А така момчета, вели и појди кај едни, појди кај други, не куражи и благодарја ви на учението, ни вели и ние: покорно благодарим, ќе му одречеме, а шумата свети, мислиш сонцето заборавило да зајде, да се тргне од неа, а сонце нема, небото на твоите рамена се потпира и тука учевме сѐ што си има една држава за да напаѓа и војната си тера и првин се бориме со Грците и со Англичаните и дење-ноќе во окопи, со цела спрема и не смееш да заспиеш, оти ако те најдат заспан, ќе те врзат на сонце, ако е сонце, ако не е дожд, и така ќе скапуваш, 123
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А кога им велите: штом востанието е општо од сите македонски народности, тогаш зошто Комитетот заседава само во Бугарија, а не и во Србија, Влашко и на друго место, тие одговараат вака: Од тоа што комитетите заседаваат во Бугарија погрешно е да се прави заклучок дека македонските комитети се бугарски; за македонските комитети Бугарија не е ништо повеќе од една држава што им укажува гостопримство на Македонците и им дава слобода да работат слободно до колку таа работа не ѝ нанесува штета на државата, т.е.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)