Кој колку сака, толку им зема на селаните, особено ако Пушмарко намириса оти се пазари за свадба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И поп Петко затоа излезе: да го дочека Ѓура како шура, да му се извини нешчо ако згрешил што им зел на децата и жената некоја пара повеќе, за некое и друго кило жито а повеќе да го пречека и да си го прибере Крчето, да му благодари на Ѓура што го доведе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Е, камо пушки, де? — праша пак оној трупар и голта топли залаци од погачата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Немаше зошто да се плашат од него, бидејќи немаше што да им земе, та еден се насмеа и му рече: — Ами, кога ме неќиш ти со тебе, шо ќе правиме, ќе му валкаме трупје на чорбаџи — Тошета, да го јадиме лебот и да а сркаме водата од граот. Море јас ве сакам внучковци, токо не ви се врзани гаќите вам — се нашегува Толе и продолжи: — Елате де да ве вида шо мажи сте?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во тоа време руското општество се занесувало со словенофилство. Тој занес им зеде околу 250.000 души војска и милијарди рубли.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не можеме да бидеме потполно сигурни ако мајката ги оставила децата без да им земе по половина од јајцата дека ќе ја задоволи правдата, ниту пак ако одлучи да остане гладна.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Коњ и јавач, кентавр со една и иста врела крв, двогрелн винопиец, пресилен за волк, за молња и за времето кое не можело да им земе толку колку што им земало на старците и на ислужените дрводелски и ќумурџиски коњи и маски.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тоа беше бетер од „фантазија”*****, од прелетување вулкан!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На кутриот бесрамник му се појавуваа ѕвезди пред очите!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Да ги отстрани сосема полека... во зависност од случајот и манијата... и особено да им земе бакшиш!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Това е и така јаде дјавол човеци, боде и бие, им зема вера и им краде ум, да не мисљат греховите и да заборават умирање.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)