им (зам.) - остане (гл.)

Подготвителното рочиште треба да се определи така што на странките да им остане доволно време за подготвување, а најмалку осум дена од приемот на поканата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Странката која е уредно поканета да присуствува на рочиште или пак е известена за преземање на определено дејствие – а не се јави пред судот, без оглед на причината, судот нема натамошна обврска да ја повикува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За истиов сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 10.000 ЕУР на работодавач–физичко лице; а 7.000 ЕУР на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот (чл. 264, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странките се должни најдоцна на подготвителното рочиште да ги изнесат сите факти и докази врз кои ги засноваат своите наводи, како и да ги достават исправите и предметите кои имаат намера да ги употребат како доказ во постапката (чл. 271, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подготвителното рочиште треба да се определи така што на странките да им остане доволно време за подготвување, а најмалку осум дена од приемот на поканата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само да не бидеме истребени, за да нѐ маваат надвор поради тоа, така сѐ би им останало ним, би биле газди тие а не ние!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Толе се одмори кај посестримката Неда до кај ужина, Бојко и другите другари кај Босеа, та станаа, и уште со видело ги нарамија пушките и сакмиите, си го кладоа во торбите печеното мевце, мазниче,што им остана; Толе си го јасна Белчета и излегоа токму нагоре по дирите на муљазимот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите се чудеа на оваа постапка. Излезе работава не муљазимот да го бара Толета, ами Толе него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но во меѓувреме, тие беа веќ е организирани во групи, кои токму тогаш им останаа едниствениот облик на другарување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кутрите Планини, затечени в расчекор А не знаат каде им останале сенките Затоа и стојат толку огромни, врзани за јазолот на немоќта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тие двете не беа родени ороспии, ама ги поплати сиромаштијата, домаќинот ги остави и отиде да војува, ама бидејќи ја изгуби војната, од срам што немаше што да јаде, се обеси во канцеларијата на својата патриотска политичка партија, така што на овие двете не им остана ништо друго освен да се најдат на улица каде што им беше фрлен и домаќинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Доначудување немаа ни откако правта слегна и се растргна, враќајќи им го пред очи селото какво што си го знаеја, но им остана да нагодуваат каде застанала колата, додека најпосле не се досетија дека застанала пред одамна испустената и во скреби зарасната куќа на одамна изумреното и поштомено семејство Веговци, на висот над реката, речиси над село.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но уметникот претпочита да им остане поверен на симболите и на параболите, отолку на предметите и на настаните. (...) Ерик Ноло
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во кафеаните најмногу си го зборуваат јазикот на прадедовците што не го разбираат денешните Грци, а дома го зборуваат јазикот на земјата каде им останаа корените.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На многу ранети по сеќавање им остана сестра Слава, презимето не ѝ е познато.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се селеле од еден стан во друг во еврејскиот кварт Леополдштат, и во секоја улица во која се вселувале им се раѓало по уште едно дете – Роза во Вајсгарберштрасе, Марие во Пилерсдорфгасе, јас во Пфефергасе, Паулина во Глокенгасе, Александар во Пацманитенгасе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За нив нема никакво значење национализмот што се смета за нешто што си го има одживеано својот век. Тие се интернационалисти. Тие се најнапред луѓе, па после, ако им остане за тоа време, се Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А историјата нема да им остане должна, едноставно, ќе ги забележи како клучни личности во опстојувањето на театарската уметност во 21 век.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За да бидам во дослух со она што сакам да го наметнам како терапија, односно за да бидам смешен, ќе кажам дека доколку нашите театари заклучат дека не ги бидува да направат добри, лековити смешки, тогаш не им останува ништо друго освен да побараат помош, а од кој друг, ако не од - Чак Норис.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Има уште илјадници души од родот твој што како и тебе не клекнаа на колена и им останаа верни на коските на своите татковци!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Заспиваа децата со гатанките. Со нив ги залажуваа - за да им остане лебот за утре.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така, на моите читатели нема да им остане ништо друго, туку да даваат во стара хартија по дваесет килограми од Ваши дела за да добијат талон за една книга за војникот Чонкин. (Владимир Војнович)” Преводот на ВВ е извршен според едно од поновите негови изданија, појавени по неговото десетгодишно пребивање надвор од границите на СССР. okno.mk 211 Евгениј Харитонов - име што не спаѓа во кругот на најгласните имиња на современата руска проза, но тоа е име познато на (релативно) тесен круг на љубители и следбеници.