Го китеше на Велигден со разни китки од предено; му сплете и убави шарени калци; му ја навеза ќурдијата; му ја чешлаше дури и косата претставувајќи си го секогаш своето братче Ѓелета.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Додека, гостите сласно си ја дојадуваа пастрмката, беа обземени од планови за иднината, имајќи го секогаш Езерото на прв план.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Не ми се допаѓа тој ваш Иван Степанович па ако сакаш фали го секогаш кога ќе дојдеш кај нас“, му се свртив и на Анатолиј, иако Анатолиј навистина имаше право да молчи и да ѝ ги крие нозете на змијата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
— Тие веќе знаат дека сме вадева, но точното место ошче не им е јасно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ти, Пере, не можеш да дишеш ако не зајадуваш, — го опомена Гарванов, заштитувајќи го секогаш и секаде својот побратим Сарафова.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)