го (зам.) - сега (прил.)

Чекореше со една изострена готовност во секој свој долг и рамен чекор, сеќавајќи го сега наеднаш во сета негова полна стопленост и понесеност потсветнувањето на секое влакно во своите мускули.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еве ми го сега на спиење. Од кај знам кој е. Можеби убил., Можеби бега да не го убијат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Избега и еве го сега овде во оваа осамена колиба ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Донеси го сега јајцето, вели Григор Бакалот, и донеси ја урката со јајцето. Сега ќе амкаме, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тој седна крај шанкот. „Шунка и јајца“, ѝ рече на девојката „Кафето донесете ми го сега.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Па затоа малку трапаво рече: - Остави го сега срцето! Елена не одговори.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа тој така жедно го чекаше овој септемвриски ден кога се отвора гимназијата, и еве го сега рано кај се шетка горе-долу покрај Боцевата берберница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Погледнете го сега. Нашето село го престориле празен пејзаж.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)