го (зам.) - сопствен (прид.)

Настан е неговата најпозната драма, полна со сите оние елементи по кои се познати и неговите романи и кои и денес го прават посебно (пост)модерен: автореференцијалност (интерактивност, дури!), хумор совршено избалансиран и кон надвор (предизвикувајќи миметички впечаток) и кон внатре (расчленувајќи си го сопственото дело!), една интелектуална отменост. совршена едуцираност. голема визуелна култура (некои сцени во Настан го предвестуваат поп-артот на Линхенштајн. на пример!), минуциозно водени дијалози, необично впечатливи дидаскалии...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Агниното бласфемично сведочење е насочено против човекот кого целиот живот го поддржувала, премолчувајќи го сопственото мислење, и со тоа посредно учествувала во појавата на она коешто подоцна го критикува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Градејќи го сопствениот идентитет како непосредно визирање со сондата поетесата Олга Наумовска со изразот на лириката , суптилна, со нагласена естетска нишка гравира еден спектар на судбини, поетски пронаоѓања во срцето, во душата, во сопствената големина, но и во големината на другата имагинарната страна.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога се одделив од семејството, формирајќи го сопственото, не отстапувајќи од правилото по завршеното средно училиште да се даде извесен влог во семејството, се вработив како новинар и продолжив, од своите хонорари кои ги добивав, да одделувам за моите родители.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)