еден (зам.) - место (имн.)

Го прашав каде ќе одиме; тој рече дека ќе ме води на едно место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ќе ти покажам едно место, - рече Бојан. - Мене таму секогаш кожата ми се ежи, кога ќе помислам...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На едно место на мапава сум нацртал круг со фломастер.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Еден волк ќе излази едно место, па ќе се притаи залепен за земјата. По него друг тргнал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поодиле внатре како кај нас и дошле до едно место од кај што започнувале да се делат штрковите по вилаетите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На едно место во подот ги растргна сите пилотни и го отвори ќепенакот. Темничина и мраз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, секогаш бил сигурен во својата рака, кога имаше со себе една таква пушка и едно место, од каде што можеше да се дофрли на секој срт.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Евангелист”, кратко одговори Беренц.  „О, сум влегол во толку евангелистичките храмови на горна Германија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Духот на едно место е целина на луѓето и на природата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред две недели, се врати оној мојон од Пловдив и ми вели: „Облечи се, ќе те водам на едно место“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не бргу, во секој случај. – Каде ќе го скриеш? – прашав. – Знам едно место, – рече тој. – Пред колку време си го украл коњов? – прашав.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти знаеш дека почнавме да јаваме ова утро. – Добро, – реков јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)