им (зам.) - спие (гл.)

Мајките, задоволни што им спи­јат децата, подготвуваа јадење од последните трошки во своите торби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Војна. Мислата за смрт и разрушување им спие како склучкана змија на срце.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Истиот тој татко, јас сум сведок на тоа, кој ниту еднаш не ја посети Лена во породилиштето кога Стефан се роди, додека на другите родилки мажите, тукуречи, им спиеја под прозорците на породилното одделение, згора, значи, на тоа, го испрати својот шофер да ги земе од болница.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)