Зборови кажани од срце, ставам на лист хартија, за да те потсетуваат на кажаното еднаш во еден миг од животот...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Во еден миг сум на твоите гради, а веќе во друг, само го барам твојот глас...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Во еден миг во салата влегол нашиот другар Моне Хенџов со ковчеже од абонос.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во еден миг викна: „Ти си обична свиња, Јан Лудвик!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Беше едно јарче, Змејко сега можеше добро да ги здогледа неговите рокчиња, израснати правугоре, а таму свиткани како куклушки кон назад, и тоа јарче потрепери во еден миг и го побара со погледот, просто како да се помачи да се оттргне од сосредоточеноста на неговиот поглед, да избега пред неговиот нишан, тоа се обѕрнуваше неколку пати, како фатено во таа смирена низа дивокози, а сосема, само и изделено од сите нив со таа неспокојност, во која беше готово уште во следниот миг да отскокне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега ги гледаше како се оддалечуваат, нишајќи се во длабокиот снег и еден миг се почувствува виновен оти толку многу го очекуваше токму овој миг кога ќе им го види грбот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оние застанаа во еден миг. Тие знаеја за него, тие сите го сеќаваа одамна на прозорецот него, но сега застанаа сигурно и од нешто сосема друго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стоеше само еден миг на таа пребликната сончевина, престегнат и бодар. Така замина, без да се обѕрнува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, во еден миг нешто направи – пак! – и балонот го снема.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)