го (зам.) - веќе (прил.)

Татко, сепак, на крајот, се вратил на Балканот не исполнувајќи го веќе никогаш мајкиниот вечен сон.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Донеси го веќе тој ден судбоносен избави не од проклетијата вечна избави не Господе од овој коњушарник стадото не може повеќе да чека
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Очите му се искривија и пашата просаска, не слушајќи го веќе и не чекајќи да заврши гласникот: - Сиктер!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ИВАН: Не само поради тоа. Најпосле, заборави го веќе еднаш сето тоа. Не мисли повеќе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И ете го веќе во своите дваесет и три четири години, дотера до ага. My се допадна на Мехмеда уште со првата средба и овој го зеде под рака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Не споменувај ми го веќе покојниот Симон Наконтик, го прекинал Наџак-Јанко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Лук, ракија. Можеби навистина некоја чума со црни нокти му ја извадила од грло душата на ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)