еден (зам.) - црн (прид.)

Сум ставила едни црни очила и не ги симнувам од глава. Секаде се кријам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возот профуча. Од локомотивата долго мавташе една измастена рака и се смееше едно црно лице со најбели заби на светот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го зедов куферот и, една по една, ги фрлав кошулите внатре, ставив две сакоа и пантолони и ставив две кравати, а двете пак пеперутки машни, една црна, една бордо, ми беа дома, во главниот град, во С.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Единствениот жив дел од главата на поп Аркадија беше една црна мува, ѕунѕурка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јасно беше дека е ова еден црн човек кој одамна се пројавил како таков и кому сега не му останува ништо друго освен да биде наметливо опасен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)