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сепак, мојот оптимизам е недоволен за верба во исто толку брзата ликвидација на дефицитот од хартија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пиеше само „Дифка“ кафе, што сама си го правеше од јачмен, ’рж и слануток и никогаш не вечераше, за да им остане повеќе на дечињата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од лицата им се губела зимската мувла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По цел час очајничко сигнализирање на автомобилите и товарните камиони кои брзајќи поминуваа низ невремето, конечно ѝ се смилува возачот на еден стар автобус.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најважно е да не им остане должен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ним и нему само сликата им остана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во текот на селидбите дел од книгите на Сами му се загубија, но тој речниците секогаш ги спасуваше и им остана приврзан до крајот на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во делото и личноста на книжевниот нобеловец Ромен Ролан беа овоплотени двата движечки идеали од младоста на Камилски, на кои им остана верен и во староста: на интернационалата на духот и на панхуманизмот на Ромен Ролан и на одбраната на Октомвриската револуција, како историски напор за социјална и морална реконструкција на човештвото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така во ноќта на балканскиот покер во нашата стара куќа крај реката Татковата судбина се разграни во два правци: првин беше повикот на пријателството на Климент Камилски и потоа потрагата и откривањето на битолските кадиски списи, познати како сиџили, на кои им остана верен до крајот на својот живот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Што ќе им остане? Кого друг имаат?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И пазарот се свршува докај ужина, но нашите свадбари ќе преноќеваат и оваа ноќ, да се почестат и вечерва со тава риби, оти света Петка не дава мевце. A за винце — пак ќе се напијат, ако им остане по некој динарец од денеска, ако не, ќе запише Селчанецот, тако што запиша и Мечето од Пушмарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Единствената утеха им остана неговото сестриче Анѓа, кое како секое близначе со ништо не се разликуваше од братчето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некако чудно им дојде на дечињата, па тие знаат, дедо им остана на станицата во Гаково, остана во вагонот, ама тој таму се пикна за да ги натера сите да побегнат од тоа место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Срамота е тоа што се прави со човечкото срце!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Ех! Знам и јас... Пари им требаат! Пусти да им останат... (Чекори нервозен).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Азијат... - се насмевна Стивенс во брадата да не чуе Бонети и ја издолжи чашата да се чукне со пратеникот и игуменот; се чукнаа, но ним голтката што ја отпивнаа како да им остана во грлото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќето тие прекари подоцна се забораваат, ама на некои за цел живот им остануваат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бидејќи со молчењето одат повеќе зборови, едно време на французите им остана само да слушаат, толку што беа надзборувани и надмафтани.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш ги анатемисаа и тоа им остана до денеска.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Но должен не сакаше да им остане.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе влезат во некој кошмар и ќе си зборуваат нешто од недоветра, што се вели, што им останало врзано за душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Задоволни се од другарувањето со другарчињата од другите градови, а и чистиот планински воздух и сонцето ќе им останат во долго сеќавање.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зборувајќи го службениот јазик на земјата, македонскиот, со успешно вметнување на дијалектални финеси од кои остануваа вчудовидени самите Македонци, потоа албанскиот, вториот јазик на Македонија, па турскиот... им остана во незаборавно сеќавање на граѓаните на Рерублика Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Им остана ли слободно време, тогаш не само ќе мислат, ами и ќе размислуваат, ќе оценуваат и проценуваат, ќе судат и расудуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ним ќе им остане само да го прочешлаат теренот, да ги испофатат славо-комунистите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беа сигурни дека целата работа веќе ја завршија авионите и топовите, а ним ќе им остане да стигнат до таму и да го развеат знамето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фатија луѓето да собираат во торби и во вреќи највредно што им остана, ставија катанец на порти.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаеш, пречесен, на меропсите им остана во закон, освен што го даваат царскиот перпер, неделно уште по два дена да му работат на пронијарот, еден ден да му косат, друг да копаат во лозјето, да му вршат или збираат жито, а само она што ќе им остане да им биде нивно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)