Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Познато е дека во сите времиња, прифати Татко револуционерните пресврти биле проследени и со бројни јазични појави.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според Андре Мазон, Болшевичката партија преку туѓите зборови на своите нови институции ќе им наметне посебна терминологија, за да влијае што посилно и покомандно врз имагинацијата на новите пролетери!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Забраната на дроги доведува до огромен број убиства и кражби во големите градови затоа што создава црн пазар на кој завојуваните дилери им наметнуваат сѐ поголеми цени на уживателите, кои пак од своја страна крадат за да можат да ги задоволат своите навики.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Забраната ги поттикнува малолетниците на уживање дрога и нејзино продавање со тоа што создава подземје во кое истите тие малолетници можат да остварат таква заработувачка која е невозможна во легални услови.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но не затоа што изразувал презир конкретно кон вдовиците, ниту воопшто кон жените, ниту кон болката на вдовството, туку затоа што укажувал на начелно непочитување на сите општествено конструирани и несиметрични родови крајности, кон културниот престиж што го собираат тие што ги отелотворуваат и кон сите општествени изведби што бараат да се сфатат направо – и кои се повластено подрачје на оние што имаат власт да им наметнуваат такви барања на другите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Овие почнаа со работа. Прво им наметнаа по една алка околу гушите и ги заковаа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Па којзнае! – воздивна Арслан и се пренесе во далечното Мариово да ги гледа родителите, браќа му, сестра му и целиот тој народ како се бори против секоја сила и насилство што сака да им наметне друга вера и насилничка власт.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Смесата на позитивни и негативни повратни врски им наметнува на економистите два тешки проблема.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)