Најверојатно им изгледаше како сомнителен криминалец затоа што на десетина метра од него се наоѓаше банкоматот од Апашка банка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Па сепак, на луѓето од пред само две генерации тоа не би им изгледало многу важно, зашто тие не настојуваа да ја променат историјата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Поради сево ова, на многумина хетеросексуалци што се дават во брачните води хомосексуалниот мерак по брак им изгледа како ставање трн во здрава нога.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Кај некои гледаше дека не им достасува вера во бога, дека се очаени, изгубени од овој свет, празни, безволни, и чинеше сѐ да ги охрабри, да ги исполни со топлина и љубов, да ги исполни со верба, и тогаш на таквите поинаку им изгледаше животот, поснослив.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Вака, со моето отсуство, јас им изгледав надмен и дрзок. Станаа гневни.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тоа им изгледаше излитено и непотребно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А да мачиш дете поради некакви жичени закачалки итн. никако не е смешна работа, макар на некои тоа им изгледало и така во филмот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, се трудевме да си ја нагласиме заедничката припадност во разни општествени и етнички идентитетски категории и гледавме да ги потстивнеме оние субјективни димензии на хомосексуалноста, како и оние особени одлики на машката геј-култура – збор да нема за емотивните и за еротските особености на настраното постоење – кои во умовите на многумина беа најодговорни за ширењето на ХИВ-от.
Ако геј-мажите не се чувствуваа страшно стегнати од тоа ставање во загради на емоцијата, на сензибилитетот, на афектот и на почувствуваната различност на нивните проживеани искуства, ако претежно политичките претставувања на гејството како колективен општествен идентитет во тој период не им изгледаа особено угнетувачки, тоа беше поради еден втор, посуптилен фактор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Љубопитно се распрашуваат кои сме, им изгледаме туѓи за што првпат нѐ гледаат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Другите луѓе, кои се обидуваат да ги разуверат во тоа кои тие навистина се, ним им изгледаат како завидливци кои не сакаат да им го признаат значењето, или како затапени суштества кои не можат да ја видат реалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Има луѓе на кои некои од нештата им се привидуваат со поинаков облик – еден човек гледа како облакот испружа рака кон него, една жена се плаши од дупките во тротоарите, затоа што во нив гледа отворени усти, една девојка гледа дека нејзината сосетка има глава на стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)