го (зам.) - повторно (прил.)

„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Меѓутоа, еве го повторно на припомош Сјоран.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зарем Бургиба ја немаше историската шанса, како и многу други владетели, да ја предаде својата мисија, раководењето на Републиката, на друг владетел, почитувајќи ги демократските принципи, со кои се раководеше тогашна Француската република, чиј ученик беше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Беше секогаш во нејзините мисли низ целата екскурзија и еве го повторно токму сега кога и најмногу го посакуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)