им (зам.) - внесе (гл.)

Тоа почесто и подолго загледување еден во друг им премина во игра, им прави задоволство, но им внесува и немир.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа нѐ поттикнува личното да го правиме стварно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи немаме никаков општествен поттик да се вљубиме и бидејќи немаме никаков сопствен стандарден, надворешен, јавен облик со кој ќе ги дефинираме и претставуваме сопствените венчални односи, мораме да ги персонализираме постојните општествени облици за да ги направиме наши.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зајмиме хетеросексуални обрасци на односност и ги приспособуваме кон сопствените цели, истовремено потпирајќи се на личното и на интимното за да им внесеме особено, своеобразно значење – да ги создадеме значењата и обредите што им даваат облик, цврстина и полноважност на нашите чувства.314 Колку се полични или поинтимни таквите начини на ополноважување и легитимирање, толку ни е помала дистанцијата од нив, толку понеиронично ни е гледиштето кон нив и толку помитски стануваат тие општествени облици и обреди. ‌Ваквите самоодобрени, самосоздадени и самопотврдени облици и обреди можат да бидат особено угнетувачки токму за оние што ги создаваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во нив нема ништо од конвенционалното и вештачкото што, општо гледано, им е присушто на прифатените или на наметнатите општествени улоги, а што му овозможува на општествениот актер каква-таква дистанција од нив, а со тоа и некаква противсила во однос на нив.315 Кога самиот си создаваш улога, немаш гледиште со лесен отклон од неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само ако ѝ се радуваме на сопствената неавтентичност, како што правеа вдовиците, ако си ги претставуваме чувствата во рувото на мелодраматичната кампска изведба, можеме да им внесеме зрно вистина.313 ‌За оние што се стремат кон достоинството на сериозноста, се разбира, секакво признание за изведбеноста на сериозноста претставувa неуспешно оверување, па затоа и губење на овластувањето, а оттука отсуство на самата сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една од сеприсутните цели на политиката на идентитетот, воопшто, е светот да стане безбеден за малцинскиот субјективитет така што погледот на јавноста ќе се пренасочи од особените одлики на малцинските супкултури, особено од сè што може да им предизвика неудобност на луѓето што не им припаѓаат на тие култури, да ги направи сомничави кон нив или да им внесе чувство на исклученост од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во типично демократизирачки кампски гест, таа ја користи за себе и за сите други етикетата „мелодраматично“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што покажаа италијанските вдовици од Фајер Ајленд, за машката геј-култура сериозното не е ништо повеќе (но и ништо помалку) од изведба на сериозност, нејзино одглумување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако геј- мажите меѓу себе држат во оптек извесни делчиња од главнотековната култура, а во таа постапка им внесуваат полнеж од нестандардни значења и врз таа основа зацврстуваат некоја заедничка култура и некој заеднички сензибилитет, тогаш еден факултетски предмет, на пример, кој ги става во оптек тие конкретни нешта исто така ќе има дејство на геј- иницијација, доколку оние студенти што сè уште не се сретнале со нив ги воведува во многубројноста на можните геј- значења што се притаени во околната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Односно, таа можеше навистина да пренесе нешто уште погеј од самиот геј-идентитет.145 Вака слично, младите геј-мажи денес очигледно и понатаму наоѓаат значење и вредност во артефактите на хетеросексуалната култура што не биле создадени за нив, но кои можат да си ги направат свои и на кои можат да им внесат разни настрани значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Планот ми е да ги разгледам фигуративните и формалните димензии на некои од главнотековните културни предмети што машката геј- култура ги присвојува и на кои им внесува настрана вредност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, за геј-мажите – барем кога не се трудат да полагаат право на машката стрејт-достоинственост – ваквите откритија не можат дополнително да им наштетат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Има, всушност, низа негеј-културни облици, уметнички дела, производи за широка потрошувачка, славни личности и исполнители на кои геј-мажите им внесуваат геј-вредност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обрастен со разно зеленило брегот е убав во секоја доба: во пролет е прошаран со цутови од секакви бои што шират опоен мирис и им внесуваат немир и возбуда на пчелите; во лето се гледаат разни плодови кои дрочат на сонцето и ги намамуваат птиците; во есен не се знае кое дрво полична боја има; пламтат лисјата како оган; зиме покриени се со бели пулајки, реси и чипки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)