го (зам.) - малку (прил.)

АРСО: Море, Теодосе, пушти го малку срцето!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го ослободи Винстон, поттурнувајќи го малку кон стражарите. „Соба 101“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ТЕОДОС: Јас ли сум за веселба! Јас сум за жалење и плачење! (Се удира очајнички со тупаници по главата.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Подзатреси го малку, подзабриши го и — рускај, млезгај, ко зајаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашето лачење на информации е такво што ги загадува и горните слоеви на менталната атмосфера со своите нераспадливи отпадоци, уништувајќи го малку по малку видот на Белов (Bellow) ремен којшто нѐ заштитува (слично на целосното распрснување на тајната во вештачката интелегенција. (238) Се вели дека глупавоста е навреда, но мислам дека објаснението е поголема навреда.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
— Подајте ми го малку в раце, велам, да ми подише под гушава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стегни го малку и вода ќе ти прокапе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)