Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не е некакво чудо што пријателине во Бостон можеле да изградат траен содружнички живот, додека геј-бањите, сопчињата, секс-клубовите и страниците за мување на интернет цутат од трговијата со геј-романтичарите, кои си ги претпочитаат сопствените илузии, сопствените мечти за љубовта, а не некакви вистински луѓе – луѓе кои, на крајот на краиштата, не можат да им ги одржуваат тие илузии, барем не многу долго.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа не е да ни помагаат да си живееме среќно и весело до крајот на животот, туку да ни овозможуваат да насобереме што е можно повеќе антисоцијални возбуди во мигот и да ни дадат структурирано заедничко место во кое ќе им даваме полет, израз и издув на своите романтични мечти – без да си нанесуваме себеси и на партнерите никаква трајна емоционална штета.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Врховна мудрост е сопствениот љубовен живот свесно да го живееш како мелодрама – сосема да сфатиш (иако не мора тоа да биде322 експлицитно) дека мелодрамата значи и деградиран жанр на книжевен дискурс и унедостоен прагматичен жанр на емоционално изразување: презрен, феминизиран, смешен, тривијален стил на изразување на сопствените чувства.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Последнава забелешка, патем, нема за цел да им спушти на оние меѓу нас што одат по бањите, по сопчињата и по секс-клубовите; таа треба само да потсети за што тоа, всушност, служат тие машки геј-институции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)