Но и токму тогаш и токму таа година од Прилеп, од Дејкови, стигна глас, им пишувал синот нивни, Никола Дејков, дека Боше Анѓелов Јанчески од Потковицата заедно со татко ѝ на чупалето што било оставено кај нив, кај Јанчевци, се најдува таму, во Бугарија, но дека ни едниот ни другиот не можат да дојдат до него, по чупалето, зашто се зафатени со револуционерна работа, па преку него, односно преку нив, преку Дејкови, им испраќаат поздрави.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Се поправи, море, откако го втеравме во Организацијата, — констатира Шаќир како на фалба, бидејќи тој го кандиса Толета да го напушти арамилакот и да се придружи со нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Битолскиот окружен револуционен комитет си ја присвои функцијата на бившиот Централен комитет и во името негово, којзнае по каква штура идеа, им испрати на сите организации едно окружно писмо, што ја застрани вистинската борба и ги расцепи и тие малку останати сили во народот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Имено: тоа писмо им наложуваше на раководствата да ги натераат сите дотогашни патријаршисти, што се сметаа за Грци, да се откажат од патријаршијата и да станат екзархисти или Бугари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шаќир ги одврза, ги преброија двајцата со Бајракот и Шаќир му ги теслими и нив на овега, кој стана и си излезе, ветувајќи им на Толевите четници дека вечер ќе им испрати човек да ги изведе од градот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- А што можам да им испратам? - одговори соседот, - панталониве да ми ги закрпат!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Подоцна на нивната маса им испрати неколку две литарски шишиња "Афро – кола", се разбира на нејзина сметка.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
„Ве молам, кога ќе се врати Луција на училиште, внимавајте малку на неа; знаете, таа е во еден вид депресија; мислам дека тешко се снаоѓа; некој од класот ја навредил со некое ливче-шеталче по класот и напишал нешто недостојно за неа; замислете, има луѓе кои и тоа го прават, па за жените пишуваат гадости; не се сите како Вас па да им испраќаат рози во песни“;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кирков, како и Орцето, во никој случај не сакал да се фотографира, Молбите на домашните да им испрати барем една фотографија за да ја имаат за спомен во куќата, не успеале.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кој од колибарите помислувал дека пред нивните колиби ќе застане автомобил, и кој се надевал дека ќе дојде и такво време, од дома да им испраќаат леб со автомобил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Зимата дуќанчето им работеше како саат и беа задоволни кога имаа што да им испратат на Мара и на Јовко, кој таа зима веќе беше почнат да оди на училиште.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа, откако се беа доселиле во куќата со Хелвиг, скоро ништо не можеше да им испрати.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На домашните им испрати телеграма. Ги извести за венчавката.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
40 На 19 јули 1940 година била формирана организацијата СОЕ. Таа била составена од три секции: СОЕ1 задолжена за тајна пропаганда; СОЕ2 одговорна за саботажи; СОЕ3 задолжена за планирање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Растислав Терзиоски, Оп. цит. 13. 36 Во периодот од почетокот на војната до крајот на 1940 година, САД на Велика Британија и на Франција им испратиле помош во вредност од 50 милиони долари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 27 декември 1944 Форин офис им испратил телеграми на амбасадорите на Велика Британија во Москва и во Вашингтон за да ги запознаат владите на двете големи сили со британскиот став во однос на македонското прашање и федерацијата меѓу Југославија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
274 Се однесува на формирањето на Првата македонска ударна бригада од Македонија под Грција на 18 ноември 1944-та во Битола. 276 На 10 декември 1944-та ГШ на НОВ и ПО на Македонија го известил ВШ на НОВ и ПО на Југославија дека им било соопштено на сојузничките мисии да ја напуштат Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие, европејците де, измерија од тука, измерија од ваму и од таму и откако видоа каде е ќарот, на Грците и на Болгарите им испратија немски цареви.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За празниците, на секретарот на партијата и на градоначалникот, Чанга им испрати и по каче висококвалитетно козјо сирење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)