им (зам.) - жртвува (гл.)

На чардакот, крај отворените книги, старите судски кадиски записи, сиџилите на кои им жртвува голем дел од животот, потоа книгите за балканските империи, од чии содржини црпеше докази за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите, Татко сега, со Мајка, како да го прелистуваше, за прв пат, пожолтениот албум на времето на нивното задоцнето брачно, љубовно патување во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)