им (зам.) - донесе (гл.)

Мештаните веднаш им донесоа храна.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓутоа другите, поуките, на кои козите им го изменија видливо животот на добро, им донесоа мир во куќите, од материјална страна, сакаа и од други причини да го видат татка ми со коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога дојде тука, на крајот од минатата година, неговата влада веќе ги беше донела подготвителните прописи: значи, на 14 јули 1941 година го обезбеди Законот за еднократен данок на еврејските имоти што Константин З. го сметаше за добар пропис зашто само во Скопје им донесе богатство од 45 милиони лева, за жал еднократен прилив; потоа на 4 октомври Законот за забрана на вршење трговска и индустриска дејност на Евреите што не донесе ништо; на 1 ноември со најтешкиот пропис, Законот за заштита на нацијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак има една надеж: се слуша дека Дедо Мраз ќе им донесе на софијанци поголема безбедност во движењето по улиците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште тогаш Брниклијата наскокна да се расправи со агите, а особено со оние пезевенци — селаните, но Толе го задржа за да се понаостри повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овие ги нарамија пушките и пак ја запејаа омилената песна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токму тој ден требаше и најстариот син на дедот Јована, Бојко, да им донесе нешто за јадење и пиење, тутунец, та дури и локумче за тие што не пушеа тутун — Најдо и Брниклијата, — и така Бојко натрапа на потерата, на која и стана сомнителен со донесената храна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но во тој момент му падна на памет есеношната случка со Толета во Мечи Дол, та реши да ги испратат со мифтишот шесте мина колџии, по двајца в село, и тие, како свои луѓе, да им донесат извештаи за положбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оние во шарените куќички под огромниот крст на врв рид си веруваат ли, веруваат дека некоја заскитана пеперутка од Андите само што не им слетала на левото рамо да им донесе троа среќа, не мора една вреќа ами сал троа среќа, а најсреќни се, се разбрира, тие кои уште од раѓање ќе си се вгнездат во некој убав сон и ним им заблазнуваат сите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тоа на жителите на Потковицата им донесе големи несреќи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Та нивна чупа побегна за туѓинец, за војник кој, сеедно што беше поприличен од другите, во Потковицата не дојде за да им донесе мир и среќа на нејзините жители.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пере Тошев, кој заедно со Бошета и со многумина нашинци во оваа војна се борел на бугарска страна, на Јанчевци им донесе две бугарски ополченски одликувања од времето на Руско-турската војна од 1887 година, едно Бошево друго од татко ѝ на Драганка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напротив, милум или силум и тој беше дојден да биде завојувач.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Милан ќе им донесе некој нов деликатес за да ја разбие монотонијата на кашата што ја јадеа и тогаш тие ќе скокаат, а тој ќе ги прекорува поради лакомоста и ќе се погрижи секое од нив да го добие својот дел од специјалното честење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кога некој ќе пуштеше глас – доаѓаат – тогаш знаеја – доаѓаат камионите и истрчуваа на патот и трчаа покрај камионите, ги молеа шоферите да им донесат свеќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во врска со ова, Стег му пишува на Делкасе: “Судењето... ќе им донесе горко разочарување на оние што очекуваа дека, по истрагата од повеќе од еден месец, ќе се откријат интересни поединости околу врските помеѓу авторите на последните атентати и револуционерните комитети.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Судењето - пишува Стег - ќе им донесе горко разочарување на оние што очекуваат дека, по истрагата од повеќе од еден месец, ќе се откријат интересни поединости околу врската меѓу авторите на последните атентати и револуционерните комитети.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пеењето ВМРО-вски песни околу накитените елки и чекањето на Бранко Црвенковски да им донесе подароци, зборува дека Дедо Мраз во нашава црна Македонија ниту имал ниту ќе има мандат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чекаа на скелињата да им донесат вар.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден од оние ситни ѕидари, кои никогаш не се одделуват од чекичот, мистријата, висакот и поличето, и на кои тоа никогаш не било во состојба да им донесе многу, сѐ до еден ден, кога...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да не пркне. Нему секогаш му беше мерено, без разлика на меридијаните, само толку, колку да се прерани и да им донесе на децата дома, кои ги имаше доста, а потоа едвај да дочека до новата градба, сеедно во кој град, сеедно во која земја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе им донесам да гризат, да рупкаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Локајте, братучеди, Арсо ќе ни донесе мезе од снаата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се наведнал кон најблискиот и му шепнал какво мезе ќе им донесе Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој, како по обичај, на помалите деца им донесе чоколада, а на Мајка букет цвеќе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чекаат и знаат дека човекот со сор им донел радост и сега, и тој сув и неподвижен, ќе распретува во себе дел на едно минато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од нивна гледна точка, ЗПЗСО им донесе поволности во делот на намалувањето на стапките на придонесите (чл. 25, 30 и 31), намалу- вањето на минималната основица (чл. 15) и воведувањето максимална основица за плаќање придонеси (чл. 16).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дури да се стори поп, како манастирски слуга поп Петко одвај можеше леб да им донесе на децата. Ама ете, го послужи среќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ке им донесам бакшиши, а тие ќе се веселат околу мене.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука во бавчата им донесоа богат ручек, алви, кадаифи, баклави, но тие слабо јадеа од слатките, ама затоа убаво се наручаа од печените јагниња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Игуменот наслушнуваше на вратата и одвреме-навреме, во паузата кога ќе замолчеа, ќе влезеше во одајата да им донесе нешто.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Војската седна да руча. Готвачот им донесе и на нив. Прво на нив, а потоа на стражарите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Татковците им донесоа многу играчки, бонбони во светликава хартија, и разни фигури што можеа да се обесат на елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не можела ништо друго да им донесе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дедо тешко можеше да предвиди какви несреќи ќе им донесат границите на потомците.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И чекаат да им стигне вечерата. Им донесоа варена пченка. Готвачот секому, со шепа, рамно им подели на сите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На пример: „Топката на Дарко Панчев ја затресе мрежата на партизановци и на црвено-црните од Скопје им донесе два бода.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Влезе слугата и им донесе ашуре на бегот и на ибн-Тајко, а тоа овој уште повеќе го зачуди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)