Еве, на Турците им плаќаме арач на секои три години, но да чепкаат во нашата внатрешна слобода и независност - тоа никако!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Овие работнички работеле по 10 часа дневно, два месеци не зеле плата, а газдите не им плаќале ниту боледување, ниту хранарина.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Едни беа за спогодби. Да им плаќаат по нешто на силниците, за да ги остават мирно да си живеат како досега.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Е, после ќе те одерат така добро што и твоите внуци ќе им плаќаат оштета на внуците на поштарот.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Значи, кај Македонците името Бугарин е фалшива монета со која тие им плаќаат на Бугарија и нејзиниот кнез и на нивната татковина и нивниот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тогаш за аргатлукот не им плаќале со пари туку со пченка, за со почетокот на зимата да стаса лепчето за преживување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)