Од тие со кои почнавме, има сѐ помалку. Се истрошија. Голема беља си имам. Да им подвикнеш?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Можеш и ти да им подвикнеш, да им се скараш. Можеш и да напцуеш, дури и да удриш.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сега Богдан почна да се менува и кон нив: не правеше повеќе шеги како порано, ами почна да им подвикнува исто како и таа што правеше порано, да им ги следи стапките и да гледа што прават.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Им подвикнав на кучињата: - Геско, Шарко...
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кучињата продолжуваа да лајат, а тој им подвикна и ја фрли гламњата што уште ја држеше в рака.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Жалам, другар и другарке. Гозбата е завршена. Ајде кај овците! - им подвикна на кучињата, а тие, не баш настроени, се упатија кон плевната, кон своето стражарско место.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Погледни нѐ, повеќето сме трудни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тој, и не погледнувајќи ги, знаел која е трудна и која кога ќе роди и женскомашки се клештел - ќе им подвикне, ќе се разбегаат како чавки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Поп Јаков не можеше да се воздржи кога ги виде потурчените аџии Јанета и Рампа, па со гнасење им подвикнаа: – Ја добивте играта на овој свет, но ќе се прашаме таму горе – и погледна во небото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Им подвикна на другарите да го напуштат пазариштето и заедно да си одат, да си го берат стравот по Слива и Писокал.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој прво сакаше да излезе поитар и да мине некако инаку, но кога виде дека не може, им подвикна на децата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сите отидоа по него, а дедо Ангеле им подвикна: - Ајде, пасете трева, магариња!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)