им (зам.) - пука (гл.)

Во последно време никој не може сосема да е на јасно Која посока ја фатиле Македонците и во која ѕвезда зјапаат Секој има право да си зјапа кајшто сака И безбели ќе биде најдобро да се остават Македонците Ем да се изназјапаат ем да си ја надат посоката Ем да им пукаат гласните жици од патриотски песни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Уште неснесени им пукаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш кога командуваа со нас, да ми велеше некој дека тие се многу расипани луѓе, ќе им пукав меѓу очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А од тие камиони слегуваа понекогаш некои од големците, чисти и избричени, чизмите им болскаа и руменило им пукаше од образите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ти пукаат ушните тапанчиња, им пукаат јајцата на желките и на птиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие не само што имаат вештачки вилици и заби Ами и главите им пукаат од вештачки сонови А и зборовите веќе не им се природни и веродостојни И кога ги редат божјите заповеди Намерно ја прескокнуваат онаа – не буричкај во туѓи сонови.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Буките крцкаат, им пука кората, им подгоруваат лисјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)