, а веќе едната половина му се суши; стои како човек парализиран на кого само едната половина му е подвижна; прави напор да расте и да ја влече со себе и другата половина што му стои како мртовец врзан за плеќи; најтешко му било првите години додека свикнало на тој напор и на тоа проклетство а сега просто ѝ е препуштено на судбината; она шестото, седмото, осмото, што откако излегле од земјата, помислиле дека сè можат и сè е нивно, живеат двоен живот; двојна среќа имаат: на едни сè им е едно во кој правец ќе се развиваат: нагоре, надолу или настрана; не размислуваат ни како да ја оформат својата крошна за подобро да се заштитат од ветриштата и снеговите; не се грижат и не размислуваат дали некој пред смртта ќе им стави потпирачка под мишките или вратот за да не се струполат притиснати од својата негрижа, или дали по својата смрт ќе остават потомство; се шират и живеат како што милуваат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа е сè што може човек да забележи гледајќи ги стеблата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дури, за да го прифатат, една вечер им стави на знаење на младите картаџии дека тешко некој од нив би го надиграл.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На помалите им ставија помала трпеза.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)