им (зам.) - советува (гл.)

Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да му се загнеме по нив и да ги оплескаме по Топли Дол, — им советува коџабашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не излезе така лесно како што го предвидуваа тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
15. Јован Сивев им советува на мудурот, Тошета, Данабаша и заптијата да не го кажуваат случајот нигде, да не се прават за резил.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дома останаа да господарат Анадолците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа големи потери не прејдоа одовде река.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На исток Тиквешијата — бетер. Повеќе беља од башибозуците отколку од редовната војска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Власта ја иследила оваа работа, го изгорела Лисиче, ги истепала селаните, ги преселила децата и жените, а за судските трошоци го продала целиот реон од Лисиче (Раково и Рамништето) на Полчивци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Племната, деца, ваќајте а племната; ако можите во сламата да се позатоплите, друго чаре нема, — им советуваше дедот Бале на своите десеттина членови од семејството.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Чарето тоа е. Да се ваќа орманот: Кравица, Добро Поле, Соколот; ако може мајката планина да не зас'не — им советува Толе и ги изведе еден ден на врвот на Соколот, на границата меѓу Мариово и Меглен, та ако дојде зорт, да можат да се преметнат некако во Пајак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Овде, другари овде. Ако орманот не нѐ спаси, отидоме кај свети Петрета, — им советува Толе на сите раководители на пропаднатото востание и им ја покажува цуцката „Соколот" со густата елова и букова гора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И во една дебата крај книгите на Камилски, кога Татко тврдеше дека конечно Балканот останува најсложениот лавиринт, Климент Камилски, покажувајќи му ја книгата на Рене Декарт Распправа за методата методата (Discours de la methode), му рече: Знаеш ли, пријателе, што им советувал Декарт на изгубените патници во шумата?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа Барес може, во името на науката, на своите сонародници да им советува да се ослободат од крупните зборови какви што се вечно или секогаш, и како пример им го наведува идиомот кој, наместо зборовите „јас мислам“, ја остава можноста да се рече: Es denkt in mir, „тоа мисли во мене“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овој ги излажа, им сочувствува и рече дека не може ништо да направи за нивно олеснение, освен да им советува на затворените да се предадат па да молат за милост.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја гледав, додека така ја замислував, како се срами од својата голотија пред децата, иако човек најмалку се срами кога знае дека е на неколку чекори од смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја слушав Отла како им вели на децата дека прво мора да се истушираат, и им советува секое да внимава каде точно си ги остава алиштата, затоа што по туширањето ќе треба набрзина да се облечат за што поскоро да стигнат до плажата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стаса владиката со пајтон од градот, се собраа луѓето околу него да чујат што ќе им рече, што ќе им советува во ова зло што ги снајде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)